Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На колку години се омаживте?

Дискусија во 'Брак' започната од prettygirl, 26 ноември 2009.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.024
    Пол:
    Женски
    Леле,ко ќе тупите вака во темите.... |(
    Ти можеш да знаеш само за себе,за други не.
    Различни луѓе имаат различни желби,планови и приоритети во животот.
     
    На cooll, Ouravanture, WildMk и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Marsic

    Marsic Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    639
    Допаѓања:
    1.105
    Пол:
    Женски
    Па ни секоја жена не е совршена за брак ме е само до мажот :) секој си има свој избор дали ќе се мажи или ќе биде мајка и незнам што. Мене не ме интерасира за нечии живот тука само си кажав мислење дека може поматака ќе си сакаат девојчињата или ќе си најдат среќа во животот никој не си ја знае иднината и на никој можеме да му велиме иди најди некој легни со него и биди самохрана мајка или ни едно машко не чини :) Секој си има право на избор. Вие сте негативните.
     
    На Cecko85, Angie1432, Milobebence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.405
    Допаѓања:
    16.962
    Пол:
    Женски
    Па и членката не ви кажа ништо лошо,никаде не кажа дека ако не се остварите како мајка и жена не сте успешни.Вистина е дека поголемиот дел од нас викал не се мажи,не раѓа,ама како поминувале годините се менувале работите.Секоја девојка која ќе се разочара во 20 тите е со ставот не се мажам,ама како созреваш наоѓаш човек со кој сфаќаш дека можеш да го поминеш целиот живот.
     
    На Snowflake97, Cecko85, Marsic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.024
    Пол:
    Женски
    Таа пиша „и те како ќе сакате“,што е лошо бидејќи е тврдење за некои кои не ги познава.И „може ќе сакате“ да пишеше,пак немаше да е во ред.
    Не се премислуваат сите.
     
    На Amellie13, mode-kristina и Ketchup им се допаѓа ова.
  5. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.164
    Допаѓања:
    3.617
    Пол:
    Женски
    До кога бе вака??
    За една личност да биде исполнета и задоволна не мора да стане сопруга и мајка и тоа не ја прави помалку жена.
    Не сме сите исти.
     
    На WildMk, Elf, firequeenn и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Mom's_life

    Mom's_life Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 септември 2021
    Пораки:
    1.058
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Добро ајде на клада да ја ставиме @Marsic и да ја запалиме така пошто кажала. И се запнавте ко око да му земала на некој. :puke:

    Јас не и го сфатив коментарот дека и е со лоша намера, туку дека се менува размислувањето и погледите на 20, 25 и 30 години. На 20 ако пишеш дека нема никогаш да се мажиш/родиш не значи дека во иднина нема да смениш мислење.
    Далеку од тоа дека брачниот статус или мајчинството те дефинираат како личност, отидовте у длабокото ептен. :)
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.158
    Допаѓања:
    125.024
    Пол:
    Женски
    Мислењето не ѝ чини.Некој/а ќе смени,друг/а нема да смени мислење.
    Не сме сите исти.
    Она може да тврди за себе,за друг не.
     
    На Stark, GirlLove и mode-kristina им се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.036
    Допаѓања:
    55.356
    Пол:
    Женски
    Проблемот не е да речиш дека може да се премислат, таа рече и те како ќе сакаат да се омажат и да се мајки понатаму. Како да тврди со 100% сигурност.
    Може ќе се премислат, може и не. Ама апсолутно нема потреба на помлади личности да им велиш дека ќе се премислат понатаму, сега не знаат што сакаат демек. И тоа звучи како да не си доволно жена ако немаш сопруг и деца.
     
    На WildMk, Anita Nikoloska, nextredstyle и 2 други им се допаѓа ова.
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    Not yet.
    Здравје, прво здравје Господ да дава, па се. :)
    Ќе се наредат работите.
     
    На Anita Nikoloska му/ѝ се допаѓа ова.
  10. stsmua05

    stsmua05 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    2.393
    Допаѓања:
    13.985
    Пол:
    Женски
    4 ипол години у врска.
    На 19 верена.
    На 21 регистрација.
     
    На Cecko85 и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  11. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Јас сметам дека брак пред 25 е многу рано.

    На 32 сум , дечко ми е разведен и сакаше на почеток да побрзаме за брак, јас не се согласив. Заедно сме 3 години, две веќе живееме заедно, на неполни 32 останав бремена и сега планираме брак. Само не знам и дали воопшто ќе се регистрираме. Јас сум против регистрација.

    Да се вратам назад, можеби дете би родила година две порано, ете и брак да речеме на 30 не на 32. Друго не би менувала. Тој живот меѓу 22 и 30 што го проживеав не би го менувала за ништо. Сега цел живот да не одам во диско нема да ми фали.
     
    На MakeDamnSure, Ouravanture, Anie93 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. butterflu

    butterflu Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    565
    Пол:
    Женски
    7 i pol godini vo vrska
    Na 23 se veriv
    Na 24 vo brak
     
    На Cecko85, Anita Nikoloska и stsmua05 им се допаѓа ова.
  13. Hecate

    Hecate Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2022
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    947
    Пол:
    Женски
    На 25 години сега имам 26.
     
    На Cecko85 и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  14. Ivanaahhh

    Ivanaahhh Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2021
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    106
    Пол:
    Женски
    Na 19 godini sega imam 23 godini i eden sin koj imat 1 godina
     
    На WildMk, Cecko85 и Anita Nikoloska им се допаѓа ова.
  15. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    22
     
    На Anita Nikoloska, Cecko85 и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  16. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Другарка моја се мажи на 22. Последна година на факултет. Дипломира мажена. Со мажот ѝ се изнашетани колку јас за 5 животи што нема да прошетам и секој викенд се излезени некаде. На 28 роди прво дете. Не се обидуваа за дете претходно зошто не сакаа, се земаа зашто почнаа заедно да живеат додека беа на факс. Така си сакале. Се роди детето и шетаат и со него секаде. Излегуваат и навечер, не како претходно ама кога можат да го остават детето-користат. Сакав да кажам, бракот не мора да значи крај на свет и дека ќе заврши “забавниот” живот. Некогаш и до луѓето е.
     
    На poi, Glowy, WildMk и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.848
    Допаѓања:
    19.551
    Пол:
    Женски
    Така е
    Кој си е од шетање и од забава и во брак ќе си го живеат животот
    Јас што ако сум слободна кога другарките што се во брак имаат подобар ноќен живот од мене и пола свет го имаат прошетано
     
    На Ouravanture, WildMk, Lovebug01 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.932
    Пол:
    Женски
    Ова се ептен ретки, на 20 најчесто се земаат зашто е трудна или зашто се родени во семејство кај што на 22 години си веќе стара мома и треба да заборавиш на социјален живот.
    Инаку убав е твојот пример, се гледа дека било од љубов, ама пак ќе кажам ретки се.
     
    На Glowy, Anie93, Ouravanture и 6 други им се допаѓа ова.
  19. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Може да зборете што сакате, но шетање во брак посебно ако имаш деца и шетање сингл или врска се две сосема различни работи. Никој не вика во брак да се затвараш дома, ама многу е невкусно да видиш маж и жена како се влечат пијани по дискотеки.

    Еве јас сум си по шетањето, патувањето и дискотеки, ама кај да одам сега со стомакот до заби.

    Плус меѓу 20 и 30 е период кога се пронаоѓаш себе, јас на пример се селев 4 пати за тие 10 години што за работа, пракси во странство, авантури... Тоа во брак не можеш, мораш да одлучуваш со некој друг, а често и да се откажеш од тие желби.

    Има ретки примери кај што функционира, но немам видено мажена жена на 24, а да оди на одмор со другарки.
     
    На Anita Nikoloska, elimkd и Осе им се допаѓа ова.
  20. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.744
    Допаѓања:
    3.571
    Пол:
    Женски
    Точно е дека многу работи се менуваат во брак ама сепак зависи до луѓето и приоритетите, размислувањата, менталитетот. На некој сатисфакција му е да се пијани на 20 а на друг да раѓа на 20.
    Точно е и дека човек најмногу се осознава во тие години ама пак не мора да значи. На некој не му е приоритет да студира, да шета низ државите, на друг приоритет му е да најде сродна душа со која ќе помине цел живот.
    На крајот од денот сето ова е индивидуално ама дека си ограничен до некаде во брак особено со деца - си само зависи до која мера од твоите потреби и желби зошто сите не сме исти.
     
    На Cecko85 му/ѝ се допаѓа ова.