Порано сакав да се омажам на 30-31 година. Сега не сакам никогаш да се омажам, и така... Би живеела со тој што го сакам, ама не би се венчала со него можеби ако он сака да иначе мене ми е сосема небитен еден потпис во матично...
Одсекогаш сакав да се омажам на 23-4 години, но јас тогаш завршив факултет, па си велевме да се вработам прво па потоа за да можеже да имаме нормални услови и живот, и така се вработив стабилно рсб место и на 26 се омажив , сега за две недели поллнам 28 и си имаме бебенце од три месеци
На 7 дена пред 21 роденден се регистриравме мм 27 на многу кратка врска 9 месеци ама љубовта не бира дали 10 години или 1 месец.Пресреќни сме моментално 21 и чекаме бебенце
При крај на 25та Секогаш велев ако се мажам ќе биде на 30+ ама ете кога ќе ти се погоди човекот сами природно си идат работите.
Имам 25 не сум омажена нити имам дечко, искрено уште од малечка посакував да се омажам најдоцна до 25 но ете не секогаш оди се според планираното.. Би била среќна ако успеам да се омажам воопшто некогаш како што тргнала работава Како што читам во темава најчесто девојките се омажиле во раните 20-ти, и не ми е јасно искрено, каде ги најдовте тие момци кои на тие години размислувале за брак и ве земале? Да не ме сфатите погрешно, навистина ми е многу драго и ми дава надеж во позитивна смисла дека сепак постојат сериозни момци, но изгледа мене таква ми е ѕвездата постојано да налетувам на мажи на кои поимот брак им е непознат во речникот Не дека бракот е нешто најважно во животот и некое достигнување, секако дека не е има многу поважни нешта во животот, но како што одминува времето човек сфаќа дека сепак да се има свој дом и семејство е убаво нешто, и колку да не си таков тип.
На 28.5 искрено мм ако не ме притиснеше уште ќе си бевме дечко и девојка ако не му скиснев од чекање, после 7 г врска И вака ми е поубаво, само првата година правев фешти, кај мама па кај мама А откако го имаме син ми се прашувам воопшто што сум и чекала толку години да си го родам, ме промени до темел
На 26. Но немаше некоја разлика, бидејќи живеевме заедно пред брак 3 години, а веќе 10години сме во врска.
Кога ќе видиш каде живееме, и што све не се дешава. Не да не сакаш да се мажиш, ќе неќеш да се родиш..
Абе нема врска то кај живејме, работата е да најдиш асолен партнер. И јас едно време имав кренато раце. Од изборот што ми беше околу мене тој период, немаше ништо вредно за врска, не пак за брак. И бев на мисла да не се мажам при тој избор. И после, се заљубив во еден поинаков од сите
Не знајме кај ќе не однеси животот... Битното е да сме среќни со изборот. Дали со маж, дали без маж; Дали со деца, дали без деца.