Site mectaeme za nesto sto go nemame,toa e normalno.JAs se omaziv na 20 a bev i vo vrska 6 godini ine e isto vo vrska i brak.za brak se potrebni uste mnogu drugi nesta za toj da opstane.i na pocetokot mi bese stvarno tesko no ako se saka se se moze.eve sega sum 23 pa im 2 decinja i fax go zavrsiv redovno i rabotime i ne se kaam.ima i prednosti i slabosti.se e do srekata. [mod-kirilica:25wet9it][/mod-kirilica:25wet9it]
Јас на 24, за некој месец требаше да наполнам 25, да знаев дека ќе ми биде толку убаво и порано ќе се омажев.
Само што наполнив 28 и си викам тоа е време е .... а и 10 години бевме во врска....живеевме зедно... па време беше да и кажеме на државата и на дедо Боже... да си добиеме благослов
На 25, отсекогаш ми било тоа желба, да се омажам на 25 години и ете Бог ја слушна мојата желба и тоа беше негова заповед
Јас се омажив на 21 пред 2 месеци и сега свадба спремаме за 5 месеци ......Не се каам за ништо сега за сега да чукнам од дрво и понатака да е така прекрасно мие обрвски си има повеке тоа е нормално но се се постигнува ако се сака и ако се знае за кого и зошто....си го обожавам маж ми не велам дека е најперфектниот и совршениот (да не се лажеме совршенство не постои )но и со сите негови негативни особини сепак се наоѓа некоја позитива која ти дозволува да се чуствуваш пријатно и најважното ме прави најсрекна и најсакана иако се гледаме многу малку порадни неговата работа (сепак мислам дека далечината ни ја разгорува желбата кога ке се видиме онака како млади сопружници да си се испоштуваме и убаво да си поминимме ) П.С никогаш во животот не треба да се каеме за тоа што сме го направиле , требало пред да го направиме да размислиме....џабе е после тоа се останете ми поздравени фемники мои
jas imam 23 god, uste ne sum mazena, decko mi ima 24. Vrskata ni e kako i sekoja normalna nee nesto neznam so,imame pominato i srekni i ne tolku ubavi momenti..go poznavam 3 god i imam uvideno i dobri i losi negovi strani. . veke 5 meseci ziveeme zaedno.vo ovie 5 meseci se osekam KAKO ZENA da gotvam da cistam po malce ... vremeto koe go imam za mene, licno za mene samata pocna da se gubi..jas ne se doteruvam poveke i ne se sminkam tolku cesto pokraj site obvrski so gi pruza zivotot i vremeto koe go pominuvame nie 2 zaedno e kratko..mene me faka strav od ova dali e taka i koga si vo brak??? a da ne gi napomenuvam decata koi se goolema obvrska i uste tolku ke nemas vreme za nisto ........ uffffffffff [mod-kirilica:25xw22fc][/mod-kirilica:25xw22fc]
Па Илин зашто си дозволила да биде така и тоа само после 5 месеци?Кажи му да ги поделите домашните работи, нема рацете да му се скршат ако нешто зготви и исчисти.Не смееш да дозволиш така млада да се запустиш.Ако треба нека остане и неиспрано, ама не дозволувај да не двоиш време за себе и свои потреби, така само ќе бидеш несреќна.
Во право е @femina90 мора обврските дома да ги поделите или подобро кажано да ви се заеднички...кај нас дома бар е така, кој како ќе стигне тоа прави, заедно готвиме, заедно чистиме, поставуваме маса раскреваме... единствено нешто што мојот сопруг не сака да прави е да го тресе чаршавот после јадење,,, и јас разгалената се нервирам за тоа како и да е животот во врска и во брак не е ист ... извинете што избегав од темата...нема да ми се повтори....
јас се омажив на 25 години, а претходно една година живеевме заедно откако се веривме. Искрено мислам дека на колку год ке се омажиме зависи од самите нас но и нормално од партнерот а тука влијаат и др фактори, колку двајцата се осеќате спремни, различни личности, различни карактери ние не планиравме да се земаме (барем засегаама јас од ох тој од бт,и неможевме повеке целото време го поминавме по патот ама сега си мислам шо не се зедовме порано, хихихиих
јас мислам дека треба да си седните и да си помуабетите на оваа тема,значи да ти помага и тој, сега нормално некои работи мораме сами да ги правиме, ама за другите можат да ни помагаат и тие. мојот маж претходно ништо не правеше, ама сега за се ми помага, си мести за јадење, го треси чаршафот, вари кафенце,оди на продавница.... и мн други работи на кои претходно не ни помислувал сама ти треба да го навикниш на некои работи, а како може да немаш време за себе????одвои и си од времето, дотерај се, излези со другарки, мислам тоа е нормално јас и сега функционирам исто како и пред да се земеме, па нее бракот затвор за жената
Jas se omaziv na 24 godini, mazot mi e postar 10 godini od mene. Cel zivot sum trazela bas takov i sum go nasla mazot od moite sonista se gordeam so nego.Kulturen , zgoden, obrazovan, na funkcija a sepak premnogu zabaven. Jas na site im posakuvam bar pola od mojata sreca Bidejci jas ostanav sirak na 18 godini i se sam sum se borela vo zivotot dodeka ne go zapoznav nego a sega sum najsrecna imame 8 mesecna kerka i uzivame so nea. Fala mu na gospod za srecata sto mi ja dade , za prekranoto semejstvo. [mod-kirilica:3j68hjyn][/mod-kirilica:3j68hjyn]
јас имам 21 година студирам сеуште но со дечко ми одам 6 години иако тој студира во друга држава јас сум сама и многу сум тажна поради тоа и затоа сакам да се омажам зошто мислам дека ке бидам со него во сите моменти од мојот живот без разлика дали се среќни или тажни... но тој ми вика има време уште некоја година.. да во ред можеби е така но мене ми недостига тој и многу се плашам да не останам на крајот сама...... ве молам за совет помогнетеми да не мислам на овој начин на кој што размислувам....
јас се омажив на 21 год бидејќи веднаш млада мамичка станав секако има свои предности и свои слабости
и покрај тоа што не сум мажена .. но со дечко ми сме во врска 4,5 години го делам мислењето на озбилнажена.. не постојат причини заради кои не би продолжиле да се чувствувате млади и покрај тоа што сте во брак... на забавите никогаш нема да им дојде крајот... и сепак стапувањето во брак претпоставува познавање,почит,разбирање и ред др раб кои ви се сепак на сите јасни.... сепак стапуваме во брак со личност која имаме време да ја запознаеме..... кога би добила понуда за брак без двоумење ќе прифатам и покрај тоа што имам само 20 год... знам дека тој е делот кој ми недостасувал за да бидам комплетна... и само уште нешто: моите родители исто така се земени мн млади.. и можам да кажам дека поубав и похармоничен брак немаат некои мои роднини кои се земени делумно на повеќе од 28 год... не ме сваќајте погрешно.. сепак секој со свое мислење и со своја среќа...позз
Кога имав 10-тина години мислев дека 22 години се идеални за мажење-на толку се омажила мајка ми. На 22-ни на крај не ми текнуваше за мажење-излегување, дечковци, журки. Помина и тој период. На 28 веќе почнав да размислувам. На 30-го направив тоа Иако ќе речам-да не е тој биолошкиот часовник-ќе си одложев уште некоја година
И јас сум во слична ситација и се согласувам со тебе дека е многу тешко врска на далечина јас сум при крај со студите до август треба да дипломирам досега повеке пати сме разговарале за брак но бракот не е решение како прво ние се гледаме ретко претпоставувам и кај вас е слична ситуацијава го сакам имам периоди кога многу сакам да се мажам но мислам дека пред да се одлучиме на ваков чекор треба малку повеке време да поминеме заедно барем неколку месеци воопшто да не се разделуваме верувај и јас сум веке при крај со нерви од муабети по скајп го имаш а исто како да го немаш и затоа се решив ако здравје дипломирам авгус септември да отидам кај него да почнеме заедно да живеме па ке видиме дали ке се исплати ризикот од моја страна да оставам се овде и да тргнам според мене не мора да се потпишеш за да се живее заедно.....совет од мене да не брзаш со брак ако имас шанси и можности оди кај него барем сега не треба виза тој нека доага почесто па нека е само и на недела ...... знам дека е тешко бидејки минувам низ тоа но верувај го заборавам патот кој сум го поминала кога ке се видиме
Се омажив на 23г. и супер ми е ,не би менувала ништо , според мене секој со своја среќа,на кој ,кога ќе му дојде време...
Јас се омажив на 19 години и сум скоро 7 години во брак и воопшто не се каам тоа што сум го направила. Имам одличен брак но сеуште немаме деца. На почетокот сакав прво да завршам факултет па да се вработам па после деца, го завршив факултетот и сега сум на посдипломски но работам на тој случај се надеваме со сопругот што поскоро и дете да имаме. Никогаш не е касно за ништо во животот само треба да се има желба и силна волја за сето тоа да се се исполни.
Се омажив на 24,наредниот месец наполнив 25. За некој месец станав и мајка... Не избрзав, се беше плански и смислено, бевме и се уште сме лудо вљубени , секоја раделба ни траеше по пола час , па затоа решивме да се споиме...Единствено се зезнав што имав уште два испити кога дознав дека сум бремена, дипломирав кога мојата ќерка имаше 10 месеци, битно дипломирав за инает на скептиците кои многу многу брбљаа...се шалам. Сега да се врати назад времето пак би ја донела истата одлука со оглед на тоа дека го зграпчив дечкото за кои ми викаа не е за тебе, бегај подалеку од него, во исто време по 2-3 вртка...е па излезе дека јас сум била за него . Нема идеална возраст за брак, кој како и кога се чувствува дека е спремен. Јас имав една понуда на мои 22 год., ја одбив зашто не бев спремна да се лишам од журкање, и искачање со другарки, лудување, па и од школување, а сега ако подобро размислам и не сум била доволно вљубена во дотичниот. Сепак мислам дека после 27-8год. може да се почне да се размислува...значи да се размислува, да се прават некои си калкулации и пресметки, планови за поколение итн. итн. зашто овој проклет биолошки часовник куца ли, куца и додека сум трепнала ќе си ја раситнам и 30-ката.
Не знам што ми е последниве неколку месеци, ама сакам да се мажам . Кога ќе ми текне дека до пред некое време ненормални ги правев другаркиве кога ќе ми спомнеа такво нешто, а сега... Се надевам дека период ми е зошто ќе треба јас да го барам дечко ми за маж, пустиот абер нема да се жени наредниве 7-8 години