јас на 20 мм на 23 играјте супер марио со дечиња а не кога ке одите на родителска да го прашуваат детето дали сте му мајка или баба
Аууу не знаев дека е многу битно како изгледа мама на родителски. Јас пак цело време мислев дека е битно мама да е созреана личност и да може квалитетно да го воспита детето, а и секако да му обезбеди добра иднина, наместо да го учи игрици и губење време.
Како демек ова со смајливања троа исмејување е а??! Девојче, не сите се родиле подсредени за живот на своја нога со станови, куќи, коли, фирми и најразлични изобилства за егзистенција! Не сите се спремни и сакаат да думкаат деца само што излегле од школските клупи! Не сите сакаат да дремат со игрици пред телевизор и нозе у вис бе! Не сите сакаат и уживаат во тоа баба и деде пелени и каши да купуваат на нашите деца и да ги растат со нивните скромни пензии! Не сите сакаат и се спремни да изиграваат млади невести и да водат домаќинлк на 20 години! Воопшто не е вкусно некој да се дразни да соли памет некому на овој начин а со тоа автоматски и да навредува друг поединец што се решил да прво проживее дел сосема сам на себе си, да прошета, да се одмори, да створи нешто од нешто свое, да застане на цврсти нозе и пред се да има свој џеб за свој луксуз и живот и да биде оформен во својот карактер. Крај краева, секој е за себе и секој е со своите убедувања и желби за фунционалност на животот, некој порано некој покасно, но во никој случај никогаш не е доцна за отстварување на своите планови.
Може животот никогаш нема да ти понуди живот исполнет со станови куки коли фирми и некакви изобилства никому не солам памет кажав свое мислење туку ти да си кажеш кој купува каши и пелени за деца да си посолиш памет да не си без ништо.Не сакав никого да навредам заа разлика од тебе верувај дека ова го чита и жена што се омажила на 17 години. Чао Пријатно.
Абре @QueenP , ајде да ги баталиме колите, куќите, фирмите и се што си набројала ти погоре. Дали твојот памет оди до таа длабочина да размисли дека не секоја жена ја има среќата да го најде таткото на своето дете/деца на 18 или 20 години? Е ако ти отишол до таму паметот, ќе си се повлечеш од темата и нема да кажуваш небулози кои немаат врска со здрав разум. Во животот секој си е со својата среќа или несреќа, мудрувања на една ваква специфична тема за секоја жена се далеку од потребни како на форум, така и во реален живот. Еве ти си пишала дека маж ти кога сте се земале имал 23 год. Според мене таквите машки се сеуште едни обични пишпилковци кои јас никако не можам да ги замислам како фамилијарни личности. Ама јас тоа така си го мислам и си го чувам за себе, затоа што секој животен потег е индивидуален и за еден нешто е правилно, за друг е неправилно. Така и ти, зачувај си ги ваквите мислења за себе без да ги користиш за исмејување на некои кои се оствариле или ќе се остварат како мајки на СТАРИ години според тебе.
Да ти постирам слики од една роднина мажена на 18 која сега е 25, и познаничка мажена на 28 сега 35, децата им се генерација, нема да веруваш која е постарата Не е исто да се омажиш несозреан за дете па да се караш со него на кој му е редот да игра игрици тебе или него и да стапиш зрел у брак и да го научиш детето на битни работи а игриците покажала ти или не секако ке ги научи.
Е на што личи јас 19, а тој 30?Од такви немажените без сопрузи ќе останат! oвa не мoжaм дa гo сфaтaм никaкo ! Ццццц нa некoјa редoт сум и гo земaлa знaчи Сaкaле или не , пишaнoтo ниту мoжеме дa гo смениме ниту дa гo избришеме , сите си живееме свoј живoт и никoј не рaзмислувaме истo , сите сме рaзлични сo сфaќaњa .