Косата ја немам пострижено година ипол. Приметив дека нагло ми оретчи. Дали бидејќи се немам пострижено ппдолго време?
Да, скрати ја, жал ми е ама ќе мора повеќе да ја скратиш. Ќе ти каже фризерот до каде. Мојата не е шишана од ноември и ми кажаа вчера дека морам 10цм да скратам бидејќи џабе ми е толкава кога тоа долу е пепел.
Два пати во годината е сосема доволно за мене. Јас многу ја скратив косата. Долга ми е над раменици. Полесна ми е за одржување.
На три месеци ја шишам косата, брзо ми расте и ако не ја шишам натежнува и во коренот почнува да се масти.
Последниот пат кога бев на фризер разговаравме за ова со фризерката и таа ми кажа дека е најдобро на 3месеци.
Јас се шишав порано на 4 месеци ама сега на 2 ќе се шишам за да ја одржам здрава и онака многу брзо ми расте
Не знаев во која тема да пишам, па решив овде. Косата ја кратам релативно ретко, бидејќи имам дебело влакно и не ми расцветува. Во последно време забележувам дека ми е многу, многу згусната, дури и тешко ја поднесувам вака на високи температури, морам да ја соберам, да не зборувам па колку време ми одзема едно сушење... денес 45 минути морав да ја сушам со фен пред излегување. Долга ми е до под градите некаде, рамно шишана. Предлог фризура за многу густа коса? Сакам да ги скратам врвовите но и да ја изретчам некако, зашто не се трпи ова веќе. Не сум фан на степен, ама не знам како на друг начин би се изретчила...
Ко ќе ми свирни. Имало периоди кога сум ја стрижела на месец, и периоди кога сум ја стрижела на 2 години. Сега ја растам... Дури не ми се здосади и тоа
@prominent И јас имам долга и густа коса. Ја шишам рамно (понекогаш со степен од напред), но со изретчени врвови. Не знам како да ти доловам како изгледа. Бидејќи е премногу густа не се ни забележува дека е изретчена. Пак е густа, но за нијанса полесна, и според мене многу поубаво изгледа на краевите. Но, минимално изретчена, не премногу, да не бидат тие како опашки, ако ме разбираш. Јас долго време сум така, сега сакам да сменам, но немам идеја како.
На три месеци ја кратам, ама овој пат ја скратив малку повеќе, ми беше до рамена али ја отерав малку повеќе. И така брзо ми расте, па од есен ја пуштам долга и само некој сантим ќе кратам...
На κолκу вρеме е најпρавилно да се шиша κосата? Споρед мене κосата е најпρавилно да се шиша на тρи месеци...не паметам баш ама, чинам на тρи месеци беше. Јас лично веќе ќе почнам и на повеќе вρеме да се шишам иаκо до сега пρавев κаκо што напишав пρетходно.
Од малечка имам густа коса и знам колку време е потребно за сушење и правење фризури.. Имам малку подолга коса од твојата, пред неколку месеци се шишав последно и фризерката многу ми ја погоди фризурата. Значи се што беше расцветано ми го скрати и однапред косата ми беше на благ степен, а од позади рамна. Таа фризура е баш добра зошто прво ти го истакнува лицето, а друго кога ќе ја испеглаш и ставиш позади грб изгледа рамно, степенот скоро и не се познава. Кај сите што сум била ќе им кажам малку, тие пола коса ми ја шишале или ме шишале накосо. Фризеркава ме ишиша скроз право и толку колку што и кажав. Ако ти треба контакт пиши ми ЛП ќе ти дадам бројче.
Се зависи од косата и како ја третирате, нема точно време самата коса си покажува кога е за шишање Многу ме нервираат долги нешишани коси со изговор ја пуштам и што ако е долга а несредена како метла Секогаш шишајте и одржувајте ја косата здрава