Кога имав 20-22 год. викав дека сакам да се омажам на 27 год. Ми дојдоа 27-те и јас ни абер ни ништо...и така требало да биде. Сега сме верени, а свадба догодина - јас на 29 и пол, а мажето мое 30! Таман ни се, ни порано ни подоцна. Гледам тука повеќето се мажеле под 23 години, јас тогаш ни пржени јајца не знаев да направам, а не па куќа да одржувам... Секако, секој со својот памет, а јас сум пресреќна што свадбата ми е во вистинското време и со вистинскиот човек!
на 18 години се мажев, на 20 родив ќеркичка, на 25 синче, и здравје ако даде господ и трето ќе биде за некоја година. Воопшто не се каам, и мислам дека секој различно созрева и ако веќе си го нашол партнерот па макар и на 18 нема што да се мислиш. Јас лично и во брак прошетав и деца израснав, и мислам дека не сум пропуштила ништо посебно, ама секој со своето...
Se omaziv na 20 i ne se kaam imavme 4 god vrska predhodno. Dobivme bebence (na 21-jas toj 24) sega cekame i vtoro (jas 23-26) sega za sega dobar ni e brakot se osekam kako otsekogas da sme zaedno i deka zasekogas moze da traeme ako odime so ova tempo
Ех па оти вака лажат дека денешниве жени покасно стапувале во брак , лажги со опашки Машала многу млади невести Јас имам 23 , и не можам да планирам кога ќе се омажам тоа не се планира , кога би бирала би било некаде после 25 ама не после 30 Оти модерно време или не биолошкиот часовник е ист