На 25 години и искрено мене ми е уште поубаво во брак него ли во врска иако нема некоја особена разлика, ама добро, можеби тука има влијание тоа што јас и маж ми сме цело време независни од родителите и живееме сами зашто во спротивно не можам ни да си замислам како би изгледало да се живее во заедница и сигурно не би била олку задоволна.
Na 32 i iskreno do 30god ne ni pomisluvav,ama koga ke se pogodi partnerot,i koga se cuvstvuvas spremen togas e vistinskoto vreme,kolku li godini da imas.Ama mislam deka veke nemase sto da cekam,pominav i setanja i izleguvanja i se...sega mi e najubavo domce so mazeto.Uste da ne blagoslovi Gospod so bebence ,ke sme kompletni
Се веривме минатата година,јас 35 години а тој на 33. Овде да му е страм на човек да напише. Кој на 19 кој на 20. Ич не се каам што дури на овие години се омажив.И да се врати животот назад пак исто би постапила.Незнам младиве зошто брзаат.Дали им се бега побрзо од кај своите,ама гарант половина се покајуваат.
од кај тоа ти знаеш дека се покајуваат? И поради која причина се мажат, си чула за љубов? им се бегало од дома абе ајде... Ако некој се покае ќе се покае и на 40 и на 20, тоа не зависи од годините туку од изборот на партнерот. Можеби не е ок мажење на 18-20 години, ама за мене не е ок и мажење на 35 и 40 ( а во твојот случај само веридба, свадба кога на 45? М?) ако веќе е некој со партнерот долго време нема зашто да се чека години и години. Во контекст на темава јас се омажив на 26 и мислам таман е, во никој случај не би се влечела 10 години со дечко ми бегајќи од бракот ко да е нешто страшно. Мене животот ми е многу поубав во брак отколку пред тоа. Во бутикот каде што купував венчаница, ми велат не знам што се дешава последно време сите невести се над 35, не бива бе невеста на 40. И си збори женава дека на тие години таа имала веќе 10 и кусур годишни деца а оваа допрва облекува венчаница, Ова нешто како мода следиме, мажење под 30 е демоде и гарант бегаме од дома нАли
Tи отиде во бутикот венчаница да купуваш или со продавачката да ги разлагате нејзините муштерики која колку години имала кога дошла да купува венчаница и дали бивало или не бивало да носи венчаница на толку години? Значи на форумов можат да се прочитаат стварно паметни мислења, ама исто така и бескрајно глупи и без осет истропани зборови!! Штом ти си се омажила на 26, СООДВЕТНИ ептен години и години на кој што ептен БИВА да облечеш венчаница, кулирај и не туку држи лекции за туѓите избори! Којзнае дали ти е јасно дека за многу работи во животот не се случува се по наша желба, па така и за годините за стапување во брак, ама гледам оти не ти е. Размисли само колку околности треба да се вклопат за да се случи тој момент брак и многу други... или ај па со било каков и да е, ама венчаница пред 30 МОРА да се облече! Или пред 30 девојка нема брачна понуда сеуште, ама оти МОРА да облече венчаница до тогаш, оти нели после рокот на траење и изминува, ќе му отиде на некој што го намерила со сила! Глупости на n-та, еј!
@bridetobebt, можеше да реплицираш на постот на @galapce без да `удриш` по 35-40 годишните невести. И ајде објасни зошто не бива невеста на 40? Демек престарена е па не заслужува да облече венчаница? Или воопшто не е вредна за брак и треба да се затвори дома со мачките?