Иако веќе имаме тема за дијалекти, еве друга која сепак се разликува од првата. Пишувате збор, стих или строфа од песна, цитати.. (било што) на литературен македонски јазик. Форумџиката/форумџијата под вас го запишува истото она што вие сте го напишале, но на својот дијалект, и секако пишува нешто ново за следната/следниот форумџика/форумџија. Да почнеме со една позната македонска детска песна. „Боби баш ми е гајле, нема да плачам по тебе, нека сум нула но ти си едно разгалено петле.“
Боби море шо ми е гајле, ево се откорнав од плачење по тебе. Можит јас сум нула ама ти си едно расп*дено петле! Реченица за наредната форумџика: "Кога жената тргнува на шопинг прво нешто што и’ паѓа на памет се чевлите."
К'д жената оди на пазарење првата работа шо и текиње се кондуриите!!! За следната форумџика: "Прво исчисти си го твојот двор па потоа гледај во туѓиот"
Кога приметив дека не сум напишала реченица ми помина времето за редактирање,ах пуста јас Еве ви реченица Животот е убав ако знаеш како да го живееш.
Животот е убав, ак знајш как да го живејш! "Понекогаш луѓето посакуваат да се среќни, но она што не го сфаќаат е дека тие веќе уживаат во самата среќа."
Понекош љуѓето сакет да се среќни, ама не сфаќет дек веќе уживет во самата среќа. ...Она што ми краде здив, тоа што ме прави жив, сега го нема... Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=YtgwrfTvPJY
Оноа шо ми краде здив. тоа шо ме праи жив, с'к го нема. Да можам бар да те прегрнам, да несе сеќавам на студој есенски.....
Да мога бар да те прегрна, да не се сишчам на есенските студове леле ама е смешно Не за кого е печено, туку за кого е речено!
Во претходниот пост грешка сум направила. не се* Не за кој е печено, туку за кој е речено. Ако си направил добро- сокриј, ако ти направиле добро- раскажи.
Ак си напрајл убо - скри, ак ти напрајле убо - раскажи. Што е тоа, во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи...
Утвор ми го срцто за да не ти флезум су се врата Иако не сум бил во Африка имам чувство дека таму живеам.
Не сам бил у Африка, ама иам чуство како там да живеам. Сонам влажни улици, ме водат до тебе, до твојте зеници,ко огледала.
Сонувум мокри улици, ма носат ду тебе, ду твојте зеници, кути огледала Што е тоа воа лугето тажно, да живеат во животи туги?
Шо е то во љуѓето тажно, шо живеет во животи туѓи? Не e тешко да се пребарува на Гугл, проблемот најчесто е да се најде тоа што ти треба
Не е тешко да се пребаруват на Гугл,проблемот најчесто е да се најт то што ти требат. Сам сум во ноќва тивка и сонувам со очи отворени,го слушам твојот шепот мил...
Сам сам у ноќта тиха и сонувам со очи отворени,слушам го твојо мил шепот. Некогаш и негде ќе те сретнам пак,крај мене ќе блеснеш ко светулка во мрак...
Некад и негде ќе те сретнам па, кај мене ќе блеснеш како светулка у мрак. И најдолгиот пат започнува со првиот чекор.