Секогаш кога ви изгледа како да имате грмушка на глава, а не коса. Се ежам од луѓе што со месеци и години не одат да се шишаат и дозволуваат да им расте во сите правци и насоки. Значи, не, изгледа многу некултурно. Не признавам долга коса ако не е уредно потшишана и без метил. Свежо шишаната коса лесно се чешла, лесно се суши и мнооогу лесно се обликува. Јас ако не се исшишам на 3-4 месеци ме фаќа сафра, не можам да ја направам така како што сакам.
Секој месец ја шишам максимум месец и пол оти ми станува како грмушка и не стои ни пеглана ни виткана бтв како бре 6 месеци ги издржувате алал да ви е
Мене косата не ми се оштетува што и да и правам, а многу брзо ми расте. Сум поминувала и подолго време без да ја скратам, не губи од убавиот изглед и квалитетот. Имам познанички што ја кратат на месец дена, па пак им е оштетена. Така што мислам дека самиот квалитет на косата игра најголема улога. Цврсто и квалитетно влакно може да издржи повеќе, оние со слаба коса треба почесто да ја кратат
Јас ја шишам еднаш, најмногу два пати годишно. Немам потреба од почесто, па не го форсирам она "треба да се шиша на два-три месеци". Да, треба, но само ако се гори со пречесто пеглање и фарбање. Ако нема расцветани врвови, апсолутно нема потреба од толку често кратење.
Јас претежно косата ја стрижам од 3-6месеци е сега зависи од неа .. Ако не ми се расчешлува убаво и ја чуствувам крута ја пострижувам обавезно е сега кога е правилно се зависи од вашето влакно,одржавањето,производите што ги користите,храната што ја внесувате и тн..Нема правило кај секој е различно ..
Не ми е шишана година ипол, не ми е изгорена, немам расцветани врвови, и ми расти нормално. Не ја фарбам не ја пеглам, виткам, и многу ретко ја сушам со фен.
Јас ја шишам на 6-7 месеци. Кога ќе ми дојде така доста подолга, и кога ќе почне да ми се приметуваат оштетените врвови, тогаш ја шишам.
Мислам дека е најдобро на 2-3 м., освен ако почесто се фенира и фарба, тогаш може да има потреба и порано од тоа.
Се трудам да ја шишам барем на пола година, но често ја оставам и по година дена. Знам дека не чини, но мене ич не ми се расцветува. Ама сега ќе ја шишам што почесто за да ја згуснам. Ја шишав пред 2месеци и пак планирам есенва малку да ја скратам.
Имам прилично здрава коса која многу брзо ми расти. Порано и година поминуваше додека ја скратам и ја кратев малку само расцветаното бидејќи ја сакав таква долга. Но пред околу 2 години одлучив да ја скратам повеќе и ја одржувам до под рамена. Сега ја кратам отприлика на 4-5 месеци бидејќи ако ја оставам повеќе од тоа одма ми смета бидејќи брзо расти. Пократка ми е многу полесна за одржување.
Не мислам дека баш има некое универзално правило што ќе важи за секого. Штом забележам дека врвовите стануваат посуви и испукани ја кратам за да ја освежам. Зависи и од типот на коса и производите што ги користиме. Некому ќе му расцветаат врвовите за 2-3 месеци од последното кратење, на друг може и за цела година. Откако преминав на шампон без силикони и други штетни состојки внатре и почнав да користам соодветни маски, гледам дека можам подолг период да ја одржувам здрава.
Последен пат ја шишав пред околу 20 дена,а се немав шишано 8 месеци. Сега планирам да се шишам на 4-5 месеци по 1-2цм
Јас вака бев во некој филм пред неколку години, на секој месец или на два месеци кратев по 1-2цм демек да ми расте побрзо или да се ослободам од оштетеното.. Кога после некој месец видов дека сум си ја донела некаде до под рамена, а ми беше до половината претходно, е тогаш сфатив дека ништо не сум направила.. Пак си беше исто оштетена, само си ја изгубив должината.. Така да сега се шишам многу поретко, некаде 2-3 пати годишно. Можеби кратам повеќе и од 5-6цм на шишање, ама знам дека тоа е тоа, а не секој месец по малку и ќе останам без коса на крај..