Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На колку години се омаживте?

Дискусија во 'Брак' започната од prettygirl, 26 ноември 2009.

  1. SaNJaAaaAaa

    SaNJaAaaAaa Популарен член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.468
    Јас 24, сопругот 30. После 7 години врска...
     
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.857
    Допаѓања:
    32.455
    Пол:
    Женски
    На 23. Можеше уште малку да почекам али бидна :)
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    24 ,макар што можев да си причекам
     
    На sugarlips му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.153
    Допаѓања:
    36.520
    Пол:
    Женски
    И двајцата имавме по 24 години. На мене ми беше роденден 4 дена пред свадбата, а маж ми после 5 месеци (истата година) наполни 25 години.
     
    На Роберт 7, sugarlips и Petar80 им се допаѓа ова.
  5. Monella

    Monella Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2013
    Пораки:
    2.086
    Допаѓања:
    31.966
    I dvajcata imavme po 24 god.
     
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.369
    Пол:
    Женски
    Имав 17 ипол кога дознавме дека сум бремена и почнавме да живееме заедно , додека сопругот беше веке полнолетен , имаше полни 18 . Официјално на 18 јас , на 18 ипол сопругот :) и не се каам воопшто . Еве веке три ипол години сме во брак , имаме едно синче и керкичка , која треба да се роди годинава .
     
    На Pcelka94, sugarlips, liliputt и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. ssweety

    ssweety Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Јас имав 23... а мм 25 ;)
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Читам погорните мислиња и се прашувам како не ви е срам?! 19,20, 21? Па така е кога со сексуални односи се започнува од 15. Размислив и дали да одговорам на темата. После на 35 со еден брак позади себе...Срамота !!! Срамота и греота е ова!!
     
    На Oscar Lady, anakonda88, mila1111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Cheryll

    Cheryll Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    35
    леле гледам сите 24-25 во просек. Лично за мене тоа е рано,јас не се чувствуам подготвена на тие години. Едино што ме загрижува е што ми се допаѓаат постари момци, во конкретниов случај се работи за 26 години ,а јас имам 20.Не би влегла во ништо посериозо, ме кочи тоа што за него +4 години би биле 30 ,а јас би била 24 и сега ве разбирам зошто можеби толку рано се мажите.Во главно 24 години за мене е рано и не би сакала..дури и да се одлучи да ме почека да созреам 33 години би го фатиле. Ни ваму ни таму...Дали има надеж работава или од старт да пресечам.. Инаку не сме разговарале на оваа тема, ептен гледа кариера па претпоставувам дека не би сакал во скоро време но ете кога тогаш ... Ваше мислење ? Инаку моја желба е до 30 години,сакам да изградам кариера и да уживам во младоста,тоа би било максимумот,минимумот 28/27 години подолу никако.
     
  10. mimi****

    mimi**** Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2015
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    3.636
    Пол:
    Женски
    Leleeee,sramota i greota,pa sto napravile tolku loso devojkite sto se mazat pomladi,covek da nemaat ubieno?Ne gledam sto ima cudno i loso vo toa,ako nekoja se cuvstvuva spremna na mladi godini da stapi vo brak,koi sme nie da ja osuduvame?Zrelosta ne se meri so godinite
     
    На Trxmx, YoungandBeautiful, Роберт 7 и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    Е на што личи јас 19, а тој 30?! Од такви немажените без сопрузи ќе останат!
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Јас имав 19 а тој имаше 28 и што требаше да не се мажам за да постарите што се немажени да имаат повеќе избор.. ??? Нема правило на колку ќе се омажиш тоа е индивидуално за секого , јас бев спремна и го направив тоа .. И имам прекрасен брак .
     
    На Trxmx, YoungandBeautiful, cresa-jagoda и 11 други им се допаѓа ова.
  13. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Jas na 30 soprugot bese 31,5.
    Sega da treba da se mazam ne bi pred 35 so sigurnost.
    Ima tolku ubavi raboti sto treba da se doziveaat pred da formiras semejstvo taka da se nema bas vreme za lulanje deca, a posebno da zavrsis skolo (ne mislam da zastanes na eden fakultet).
     
    На okcenzi и mila1111 им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.967
    Допаѓања:
    219.466
    Пол:
    Женски
    Оууууу знаеш што е срамота и греота бе женска тоа што се дразнуваш да попуваш врз нечии животи и бракови ете тоа е срамота да судиш и да береш гајлето врз туѓите животи наместо да гледаш да си го живееш својот живот.

    Си пробала некогаш да размислиш дека секоја индивидуа има свој карактер и има свои желби врз фунционалноста на животот? Ако нешто тебе не ти пасува ти не си никоја ама воопшто никоја да се дразниш да солиш памет на некого како да живее и кога да се мажи разбираш.
    Живееме во таканаречено либерално општество каде што секоја возрасна персона бира кога да се мажи сваќаш? Која си ти да наметнуваш на било кого како да си го живее својот живот. Ако ти не се гледаш во брак и во таков живот не значи дека некој друг се гледа в огледало како што се гледаш ти.

    Обиди се да погледнеш малку подалеку од својот нос и пробај да разбереш дека секој е слободен да прави со сопствениот живот што сака и како сака, не суди и не критикувај бидејки нит ти нит било кој друг е светец на овој свет, гледај повеќе за себе си наместо да си го губиш драгоценото време со туѓите животи и бракови.
     
    На Trxmx, Роберт 7, kim.k и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Sahlene

    Sahlene Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2015
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.220
    Пол:
    Женски
    ^Па не,напротив. Не дразнувам и не солам памет никому, само си го кажав мислењето. Подразбрав дека некому му е срам да остане неженет до пред 30сеттата. Дека после веќе е доцна. Ама ете, такво верување постои, ама тоа е, се вика МАЛОГРАЃАНСТВО... коа е веќе така не треба да се жалиме во подоцнежните години, туку секој да биде среќен со тоа што си го има.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ANGIE1

    ANGIE1 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2015
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    3.480
    Пол:
    Женски
    Ти не пиша дека не треба да се срамат неженетите и немажените , туку ти ги осуди тие што го направиле тој чекор на 19,20,21 година .. Поради млади што се мажат , постарите остануваат немажени ...
     
    На okcenzi и mimi**** им се допаѓа ова.
  17. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Штотуку го најдов одговорот на вечната дилема зошто цела екипа што сме околу 30 и над 30 сме сингл. :D:D:D
    Ретко кога некој во 30тите години се загледува во некоја толку мала, барем ги гледам другариве во моја близина кои и не се така малце. Баш напротив сите бараме некој со помала возрасна разлика кој веке ги има поминато работите кои ние сме ги поминале од типот на шетања, студирање, барање работа и слично за да немора допрва со него или со нејзе тие работи да ги проживуваме уште еднаш. |(Доста ни беше еднаш у животот непроспиени ноки ради испити,дремење дома ради испитна сесија, нервози зошто си со 200 денари во џеб. Што знам барем јас со моиве 28 години не би можела да бидам со некој пилиштарец од 19. Да го раснам допрва , ко што често сме се зезале не фала. Јас размислувам за тоа како да заштедам за кола или стан тој едина окупација во животот му е дали да седне да научи 10 или 15 страни денес. Ауф не! Ме потресе помислата на тоа.:D:D:D
     
    На LUCI 99, Adele86, fallenangel и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Не сум во брак уште, па кога веќе сте тргнале со темава кој на колку треба да се ожени/омажи ќе си го кажам и своето мислење.

    Според мене, и лично за мене најидеална возраст за брак би била околу 24, 25 или 26 години. Мислам дека веќе тогаш нормалните личности се веќе созреани и размислуваат за следниот чекор. Од секогаш сум сакал да се оженам на оваа возраст и тука некаде да се остварам и како родител, да бидам млад татко. :) Меѓутоа, најверојатно таа желба нема да ми се оствари затоа што имам други заостанати планови, па некаде околу 30 и нешто ќе биде и тоа, здравје.
    Во врска со оние што се зимаат релативно млади, од 18 до 20 и некоја година баш и не сум за таков чекор. Сметам дека треба уште малку да се запознаат, па после да мислат на тој чекор. Никогаш не би си дозволил своето дете да влезе во брак на толку млади години. И да, не ми се свиѓа таа „дупка“ во годините помеѓу некои парови, меѓутоа тоа е друга тема.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.369
    Пол:
    Женски
    Da se sramam bidejki sum se omazila mlada ? Se sramev na pocetok , ama svativ pokasno deka i ne e sramno toa , pa imase slucaj ovde dve ili povekje devojcinja na 16 rodija , pa nikomu nisto . A poznavam i bracen par ,koj imaat nad 42 a imaat 8-godisna kerka , koja cekajki ja da porasne malku , go izgubile vremeto za uste edno bebence , pa se kaat sto se zemale postari . Shalene nemas pravo da osuduvas nitu pomladi nitu postari . Se e individualno . Jas imav 17 ipol koga ostanav bremena so sin mi , i ne se kaam sto se omaziv i rodiv . Poveke ke se kaev ako abortirav , sepak se raboti sa nevino bebence .
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Bebulleee, Pcelka94 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    уште не можам да ги сватам тие што се омажија мали , мене на 27 години уште ми е интересно да играм супер марио :D
     
    На Neophodna, peperutche21, fallenangel и 6 други им се допаѓа ова.