Изгледа само мене можат да ми пречат вакви работи, ама јас кога си играм сакам да биде како што треба бе Ај од сега само ќе лепнувам слика, онака кое овошје ми текне тоа, опис не е битен, битно е моето име да биде последно, мислам, wtf? oнака, ми текна на слива
Кажи им Сеске бе кажи им! И јас сакав истото да го пишам, на пример не знам Јипман таму шо слика стави - и сеа јас неам поим зошто сум кајсија, или нектарина или шо и да сум. Влакнеста ли сум шо ли сум, или сум тврда ко коската, или сум бледа, или кисела каква сум Сесилија е за мене, шумско овошје, не можам едно да одвојам. Таква е слично на Фирлес, треба грижливо да ја берете а потоа ќе ви се заблагодари со нежен вкус и топење на јазикот, оставајќи малку киселкав тон за оние кои не обичаат шумско овошје. А за тоа дека е посебна говори фактот дека не го пронаоѓате билокаде и треба да се намачите за да го пронајдете! А богами ретко го има. Не е овошјево јаболко да речеш. Шумско овошје, тоа е за мене Сесилија Не најдов поарна слика ама и оваа ќе пројде - ете колку си посебна, човек да посака да те стави у дубоко....овај у замрзнувач де
Phyramide eве на што ме потсеќа Од проста причина што потекнуваат од Египет,а пирамидката ме асоцира на пирамидите во Египет
На зрела крушка, перфектно оформена, како и самата Магнолија, според чии мислења дојдив до заклучок дека е една прекрасна зрела девојка, со цврст карактер.
Секогаш кога ја читам Анастасија, ме потсетува на лилијакова боја, на нешто благо ама помешано со кисело.... и сфатив, тоа е слива, поточно на слатко од слива. И ми мириса на неа, со некои примеси на капина. Чудно, но вистинито.
crno grozje sekoe zrno razlicna prikazna, bas ko sekoj nejzin post, a crno zatoa sto crnoto grozje e poslatko
кога ќе се каже марама помислувам на молчелива личност,мирна и аљубена и секогаш ме асоцира на црвено нешто и благо а тоа е само јагодата,црните точки на неа се нагризувањата од малите проблеми кои ги има,ама во суштина блага и пријатна особа