Феминки,имам проблем,мене ми е кратка косата до рамења,а последен пат ја ишишав пред 5 ипол месеци.Сакам да ве прашам дали ќе биде нормално сега да ја ишишам или да почекам уште малце?!
Да, да чим си ја шишала пред 5 месеци повеќе од доволно време поминало. Косата мора да се скратува на секој месец-два по 1 сантим минимум. Колку почесто ја шишаш толку повеќе ќе ти расте и поздрава ќе биде. Исто така за побрз раст на косата можеш да пиеш Б комплекс вистамини. Б витамините ги врзуваат протеините, а влакното е составено од 80% протеини.
Најправилно е на месец/два зависи колку се негува косата и колку се гори.Ја да би можела би одела секој месец на фризер на кратење по пола/цел сантиметар.Ем ќе си ја задржам горе доле должината ем ќе си имам убава коса со нерасцветани врвови. Мај дрим. Инаку се шишам на 3 до 5 месеци разлика кога како.Ај кога збориме за фризер,коса и то видете ја сликава Womans
најправилно е на еден месец,одберете си датум во месецот на кој стрикно само на козметичар и фризер ќе одите.
Јас ја шишам на 3 месеци од прилика, иако знам дека би требало почесто. Ама не ја фарбам, во лето не ја ни фенирам, па не ми се оштетува многу. Туку сега сум во дилема - веќе сум за шишање, ама не знам дали да одам сега, или да почекам до после одмор. На одмор доста ми се оштетува од солената вода и сонцето, па не знам дали е подобро да отидам со тазе шишана коса, или да почекам, па кога ќе се вратам да скастрам се што е оштетено. Или и пред и после одмор. Инаку со должината немам некој проблем, и да ја шишам два пати, и да ме скастрат повеќе, сеедно ми е, важно ми е да можам да ја обликувам лесно, а фризерот секако знае како да го постигне тоа
зависи кај кој фризер одиш искрено мене паника ме фаќа коа одам на фризер па некогаш и сама се потстрижувам. побарав степен од коса долга до појас а не краток боб.... а совет за ова после одмор поубаво...
Мене ми имаат кажано дека треба на 1 месец.. најправилно било така, иако не ја практикувам таа навика..
Нема правило, ниедна коса не е иста. Се зависи од структурата на влакното и од тоа како ја третираш. Нормално е ако се фарбаш, бланшираш, пеглаш и фенираш дека треба почесто да се крати. Колку и да користиш заштитни тракатанци за коса, не може да имаат 100% ефект. За летно време јас би рекла после одмор шишање, затоа што многу се суши од сонцето и од солта ако одиш на море. Таман ќе си ја освежиш косата
Јас се шишам на 3 месеци.Стврорив некоја навика да е фенирам после секое миење косава,и тоа многу е оштетува. И морат на понабрзо од 3 месеци да се шишам :\
Еднаш во месец Јас ја сечам само 3-4 пати во годината,а знаеш колку ми е долга И нема врска што јадеш и пиеш,се е до влакното на косата Или имаш густа или имаш тенка коса.
На месец/два шишање ако сакате косата да ви стои иста цел живот. Ако сакате да ја израснете ќе си се шишате на повеќе време. И нормално минимално пеглање, фенирање итн. Јас две години ја растам и во тие две години само 2-3 пати ја шишав по сантиметар/два најмногу. Имам сега малку расцветани врвови, но уште малку да ја дораснам па потоа поредовно ќе ја кратам.
Таман ќе ми порасне, дошло време за шишање. Јас лично ја шишам 2-3 пати во годината т.е. кога веќе врвовите ќе ми бидат стварно суви. И секогаш ми ја крати ама буквално колку што ми пораснала. И пак сум на истата должина! А ако ми ја скратат помалце џабе е, оштетеното си останува. Пред две години ја шишав на секои два месеци, прво не ми растеше побрзо тоа е глупост и нема зошто да расте побрзо ако ја ишишаш, може така да ти се чини затоа што кога е многу оштетена и да порасне врвовите се кинат па изгледа ко да не расте. Не користам пегли и такви ствари, ама ја сушам со фен особено кога ќе залади малце. Сега моментално ми е над гради, сакам да ми биде малце под гради, ама стварно не знам како да го изведам тоа
Крати ја поретко, и кога ќе ја достигнеш саканата должина потоа ќе ја кратиш на месец/два па за брзо време ќе ги средиш врвовите. Мене таков ми е планот И мене многу ми помогна да не ми се штетуваат врвовите, тоа што откако решив да ја растам косата ја скратив рамно, не степенасто, така помалку се оштетуваат. И силиконските капки исто така помагаат многу. Првата година додека ги користев немав ниту едно расцветано влакно и откако направив пауза 3/4 месеци одма почнаа да ми цветаат.
ја шишам на еден до два месеца најмногу после плата.имам створено навика и веднаш закажувам на фризер.имам боб фризура и неможам да чекам повеќе од два месеца, ми се губи формата а и неможам да ја трпам долга
Јас од мала отсекогаш сум ја носела долга косата, и мн ми е чудно кога девојчиња ми се чудат како сум ја постигнала должината... еднаш пред повеќе години ја скратив повеќе , негде до градите ми беше, и не можев никако потоа да си ја вратам должината. Потоа една фризерка ми го кажа она што го пиша и m2m2m2 дека најпрво треба да игнорираш што ти цвета косата и да ја постигнеш должината која ја посакуваш. Потоа ќе почнеш на два до три месеци да ја кратиш, но не како што си знаат некои фризери, да ти каже он колку треба, ( било уништено) туку да речеме, не повеќе од два сантима, односно отприлика онолку колку што ти расте... Инаку има коси кои се склони кон пукање на врвовите, а и ние со сите третмани кои ги правиме, фенирања, фризури,сонцето, колку и да ја негуваме, некогаш мораме да прифатиме дека пак ќе си цвета, но ако редовно почнеш малце по малце да шишаш, а должината си ја одржуваш ќе бидеш најзадоволна.. Битно е да најдеш фризер кој под поимот малце навистина подразбира малце.
Отсекогаш сум сакала и сум носела долга коса, така што често шишање кај мене нема. Најчесто двапати годишно, и тоа минимално, само врвовите. Ми се има случено и цела година воопшто да не ја скратам косата. Секако, долгата коса си бара многу нега и внимание, па јас со задоволство и го посветувам. Фен уклучувам се поретко, летно време воопшто. За разлика од порано, кога ја пеглав редовно, сега и пеглата полека ја исфрлам од употреба. Ја фарбам редовно, не и треба дополнително измачување. И така... можам да кажам дека за среќа, иако се шишам ретко, врвовите не ми се воопшто расцветани, косата не ми е оштетена. Инаку, мислам дека е најправилно на секои два-три месеци, ама со добра нега, не мора толку често.
Мислам дека барем на секои 2-3 месеци е убаво да се шиша косата, да се освежи влакното. Јас ја шишам во просек 3 пати годишно. Имам долга коса и жал ми е да направам некоја драстична промена, најчесто само врвовите.
Јас после одмор си ја скратив косата повеќе од обично. Многу ми беше оштетена и сега пак ми е зошто на врвовите ми е плава( од шатирањето), а на коренот кафеава. Треба уште да ја кратам ама не ја кратам. Ќе чекам да порасне до каде што сакам па потоа ќе ја кратам, не ми е грижа дека ми е оштетена, си ставам маски и балсами и масло. Нека ми порасне цела кафеава па потоа воопшто не ја шатирам ќе си ја оставам природната. Сите различно викаат за стрижење. Јас никогаш не гледам кога последно сум се стрижела. Тогаш кога јас ќе сакам ( макар и премногу да ми е оштетена). Косата брзо ми расти па се надевам за брзо време дека ова плавото на мене ќе го нема