Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На две столчиња не се седи?!

Дискусија во 'Врски' започната од lylaby, 20 март 2010.

  1. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    Како поинаку да му докаже ? Секој нормален ќе сфати каква е ситуацијата кога ќе се случи нешто вакво, ама со ненормални не можеш да се разбереш.
    И пак ќе речам дека она не е крива. Крива би била кога би одела паралелно со двајцата а они да не го знаат тој факт. Вака, кривицата е исклучиво у тој што не сака да ја прифати реалноста и форсира на сила нешо шо очигледно е само фикција у неговиот мозок.
     
    На piksooki и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  2. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.795
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да почнеш нова врска, прво ставаш крај на претходната. Поголем факт дека е она крива - нема.

    Зошто при здрав разум да почнувам нешто ново, ако не сум способна да ставам крај на претходното?!

    Ако се заканува со слики како што спомна членката погоре, тогаш не знам што чекаш а не го пријавиш?!
     
    На cresa-jagoda и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.008
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Машки
    Кажи му на првиот дека имаш друг и дека со него си цело време.
     
    На Nightwish11, cresa-jagoda, SummerGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Машки
    А како да заврши ако не може да се заврши, читаш и сама по форумов а и во реален живот какви лудаци постојат. И она треба 10 години од животот да ги изгуби у расчистување на врска што веќе не постои?
     
    На Nightwish11, Mantub, thequeen95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Кaжи му јa целa вистинa, кaжи му не сaмo штo не гo сaкaш туку имaш и друг и гo сaкaш другиoт.
     
    На cresa-jagoda, SummerGirl и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  6. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.008
    Допаѓања:
    4.471
    Пол:
    Машки
    Ми го зема зборот од врв на јазик.
     
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.409
    Пол:
    Женски
    Te прочитав во темата и доколку немаш ништо против би го поставила мислењето овде


    Си избрала прилично тежок факултет. Се надевам дека ќе го завршиш со време и дека ќе најдеш добра работа.
    Инаку, да сакал да направи нешто ќе направел до сега, верувај ми, не е така лесно да ги изврши заканите.
    Исто и знам дека не ти е лесно, моја другарка имаше сличен проблем со мајка и,исто и на медицински факултет, мислам дека пишував еднаш низ темите за нејзе, мајка и чуден тип на човек. Еден ден и дојде преку глава го напушти факултетот, си најде добра работа, ги среди проблемите и сега застана на нозе, како така, во иднина повторно ќе продолжи со студирањето но сега мирот и е најважен.

    Извини на речник ама да се пљукнам во школување, малтретирање и условување од секоја страна ако немаш мир само поради мир во куќата и среќата на родителите.
    Јас би се одлучила за сопствен мир, не за стресови секој ден. Еден ден родителите ќе ги нема а ти ќе бидеш полна со комплекси затоа што не си го решила проблемот на време.

    За вториот дечко, не знам што да ти кажам, не ви ја знам ситуацијата и меѓусебниот однос. Јас би го дистанцирала скроз додека не го решам проблемот дома и со првиот дечко.
    Ако не можеш со мајка ти, разговарај со татко ти, побарај подршка од негова страна, како за почеток.
    Или зборувај со некоја блиска роднина околу твојот проблем, во најлоша ситуација побарај мислење од стручно лице, ама те молам, не смееш да живееш таков живот, млада си, 23 години, не заслужуваш стрес на тие години.
     
    На Nightwish11, Milobebence, piksooki и 7 други им се допаѓа ова.
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    На piksooki, ane.bella и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  9. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Фала ти:hug:
    Ќе се потрудам.
     
    На Nightwish11 и bicycle им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    Не си била во моја ситуација, никогаш и да не бидеш.

    Кога си несреќна, под притисок, буквално пред работ на депресијата, си бараш разонода, односно светла точка.
    Тој се појави баш кога најмногу ми требаше.
     
    На Nightwish11, piksooki, Angie1432 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.716
    Допаѓања:
    14.520
    Пол:
    Женски
    Те имам читано во другата тема,тебе иницијален проблем ти се родителите т.е мајка ти,кога ќе го решиш тоа лесно ќе се ослободиш од дечкото,пресијата ти е од домашните,тој е небитен.
     
    На Milobebence, piksooki, Роберт 7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.505
    Допаѓања:
    201.488
    Пол:
    Женски

    Ништо не е до толку вредно за да си го зацрниш сопствениот живот. Штета што мислиш дека немаш моќ да направиш ништо. Имаш, само ако сакаш. Не се чувствувај должна на родителите (мајка ти), ако тие мислат дека можат преку тебе да си го живеат животот, тоа е затоа што ти им дозволуваш. Следен пат кога ќе ти спомне нешто, кажи и да престане да го живее сопствениот сон преку тебе. Најлошо нешто што може родител да му направи на дете е токму тоа, преку него да ги остварува своите соништа и амбиции. Може да прекинеш, како што реков, само ако сакаш. Што е најлошото што може да се случи? Да те избркаат од дома? Сигурна сум дека може одма да најдеш работа и стан.
     
    На Nightwish11, Milobebence, piksooki и 8 други им се допаѓа ова.
  13. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.216
    Допаѓања:
    25.779
    Пол:
    Женски
    Дa ти бев пo блиску ќе те земев дa пoживееш сo мене дури дa зaстaнеш нa здрaви нoзе, сериoзнa сум не се зезaм :)

    Знaм декa не е леснo дa се oткaчеш oд некoј штo немa рaзбирaње и сaмoпoчитувaње.
    Пoминaв низ нештo сличнo сo мoјoт екс, сaмo штo ние бевме 13 гoдини вo брaк плус дете.
    Ене гo 4гoд. пo дoцнa уште не е сaмoубиен, иaкo нa секoе мoе oвa веќе не oди си ги збирaм пaртaлите и крaј тoј се вo сoлзи и липaње зaминувaше дa си гo oдземе живoтoт :x

    Зaстaни првo здрaвo пред твoите и кaжи им твoј живoт и ти oдлучувaш кaкo и сo кoгo ќе гo живееш.
    Штoм гo решиш прoблемoт сo рoдителите, дечкo ти е лесен прoблем.

    Те имaaт земенo нa стрaв и зaтoa буквaлнo ти гo кoнтрoлирaaт живoтoт.
    А и чистo се сoмневaм декa би те избркaле oд дoмa.
     
    На ku4ence, Nightwish11, Milobebence и 12 други им се допаѓа ова.
  14. elenaxbbg

    elenaxbbg Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    970
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 И на крајот ти ќе живееш со него не мајка ти.Нејзе ако ја прави посреќна ќерка и да е несреќна,но да е омажена во ,,угледна фамилија" отколку ќерка и да е среќна но со човекот кој го сака,не гледам причина зошто ти би и удоволила?
    Не мисли од денес за утре.Цел живот имаш пред тебе.Подобро стави крај со време отколку да се мачиш цел живот.
     
    На Роберт 7 и bicycle им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    @thequeen95

    Дали си размислувала за опцијата да ги откачиш двајцата и почнеш сѐ од почеток? Зарем не си уморна од олку драма на овие зрели години?

    На мајка ти ќе ѝ кажеш дека сакаш време за себе, ќе се дистанцираш и готово. Научи се да бидеш малку независна. Година - две single не би те убиле. Напротив, би те созреале како личност, и би те научиле цврсто да стоиш на земја зад своите ставови, соништа и интереси. Од каде знаеш, можеби меѓувреме ќе се појави некој уште подобар.

    Едит - Дали некој од овие двајца ти ги прати фотографијата во јавна соба, смее да се знае? Ако не сакаш да пишеш, во ред е.
     
    На ku4ence, Milobebence, smooch и 8 други им се допаѓа ова.
  16. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.865
    Пол:
    Женски
    @Nigredo Odor Да, тоа е најпаметна опција. Барем 2-3 месеци ми треба мир, да бидам малку сама да видам што сакам, дали ќе ми недостасува нешто и да си ги средам мислите.
    Не е лесно изводливо, мајка ми иде некогаш и во мојот стан ( студирам во странство) и седи со мене по една недела, ама ќе се потрудам.

    Само на едниот сум му праќала. Мои приватни слики немаше во јавна соба, само од инстаграм. Не би ги пратил на никој никогаш, во тоа сум сигурна.
     
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Taa една недела додека е со тебе во стан гледај повеќе да излегувате заедно, да ја ангажираш со некои активности, за да не те замара со глупави прашања кога ќе и кажеш дека е завршено меѓу вас. Постојат начини, не е ништо тешко. Само треба добра комуникација.
     
    На bicycle и DAngel им се допаѓа ова.
  18. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    Добро бе не разбирам, во кој век сме 15-ти па родителите ќе ги слушаш дека мораш да бидеш со тој што ќе ти кажат тие па макар и да страдаш несреќна?
    Какви родители се тие?

    2020 година сме никој не може да биде нечија сопственост нити да му наредува некому што треба да прави па макар и да е родител.

    Па не дозволувам моите родители да ми наредат да го јадам јадењето што не го сакам а не да бидам со маж што не го сакам каде го има тоа?
    Какви закани какви влијателности жити се? Не ми се верува дека го читам ова!

    Фала Богу не сум се нашла во ваква ситуација но имам многу блиска личност која се наоѓа и знам низ што поминува.. Не може да му се скара на дечкото бидејќи оди со него веќе 10 години, од срам пред нејзините и неговите, и се нашол во животот на многу начини а ваму има тајна врска со некој во кого е вљубена...
    Застани бре исправи се, кажи му не те сакам и готово, како може некој да прифати да биде со некого и покрај тоа што него ич не го боли таквото за него? Гордост малце, достоинство нешто имате?

    Животот е премногу краток да бидеш несреќна во врска со некој оти ти било жал да му се скараш, да не го повредиш.. Нека биди повреден бе, нека жали нека се треска од земја, ми е гајле, мене ми е поважно јас како се чувсвтвувам..
    Утре можи ќе ме нема а последните денови сум ги потрошила со некоја кристална вазна плашејќи се да не се скрши |(
     
    На cresa-jagoda, bicycle и christinnn им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.933
    Пол:
    Женски
    Аман луѓе колку немате разбирање.Девојчето убаво напиша дека ситуацијата е комлицирана и дека добива и закани и има секојдневни кавги со родителите и доаѓате тука со коментари : зошто ја слушаш мајка ти?зошто не му раскинеш?
    Ко да не живее така таа 7 години и не знае дека било толку едноставно само да рече "раскинувам" или "мамо ајде не ми кажувај".
    Со таков токсичен однос од страна на мајка + финансиски зависна од нејзе не би ме чудело и на улица да ја остави.
    А тој дечкото наместениот ваљда и тој не е скроз добар штом не знае да сфати дека оваа не го сака и у фаца му го вика тоа, а овој почнува со закани и уцени зашто очигледно си има врски и знае дека она нема моќ.Уште на тоа додадете дека мајка ѝ е на негова страна и не си го ни слуша детето, туку само гледа да ја омажи во добр куќа....сама е против сите и како наеднаш да се тргне од сите нив? Мислам дека моментално би се извлекла единствено ако го остави факултетот и почне да се осамостојува финансиски, а за тоа ем треба време ем ќе повлече дополнителен притисок од мајка и може и разно разни проблеми.
    Како што сфатив имаш уште една година од него.Искрено ти посакувам сѐ да си завршиш на време и најбрзо што може да дипломираш за да почнеш да си создаваш свој живот.Се надевам дека имаш поддршка барем од дечково (вториот) што ти си го одбрала.
     
    На ku4ence, christinnn, Purplelilac и 5 други им се допаѓа ова.
  20. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.759
    Допаѓања:
    2.064
    И значи чарето е помири си се со судбината, седи ќути и трпи. Така ти било пишано. А утре кога ќе се омажиш за него и веќе ќе станеш официјално "негова сопственост" бидејќи нели така си оди тоа, и ќе ти забрани да излегуваш од дома и ќе те ака од ѕид затоа што си го погледнала продавачот со друг поглед или си облекла краток фустан, тогаш пак ќути, не можеш туку така да ја решиш ситуацијата, комплицирана е.
    Тогаш мајка ти ќе ти рече, маж ти е сега слушај го него, како ќе ти каже тој така или ќе ти рече ќути ќерко богато се омажи, тоа што те малтретира е од љубов.

    Мора еднаш да се стави крај и да се пресече, колку повеќе одолговлекува толку полошо станува. Колку што е проблемот во мајка и, и дечко и, толку е и во неа што дозволува да го трпи сето тоа. Многу е лесно, ите како е лесно да се реши сето тоа, ако се сака вистински!
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.