На 33 години, после 6-годишна врска и претходно 5-годишно другарство. Мм имаше 30 години. Баш пред некој ден си ја гледав свадбата (поточно првиот танц) заедно со бебушот и тодлерката и поштено си се изнаплакав. А не дека е поминато премногу време, 5,5 години...
21 јас маж ми 28, врска на далечина, иди ми дојди ми бевме цело време (10 месеци ) не се каам воопшто, никогаш не сум била тип што сака лудории па да речиш млада сум живеј си го животот. Од тој ден животот и ни почна,си имаме сега бебенце слика негова од секогаш сакав млада мама да сум.. па 4 ни се во план
Нa 29, 3 денa пред дa нaпoлнaм 30 сакав се непaрнo дa ни е, јaс 29, мaж ми 31, нa 23.03.2019. И ќеркa ми се нa непaрнo се рoди 11.05.2019 19:35
Стапивме во брак на мои 29 години. Дека можев и порано, можев, само некако двајцата бевме флегми во врска со тоа прашање. Не мрзеше да планираме свадби и сите салтанати. На крај ни свадба не направивме, туку чисто собиранка, да почастиш нешто. Не го гледам бракот како услов за долга љубов. Има луѓе кои стапуваат во брак само да не се сами, или биле присилени на такво нешто, или ќе затрудне девојката несакајќи, па од што мора. Само да не им го скршам филмот на старите, и онака сум обратна со сите размислувања во фамилија, уште ова и шлок ќе ги мавнеше. Ама да се омажев на 23 и помалку, ќе жалев. Вака, во право време, на право место. Нема никаква разлика буквално, се сакаме исто, само мораш сметки да плаќаш, кредити и да се грижиш за домаќинство. Фактички бракот е трошок, зијан невиден. Кој би рекол дека еден потпис на папир месечно ќе кошта минимум 500 еу режиски трошоци.
Исто, ама ние направивме голема, дебела, македонска свадба по желба на господинот. Мојата желба беше 20-30 блиски, ама може во некој следен живот И јас да се омажев на 23 ќе жалев, а имав понуда ама не се осеќав спремна за тоа, не дека и на 29 нешто желбата за брак ми беше најголема на свет, ама неколку години стаж на работа, свои финансии, делумно остварени желби. Во брак влегов тотално неподготвена за тоа што е, само имав пари од работата, после моите ми препишаа и куќа, така да и имотно добив некоја сигурност. Ама дека нема трошоци во брак е лага, има, само во заедница е полесно дека ги делиш и се договараш за што вложуваш, ама ако имате заеднички интереси е многу поефтино заедно отколку секој сам во свое.
На 28 години маж ми 35, после 6 годишна врска и 3 години живење заедно. На 29 родив копија негова,само едно ми е мака што не родив порано
На 26г после 2год сега чекаме бебе. Ќе имавме и порано ама се средувавме финансиски, завршувавме факултети...несигурни вработувања Ама ете бидна
Нит сум мажена, нит дечко имам. Ама кога ги читам мислењата се повеќе и повеќе ми се намалува желбата за мажење.
Кога ги читам негативните мислења* А и најверојатно дека уште сум премлада за тоа, 21 година имам, уште долго време нема да сум спремна за толку многу обврски.
Ме побара еден месец пред роденденот, на 22 години, сега со полни 23 сме официјално во брак и чекаме бебе.