На 20, пρед два месеци пρавивме веρидба после 6 годишна вρсκа, свадба уште не сме и сега за сега ми е супеρ па понатаму ќе видеме
Отсекогаш знаев дека млада нема да се мажам Не поради нешто друго, туку сакав да стапам во брак кога ќе се почуствувам доволно зрела да бидам сопруга и мајка (дај Боже поскоро ) Тој прелом и преминување во нова фаза од мојот живот ми се случи околу 30-тата година. Среќна сум што одредени работи ги изживеав што се вика, така што веќе ми се надминати и немам за што да жалам. Затворив едно поглавје од мојот живот и сум подготвена да отворам ново. Партнерот го запознав на 33, а ќе се мажам на 34 Доколку го запознаев порано сигурно ќе се омажев и 2-3 години порано
Јас на 19 сега имам 2 годишно синче и убаво ми е....ама сега некој да ме праша би почекала уште неколку години...врска е едно брак е друго...не е лесно (бидејќи и студирам во исто време) ама и тоа си има свои убавини
На 22, а тој 25. Во брак сме пола година и сме среќни, многу среќни! Секако, има моменти кога нешто не оди како што треба, ама секогаш мора отворено да се разговара на таквите теми. Според мене, почитта и разбирањето во една врска се најважни. Љубовта опстанува само поради ова. Пред тоа бевме во врска 2 години, успеавме да се запознаеме доволно добро за ова време. Потребен е разговор, отворени прашања, искреност, волја и поддршка. Можеби звучи чудно, но уште во првиот месец откако се запознавме, знаев дека сакам да бидам со него засекогаш. Кога ќе го најдеш тој што ти одговара, едноставно знаеш, незнам како поинаку да го опишам тоа чувство. Чиста среќа. Деца за сега не планираме, не се чувствуваме спремни за таква обврска. Здравје, за некоја година.
се омажив на 18 години, веќе 1 и пол година сум во брак, и убаво ми е. Не ми е ништо скратено, си ги бркам дома обврските и потоа сум слободна ако сакам да излезам или да ми дојди некој
на 19, во брак скоро 1 година, и бебче од 7 ипол месеци, воедно и студирам и не се каам за одлуката, има понекогаш и моменти кога ќе ми текне дека сега можело да биде подруго, ама кога ќе се сетам дека го имам најубавото, заборавам на се
На 20ипол ,тој 24 За 4 год брак си имаме 2 синчиња и супер функционираме Инаку со неко сум од 1 год средно,по 5 год врска,љубовта ја крунисавме со брак
Јас имав 20, а мм 24 после не многу долга врска Сега сме во исчекување на најмалиот член на семејството
Јас 18 а тој 22. Ич не жалам имаме одличен брак,едно синче (а сега и уште едно бебче е на пат). Среќни сме