се омазив на 22 ам сега си мислам дека би мозело усте некоја година да поцекам,не е бас лесно во бракот затоа немазени не се брзајте узивајте.
Јас се омажив на 26 сопругот имаше исто бевне три години во врска. На 29 септеври ке направиме 5 години од брак. Да не се подречам ама супер ни е во бракот. Сеуште немаме деца не дека неможеме него да си се посветиме еден на друг . Здравје и деца ке имаме све во све време. Работат е во тоа за ништо да не се избрзува , битни се брачните другари како они сакат да живеат и како ке се договорат не треба да слушат ништо за нивните животни одлуки и да исполнуват желби на другите. Бракот не го чуствувам како терет туку како благослов. Го сакам сопругот и он ме сака мене. Моја препорака е да не се брза да се стапи во брак , а и откако ке се стапи да не се брза со деца (сега завис и од ситуација и години) ,брачните другари треба да си се посветат едни на други , а пота на децата.
Само да искоментирам во однос на болдираново - точно е дека не треба да се брза со стапување во брак, ама зошто да се чека за деца неколку години (освен ако не сте мноооогу млади, ама зошто и да се мажите/жените толку рано?)? Од твоево мислење добивам впечаток дека кога ќе родиш деца целосно ќе им се посветиш нив, а сопругот ќе го запоставиш. Можеби не мислиш така, ама така го сфатив ова напишаново. Во заедница, можеш да им се посветиш и на деца, и на сопруг подеднакво - никој не треба да биде запоставен. Ваше право е да бирате кога ќе станете родители, тука не се мешам, ама ова со посветувањево не ми држи вода.
Значи сега имаш 31 година. И кога планираш деца? Едно дете, па друго? На 40? Сте биле 3 години во врска и сега уште 5...не ви е потребна веќе некаква промена на толку време? И точно е тоа што кажа Анат, најлошо е кога некои мајки ќе му се посветат само на детето, сопругот како да не постои. И потоа не чинел бракот. И богами какво време е дојдено, секоја втора има потешкотии со тоа да остане бремена, остануваат бремени за најмалку 6 месеци, па година - две...што е многу, многу е и затоа па не треба и толку да се чека. Јас искрено во брак не би можела да чекам 5 години па да имам дете. Како што кажа се сакате со сопругот, сега би било најдобро време да имате бебе, па двајцата еднакво ќе му се посветувате, и него, а и меѓусебно.
Јас не мислев дека после ке му се посветам само на детето таман работа. Немора моето мислење сите да го прифатат затоа сме различни сите. Причината споредмене за стпување во брак е чекор со кој се одлучуваш да поминеш со некого цел живот а не за да рагаш деца само. Прво давајцата треба посебно па и заедно да проживеатсве што сакат( се разбира во можностите) па потоа треба да имат деца според мене . Едно е врска како функционира друго е брак трето е брак со деца и ова треба да оди едно по едно. Јас влегов во брак со сопругот затоа што сакам да го минам животот со него првин а потоа деца. Имам многу примери кои во врска биле супер па во бракот одма имале деца едно па друго и сега се во брак само ради децта и тоа ок е ? Друго пак јас би рекла што толку да се брза ако било пишано ке биде. Мене ми е доволен сопругот и не ми е монотоно. Денес медицината е напредн бог да чува а на крај краева ги знаеме и двајцата ( ајде како женско јас повеке ако сакате да потенцирам работите) последиците . И што мора со прашањава Значи сега имаш 31 година. И кога планираш деца? Едно дете, па друго? На 40? и осудавање ( ако погрешно сватив извини ) Тоа е моја работа јас прашувам ли некој зашто толку рано . Можда ке имам близнаци и нема пак да бидам трудна или пак сакам само едно дете. А можда имаме и дрги причини , башка тоа е само мое мислење а не ни кажав јас колку планирам да ќекам..А изгледа не прочитавте во заграда што имам наведено (сега завис и од ситуација и години). Секој нека прави како сака јас не се обратив на никој лично затоа и не разбирам зашто толку лучно ми се обракате.
се омазив на 21год,8 и пол години во брак,и имаме една прекрасна принцеза има 4 год.брак ко брак,не ни е лош,ама да се вратам назад во минатото,никогаш повеќе не би се омажила бракот е ставање трн во здрава нога
лелееее и јас до пред некое време сакав да се омажам и деца и се но некако како мине времето почнува да ме фаќа страв од мажење, деца, гледам по форумиве сите се жалат, кукаат, која од мажот која од свекрвата, па золавата, па тетка му баба му лелеееее некако страшно делуваат овие свадбите, нормално една ден треба и нормално е да се случи тоа но мислам дека после 25тата година може да се размислува за брак нели?
Имам 22, а брак планирам после 27... Дали 28 или 29, тука ми е дадениот лимит, иако тоа не се знае никогаш бидејки се животни прашања и не се важни само годините и староста да се запазат, или колку да се рече да се омажиш. Сакам да го искомплетирам образованието (а тоа подразбира и правосуден), да имам стабилизирано и работен однос, и секако, да створам личен капитал. Не сум тип да се потпира на придонесите од појакиот пол, сакам свој солиден придонес во домашниот буџет, а и не се замислувам како домаќинка голема, повеќе сум за кариера и семејство, отколку да чистам по дома. Истото го очекувам и од партнерот, сакаме да имаме сигурна егзистенција, удобен живот, го сакам најдоброто и максимумот од себе и сопругот-за нас и децата. Не брзам, полека коцките ке ги редам.
na 19 od ljubov ,mora da naglasam deka ne e od sto morav kako poveketo devojki koi za zal dali poradi bremenost ili poradi nesto drugo morat da se omazat so taa licnost.do sega sme 1.5 godina vo brak ,decinja seuste nemame no ako dojdat dobrodojdeni se .Dali zalam za godinite ...hm pa jas sum licnost koja non-stop zali za nesto .Znaci ako sum setkala uste ke sum zalela sto sum mozela da bidam vo brak so licnosta koja ja sakam,a vaka za toa sto poveke nema setkanje heheh taka da nikako ne e pogodeno kako i da e najvazna e slogata vo brakot i spored mene ne e tolku loso da stapis vo brak mlad. [mod-kirilica:2tu0qhab][/mod-kirilica:2tu0qhab]
Не значи дека ако си во брак нема да шеташ. Млади сте, искористете го времето да уживате и двајцата во работите во кои што уживавте додека бевте во врска. Кога си во брак, без разлика дали имаш или немаш деца, не значи дека животот престанува. Многу жени тука грешат, мислат дека кога ќе се омажат немаат право да го живеат својот живот, целосно се посветуваат на бракот и семејството, а себеси и своите потреби се занемаруваат. Затоа доаѓа до фрустрации и презаситеност.
На 26 ипол , и не се каам воопшто. Напротив. Значи во брак 2 години и околу 6 години врска. Многу, ама многу ми е поубаво отколку порано. Бракот ми е многу поубав од врската. Се што ми беше плус во сингл животот, пак го имам, ама сега ги уживам и предностите од брачниот Единствено нешто негативно се сметките , кои пак не се моја грижа, ама сепак сега гледам како одат паричките, и ужасно ме нервира плаќањето од истите, иако нели тоа е дел од нормалната живеачка, ама ете, тоа е оној дел што ме нервира. И само тоа. Порано имав повеќе обврски отколку сега. Да слушам по дома, раскрени, уште не си легната, до кога ќе спиеш, пак дремеш на лап топ и такви работи. Е сега нема тоа го нема. Со мажето си завршуваме кога ни е ќејф, кога сакам, колку сакам спијам, што си сакаме си готвиме, излагаме, викендуваме кога и каде ќе ни ќејфне. Само верувам дека е вака затоа што сами си живееме од прв ден. Два дена само живеевме со неговите и јас и двата дена плачев. Тоа не би можела, затоа што немаше да биде живот, туку преживување. Сега животот ќе ни се смени, ќе бидеме тројца , па ќе видиме како ќе бидат работите, мада мислам дека кога бракот е заснован на љубов, вистинска, да му е на тој човек дојдено до тебе, и тебе до него, да се грижите како се чувствувате, да ви е гајле за него повеќе отколку за себе, кај и да сте едвај да чекате да дојдете дома, да си бидете сами, да сте среќни секое утро само затоа што се будите до тој човек, и тие чувства да се обострани, тогаш мислам дека се може да се надмине и да се биде вистински среќен, и да се ужива во бракот и во животот. Бракот е преубава работа, НО, едно големо но, само ако е со вистинската личност и од вистинските побуди. Исто и да се има основни услови нели за тој да функционира, платичка, и барем едно мирно катче обезбедено за двајцата. Затоа не треба да се избрзува, и не треба човек да се мажи/жени само затоа што така треба, за да успешно се вклопи во сликата на некоја замислена општоприфатлива општествена рамка. Но не треба и да се лета високо, и да се бара нешто нереално. Животот си оди, годините врват, секоја етапа од животот носи и свој логичен тек на нештата, кој не треба слепо да го следиме, но сепак да се трудиме, онолку колку е до нас, да не заостануваме зад него. Секое време, со своја убавина.
Уште се немам омажено ама ако биде по плановите догодина на 23 години ќе почнеме да живееме заедно, а наредната на 23 ипол ќе правиме свадба
Бидејќи имам доста слободно време во моментов , ми заврши колоквиумската , не сум на факултет дека сум болна , па пресметав дека просечната возраст на која женскиот дел од форумов се омажиле е 23,2. Ај ќе заокружиме на 23 Што значи, ако се водиме по ова, мене ми остануваат уште 3 години, па и јас да застанам на лудиот камен . За еден месец ќе наполнам 20, и искрено, али ни на крај памет не ми паѓа мажење, и тоа не само сега, туку и во наредниве 5-6 години. Тоа не се планира да, али тоа е мојот план Не е само ради факултет што треба да се заврши, туку и работа после тоа да се најде, оти не планирам да барам пари од мама, тато, мажот и сл. А другата работа е што не се осеќам јас способна сега, а веројатно и уште некој подолг период за мажење, за грижење за куќа, деца и ред други работи. Па јас си се осеќам уште ко дете бре! Се јавувам кај мама и тато за секоја ситница, за да ми кажат кое апче да се напијам, па јас да се секирам за друг. Мало сутра тоа! Искрено, се чудев кога гледав дека најмногу се омажиле на 19, 20 години, т.е на моја возраст! Свака им част па на тие што успеале да се грижат и за дете, и да завршат факултет. Јас тоа знам дека не би можела, ќе пукнам. Секој со својата судбина, да, али јас не планирам да се мажам пред да се осамостојам сама ко личност, да се осеќам сигурна дека го сакам тоа, и да бидам сигурна дека тој до мене е вистинскиот.
леле зошто ТРН ВО ЗДРАВА НОГА ?? јас сум една година во брак,на 27 се омажив,супер е сега за сега...Знам дека една година не е никакво искуство затоа те прашувам ако можеш да ни објасниш зошто го мислиш ова ставање трн во здрава нога. да ти кажам право ме исплаши
Јас се омажив на 28ипол год и со мажот ми можеби година ипол не се обидуваме да имаме деца и тоа не со некое којзнае колку логично објаснување. Од денешна гледна точка единствено ми е жал за тоа изгубено време. За мене бракот се покажува како нешто во што добро функционираме и двајцата.