Кога сум со него ми е секогаш убаво, или со мојата најдобра другарка и дечко и, има многу смех, а посебно кај него во нашата соба ми е најубаво
Кој ме натера да ја отварам темава, башка и во ПМС сум и премногу ми фали Со него секаде ми е најубаво... Ама најубаво ми е во една мала соба, јас дремам во неговиот скут а тој ми раскажува случки од детството и ме гали по косата, од време - на време ќе ме бакне на чело и пак си продолжува со раскажувањето тогаш посакувам времето да запре. или пак... Гушнати под ќебенце и молчиме, не оти нема што да си кажиме, туку затоа што уживаме во тишината и мирот, и среќата знаејќи дека сме еден покрај друг!
Не е важно каде, додека сум со него не е битно на кое место сме, секаде и секогаш е убаво. Како што го знаеме сите она, Не е битно каде си туку со кого си.
На една клупичка кај кејот во Аеродром. Таму првпат седнати ме бакна, а по некое време ме праша и дали сакам да му бидам девојка. Често седиме таму и се присеќаме на тој ден.
Си имаме една клупа онака „скришна“, си имаме кафемат и најбитно - надвор од цивилизација, убо со дрвца опколено, со зеленило. Си се чувстувам таму онака сигурно, убо. Навикната сум таму да си седиме многу често, скоро секогаш со кафенце и се то
Со него сегде ми е најубаво. Имаме едно посебно место близу железничка станица и таму седиме често, истотака и кај него дома си се чувствувам посебно.
Моментов кај него да сум и така гушнати да заспиеме да одморам душа. Ммм топол кревет, прегратки, бакнежи и убав сон. Филм и тие работи друг пат . сега ова ми се сака хаха
Секаде ми е убаво со него, но најубаво ми е кога сме сами некаде. Дома кај него или кога се возиме. Порано кога бевме другарчиња убаво ми беше и кога излегувавме заедно или кога одевме на кафе.. Пијаница бев тогаш и сега срам ми е ,па не сакам баш да излегуваме..
Iskreno..na koe mesto i da sum ke mi bide ubavo so nego..koga sum vo negovata pregratka-tamu mi e najubavo.