а ти што мака имаш ако јас или било која се омажи на 18?Што тоа те тагира тебе ? Може да си дадеш свое мислење и толку а не да јадиш триц срам не срам
jaс на 25 сум мажена па од ни една игра се немам откажано, за супер марио нинтендото си го чувам и тоа заради него чувам и постар телевизор пошто на овие модерниве не фаќа, од 95та ми е, инаку си играм доста од игрите на фб домакинка нели значи не е страшно и да се омажиш, само освен виртуелно готвење и реално треба да зготвиш нешто
Ооо боже они малограѓанки а ти си една голема граѓанка (во наводници )израсната со глупи стереотипи дека младомажените се очајни глупи домакинки и ништо повеќе .
Па и јас се омажив на 20, па ич не ми е криво. Си купивме PS4 со маж ми и кога ќе сме слободни играме. И heroes, lol, heartstone се убивме играјќи. И да прошетаме, со дете, работиме и двајцата на места што ги сакаме. Баш е убаво, кога се сака се се може нели
Бре, ама ме нападнавте. Па не мислев да кажам ништо лошо и да ве насочам на такви мисли. А, и темата е кој како си ја сфаќа. А и чим така лесно се јавувате сигурно и не ви е баш така мило што "рано" сте се омажила...
Ne,izgleda tebe ne ti e milo sto ne si omazena.I mozes da si pises mislenje,no ne mora da vregas i ne gledam zosto so tolkava omraza pisuvas za devojkite sto porano se omazile,znam zeni sto se omazile na 19,20god.i se uspesni vo svojata kariera i prekrasni majki i soprugi
Темата вика на колку години се омаживте треба да пишеш на толку и толку и крај а не да јадиш трици кој што колку зошто нема потреба од полемика на ваквите ко тебе да даде господ векот и светот да не се омажат штом носат волку злобна душа
24 имавме и двајцата. Да знаевме како ќе биде и на 20 ќе се земевме, ќе бевме уште помлади родители и кредитите ќе ни беа исплатени хахаха. Како и да е сметам дека доколку има вистинска љубов и разбирање, борба од двајцата за поголем заеднички успех и подобра иднина годините не се битни!
28 се годините кога јас стапив во брак..:не ми е криво убаво проживеав ..факултет ,дружење,вработување)Имам 2 преслатки дечиња и 6 год брак,ама исто сметам дека ако се мажев порано би била помлада мамаали шознам јас, така ете требало да бидепоздрав
Ееееее aјде јaс мaлечкaтa невестa нa 17 се oмaжив среќнa сoпругa и уште пo среќнa мaмичкa сум нa синчињa 2