Дајте објаснување зошто- вака не е интересно да ставате само слика од овошјето Еве мене Есперанца ме потсеќа на боровинка- затоа што живее во таков предел, убав, планински, и е специфична по вкус
Сесилјо,си ја бараш бељата!Што е со тие што ништо не кажуваат на форумов за себе,а пишуваат тука?! На нектарина!Зошто нектарината е депилирана праска уствари,а ти си една од ретките која со бујна страС е на страната на шеќерната паста,многу ја поддржуваш и ја применуваш,па и пилингот после тоа и претпоставувам дека си мазна ко нектарина! За сочноста не можам да коментирам,ни треба машки коментар!
Лилит, ај да не продлабочиме за сочноста Ти ме потсеќаш на кокос. Однадвор тврд, не можеш убаво да дефинираш што е, и дали се крие нешто внатре, се мачиш ама ептен да го отвориш и ако не знаеш како има да го трескаш цел ден од земја и пак ќе биде тврд, ама ако успееш да најдеш начин, тогаш внатре наидуваш на пријатен мирис и прекрасна белина. Менди лејн, бидејќи веќе го пишав постот за Лилит еве ќе го пратам, а ти, бидејќи не те знам добро, а името ти е мило, ме потсеќаш на јаготка, онака на прв поглед делуваш убаво
На малина, толку нежна а толку вкусна и впечатлива, треба да ја береш со внимание и посебна љубов, а богами ако не знаеш кога да ја береш знае да биде и кисела (темава инаку вришти од двосмислености и во таков случај и перверзии али ај, мажите ќе ги израдуваме барем)