На 27 години се омажив. А 7 години бев во врска со мм(тогашен дечко), иако бевме долг период заедно имавме ептен отворена врска. Никогаш не дозволив да бидам 24/7 само со него. Па можеби и затоа одлично функциониравме во врска, а уште подобро во брак. И сега во брак сите ме прашуваат како е да си мажена(повеќето другарки ми се сингл).И сега знам да си отидам на одмор со другарки сама без мм, излегувања (јас со мое друштво, он со негово), значи драстично ништо не се смени. Не си вршиме никаква контрола, имаме целосна слобода и затоа и одлично функционираме. Има многу примери кога жената се посветува 24/7 на мажот и домот, ги запоставува пријателите и се запушта. Тоа ми е непоимливо. Нема врска тоа дали доволно сме се изнашетале, изнажуркале... Се е тоа до менталната зрелост. Некои и на 18 години се сметаат доволно зрели за институцијата- брак, а некои и на 40 не се сеуште зрели за да стапат во брак. Се е индвидуално. Еден совет од мене- Доколку размислувате за брак, одлучете се да живеете пред брак заедно со дечкото бар година дена. Така ќе видите како функционирате и кога ќе станете од спиење(без шминка, неизмиени заби, несредена коса), увидете си ги маните и доблестите и ќе знаете дали сте спремни за брак со таа личност
Јас сеуште не сум мажена но имам дечко одиме веќе 8 месеци има 25 години а јас имам 22.Тој живее во друг град а јас исто сум од друг град но студирам и работам во Скопје.Секоја викенд е дојден Скопје да ме види и останува да седи дури и по недела-две, а и кога одам за викенди дома и тој доаѓа да се види со моите, а исто и јас одам за викенд кај него.Се зближивме многу, меѓутоа има компромис меѓу нас, почит, љубов и разбирање големо што е од голема значајност за една врска или пак брак.Неколку пати ми спомна за брак ми рече кога ќе се вработи ( не е вработен и си бара работа а има факултет завршено ) што е многу нормално, вика дека сака да се вработи и да се жени после и дека времето му течи.А јас имам добра работа и уште некој испит за да дипломирам, но сакам барем до кај 23-24 да се средам со факултетот да запишам постдипломски, без разлика дали ќе бидам мажена или пак не секако ќе запишам.А тој сакам да се среди со работа и несакам уште од 25 да го врзувам, барем накај 26-27, па сега како е пишано така, некогаш не испаѓаат работите како што планираш.
Јас имам 26 години а се омажив на 20 и можам со сигуност да кажам дека ја направив најголемата грешка во животот со тоа што направив погрешен избор, Се омажив со човек кого го знаев цел живот ми беше прво другар но се покажа дека не сум го знаела каков е, По првиот месец во бракот се смени и до денес постојано плаќам за гршката што ја направив. Порака до сите кои сеуште не се омажиле немојте да избрзувте со бракот зошто тоа може да ве чини многу, кога човекот што јас го знаев цел живот можел да сокрие мн мани тогаш незнам што да кажам, И ако несакате некој вистински немажете се, Јас вистински бев презаситена и од шетање и од се и неможев да се вљубав во никого а мојот сопруг ме сакаше од кога се знаеме и мене ме привлече тоа и сакав да бидам со него зс некого не сакав и потоа стварно го засакав но џабе неговото сакање не било сакање затоа првин бидете сигурни па тогаш.
Јас се омажив на 23 години, а сопругот имаше 27, бевме во врска 3 години и решивме да ја крунисаме со брак. На 25 станав мајка.Никогаш не се покајав за својот избор и уште 10 животи да имам, повторно би го избрала него!
Јас се омажив на 25 години, а со сопругот претходно бевме 8 и пол години во врска.Правевме веридба на 101 месец Јас претходно никако не сакав да чујам за маженје иако имаше доста муабети од негова страна, се си најдував изговор, чекај сега ова,чекај она...незнам зошто ама се плашев многу, најмногу од обврски најверојатно.... сега имам преубав брак и само си се смеам на тоа која параноја ме факаше кога ке се спомнесе мажачка
Se omaziv na 19 godini i voglavno ne se kaam imam dve prekrasni golemi deca i harmonicen brak. No vo zivotot ima mnogu nadvoresni faktori koi vlijaat na brakot i na srekata vo nego na koi ne sekogas mozes da im se sprotivstavis. Mozes samo da gi minimiziras ili da gi ignoriras. No so godinite pragot na tolerancija popusta i stanuvas se ponetrpeliv kon lugeto sto gi sakas. Kako toa da se nadmine??? [mod-kirilica:h221gyv6][/mod-kirilica:h221gyv6]
се омажив тоцно на мојот роденден на 19 години.мајками ми велеше поседиси ќерко оти во врска и во брак не е исто.и вистина не било исто.сега е се поинаку поинаку се однесува према мене.не се однесува грдо ама за разлика од одењето до бракот има разлика.па тоа е тоа ќе си научиш табиет и ке си тераш.јас веќе најдов тактика со милно со убо со разбирање ке го убедам во нештото акога ке се налути пак лекот се знај (мирачот в кревет и готово) позззз до сите мажени
Da ne bev vo harmonicna vrska so decko mi, moze nemase ni da razmisluvam za mazenje..No, toj ima 31 god, a jas 22...ne bi sakala da cuva deca na stari godini...Jas sum pri kraj so studiite, sakam i kariera i najvazno od se-toj me poddrzuva vo moite planovi...Taka da i mene, bi mi bilo polesno niz zivotot so negovata potpora i sigurnost. Dali razmisluvam Ok ili treba nesto da smenam? [mod-kirilica:n17kl2t8][/mod-kirilica:n17kl2t8]
Дечко ми има 31 год, а јас 23...Јас не се брзам за мажење, но сигурна сум во мојот избор. Е сега,кога веќе знам што сакам, дали е во ред да се омажам на 23 години?Дали може е подобро да почекам? Врската е либерална и полна со меѓусебно разбирање,така да не се плашам дека ќе се каам во иднина. Сепак тој има 31 год и не би сакала заради мене да гледа деца на стари години. Дали тоа е во ред?
Ако ти сметаш дека си спремна да стапиш во брак зошто да не. Велиш дека си сигурна дека тој е тој со кој сакаш да го поминеш животот. Нормално дека тој ке сака побрзо да се жени сепак има 31 год. Сепак треба убаво да размислиш пред да напавиш таков чекор а за мала и не си баш мала 23 не се малце
Наредниов месец ќе наполнам 21 година и сакам да се мажам, ама сметам дека рано ми е! Со дечкоми во септември правиме две години како сме во врска, тој има 22 години-сметам рано е и за него! Иако таинествено и двајцата го посакуваме и тоа! Онака уз муабет ќе си кажеме и секогаш е тој иницијатор на оваа тема! Имаме услови, дечко ми зема добра плата, јас студирам-дома сме да речам добро ситуирани-татко ми амбициозен-никогаш нема да дозволи да се откажам од факултетот, ама некако не ми се дава! Не сум спремна да чистам секој ден по дома, да готвам и ред други работи! Иако се би дала да сум 24/7 со него. Здравје, има време, можеби ќе одлучиме да живееме заедно!
јас на скоро 30 се омажив и мислам дека ок си бев според мене ама за злите јазици околу мене си бев стара мома и ич не се каам шо на 30 испадна,3 и кусур сме во брак многу нормално со убави и нетолку убави моменти,што мислам дека ако некој рече дека се е перфектно лаже!!!!!!и во врска го има истото и во бракот е така ама неубавите моменти треба да не прават посилни...а да можам да се вратам да одбирам кога ке се мажам пак иста возраст би одбрала од исти причини што покето од вас ги кажале па да не се повторуваме. секој со својата срека и нема баш никакво правило за то дали помлад или постар ке бидеш посрекен во бракот. сите што велат јас не се мажам до толку и толку не знајш никогаш што ке излезе на повидок. за тие што не сте сигурни ич не брзајте се се во свое време ке бидит.не е то по порачка сега станвам и се мажам а круна на се се децата
имам 18 години и идам со децко ми скоро година.рано е за мажење но ме нервира притисокот од негова страна дека треба да размислуваме за брак таман за 3 год кога ке го завршам факултетот. искрено јас би сакала во брак да стапам околу 25-26-27 год,али он сака порано...па здравје
za toa vo pravo si oti nikoj ne znaj sto go ceka vo zivotot.jas velev nema sansi da se mazam do barem 25 godini i nakraj 19 rodenden go docekav so bebence staro 20 dena vo race.nikogas ne zazaliv za toa.so soprugot ni e super a i toj bese mlad imase 22 godini.ne e sekogas se 100% sjajno ama vazno e sto postoi ljubovta i so sekoj den e se posilna.a godinite ne se vazni vazno e kako toa ke go prifatis i dali psihicki si spremen za takov cekor.i najvazno dvajcata se trudime za brakot da ni e prekrasen.pozdrav i so sreka na site idni nevesti!
Се омажив на 27 години и би рекла дека е ок возраст. Сеуште сме тазе бо брак, па не би можела да кажам дали се зезнав или не
На 26 се верив,на 27 ќе бидам во брак Вака кога ве исчитав се осеќам како стара момичка ,иако сакав уште година две да си одам слободна,до 30 си дадов фора
Јас порано мислев ќе завршам факултет и ќе се омажам. Знаете како викаат, ајде со ред, да дипломираш па да те мажиме. Во јуни најкасно септември би требало да дипломирам, али затоа брате, абер немам да се мажам. Осеќам јас 30ка (и кусур) ќе фатам, али шта је-ту је. Ако сум уште активна на форумот до тогаш, ќе пишам, но вака да си ја искористам шансата дур сеуште сум тука...