Немам никаква корист. Ептен е комплицирано, со едниот сум 7 години тоа личи на врска брат-сестра и е по желба на мајка ми. Другиот е обратно, се јас што сакам.
Штом е врска брат сестра и си го сакаш како брат, раскини му. Јас не можам да уништам живот на некој што го сакам како брат, поради туѓо влијание. А ти баш тоа и го правиш, му го уништуваш животот.
Сум пробала преку 100 пати да раскинам, се заканува немам на кого да се обратам. Моите се на негова страна. Имам реферати пишувано за ова, и тема отворив Токсична врска со родител.
ако стварно немаш чувства кон него а тој ти се заканува еве едно бројче да свртиш за помош 192 и ќе си пријавиш ќе го соберат на муабет малку во станица, ќе му пишат една пријава и после како бајче ќе биде...ич да не му ја мислиш оди таму кај што ти е срцето
Ама баш ништо нема да направи во полиција. Не се замараат со вакви работи. Тек ако има физички напад ќе се замараат. Тие едвај за други работи се замараат, а не па за ова.
Ми текна неколку пати, ама неговите се влијателни луѓе чисто се сомневам дека ќе смени нешто. Чекам да завршам факултет, да си имам работа и свои финансии и раат од умот. Се додека ме финансираат моите ќе ги трпам.
значи и те како се замараат и за телефонска закана можеш пријава да си поднесеш, од искуство ти кажувам па да ги видиш во станица како од два метра мечки во мали мачиња се претвараат...
Знае све он, што може да ми рече да го истепам и да те земам со мене. Не сакам така не сум сељак и го држам на дистанца.
Си ги нашла муле до муле.. На вториот не му смета да легнуваш со друг .. На тебе не ти смета да си со двајца.. На првиот памет му фали .. знае ли дека си со друг? Кажи му и на него дека не го сакаш и сакаш друг Ти не си ни за едниот ни за другиот ако не си способна да стоиш цврсто на земја..
Не е она крива што не може да се откачи од првиот. Ако не му е јасно и у ваква ситуација кога она има друг дека е време да се тргне не знам шо друго треба да направи цурава..
Па изгледа не му смета знае дека не го сакам веќе сум му кажала во лице. Мене да ми рече некој не те сакам веќе, ќе си заминам. Не знам што да направам освен да бидам трпелива. Не е толку едностсвно како што викаш.
Уште колку имаш до крајот на факултетот? Дали нешто те спречува да почнеш и сега со работа? Мислам дека се наоѓа лесно и за студент, ама зависи колку си подготвена да ризикуваш. Друга работа, никој не те тера да правиш нешто што не сакаш. Ако првиот дечко не го сакаш повеќе од брат а врската ви трае седум години и сето тоа поради твоите родители, мислам дека е време да ги земиш работите во твои раце и да разговараш со родителите, уште безброј пати ако е потребно. Се работи за твојата иднина, не за иднината на твоите родители. Ништо нема да ти направи, куче што лае не каса. Сега уште нешто ќе те прашам, без да ме сфатиш погрешно затоа што немам лоша намера. Дали првиот дечко е оној на кој си му праќала слики од тебе, знаеш за какви зборувам и се плашиш да не ги испраќа затоа што ти се заканува? Ништо нема да ти направи, не се плаши, ехе, така само сака да те држи во раце, а и да се обиде, секогаш тука е пријавата.
Абе ајде Џони, како не е крива? Сериозно ти ова? Секој од секого може да се откачи ако сака. Не зезај не сме 10 годишни деца, зрели сме.. Ако сака да се самоубие нека се самоубие. Ако ми се заканува ќе го пријавам во полиција, ако крене рака на мене мајка му нема да го препознае...итн итн.. Зошто изговори не ми е јасно? Едноставно е. Ако те покани да излезете - нема да излезеш. Ако ти ѕвони - еднаш ќе кренеш и ќе кажеш дека е крај и веќе нема да кренеш. Ако ти се заканува дека ќе се самоубие - остави го нека се самоубие...куче што лае, не каса. Ако ти се заканува со нешто друго - слободно пријави го во полиција. За се има решение, освен за изговорите.
@thequeen95 А како тоа по желба на мајка ти? Со сила те тера да си со него? Каква корист има ако си ти со него? Можда си пишала некаде,немам видено
@bicycle уште една година до крај, медицина сум немам време ич, верувај. Инаку да, тој е ама нема шанси да ги праќа, во тоа сум сигурна и не се каам што сум му праќала. @Dust Се заканува со нешто друго, кај што најмногу ме боли. Не си сосема во право. Јас покрај него, дома имам токсични родители со кои се расправам секојдневно. Се закануваат и тие цело време, ме фатиле на страв. Многу е лошо кога немаш свои финансии. Ако не те мрзи почепкај во темата “Токсична врска со родител” може ќе ти биде појасно, не можам да раскажувам пак тука.
Зашто неа и одговара. Си има таква визија за мене да бидам со човек од фамилија, успешен, богат син единец Јас сама си го одбрав тоа да, ама имав 16 години и не знаев што сакам. Сега имам 23 и гледам дека не штима. А мајка ми е раат и среќна.