Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На колку години се омаживте?

Дискусија во 'Брак' започната од prettygirl, 26 ноември 2009.

  1. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.498
    Допаѓања:
    201.462
    Пол:
    Женски
    Шетањето и излегувањето по автоматизам не значи пијанчење по дискотеки. Барем јас не го перцепирам така. Зарем брачните партнери не смеат да излегуваат и да се забавуваат, небитно дали заедно, дали секој со свое друштво?
     
    На Glowy, WildMk, Angie1432 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Баш тоа пишав дека не значи да се затворат дома, но не е исто излегувањето во брак и пред брак.

    Ок ако не пијанчењето, да го земеме флертување по дискотеки, запознавањето нови луѓе, танцување со пријатели (машки) итн... Тоа убаво ли е да се прави во брак? А е дел од сечие излегување на 22 години.

    И да, смеат да излегуваат, и убаво е да излегуваат посебно во друштво ама многу ретко го прават тоа. И кога излегуваат, излегуваат само жени, ко на чајанка. Немам видено мажена жена да излезе на пример со двајца најдобри другари од детството без мажот. Можеби има, но тоа е реткост.
     
  3. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.356
    Допаѓања:
    20.343
    Флерт со други е секако неверство и во врска, то ест и пред брак
     
    Последна измена: 17 мај 2022
    На cresa-jagoda, Lady D ❤️ и Осе им се допаѓа ова.
  4. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.814
    Допаѓања:
    23.384
    Пол:
    Женски
    Мене ми нема ништо чудно жена, мајка да излезе за викенд со женско друштво во дискотека, па и лом да се направи. :D Во кафани цело време го прават тоа.
     
    На theBride, WildMk, Anie93 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    2.170
    Искачањата и журкањата се можни и со деца, доколку има кој да ти ги чува на преспивање, и да е обострано задоволството. Син ми како помал многу кенкаше ако морав да го оставам касно навечер, а особено сега не сака да чуе да преспие негде.
    Е сега, без преспивање, може сам по сам посебно да излезегувме навечер со сопругот, ама ни тоа не е баш тоа. Дете станува рано, ти си се вратил касно,а после две три пијачки наутро у 06.30 кога ќе викне стани мамиииии - не знаеш каде се наоѓаш :(
     
    На kikikikirika, unearthlysarah, nevermet18 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Зошто мислиш дека сите ова го правиме? Еве јас на 22 се омажив, но со маж ми пред тоа речиси 7 години бевме заедно, од прва година средно бевме во врска.
    Ни пред да се омажам, ни сега нешто ми е сменето, се е исто. Не сакаме сите таков живот, менување партнери, дискотеки. Долга врска или брак исто е. И во долга врска не може да флертуваш, неверство е. Мене секогаш љубовта и фамилијата ме исполнувале. Сакавме да почекаме до 25 години барем, но убаво ми е и во бракот, не би сменила ништо.
    Фамилијата ме прави посреќна отколку пијанчење до зори и да одам со различни мажи и да ми се додворуваат. Никогаш не сум била ваква, не се ни каам што млада се омажив. Сите си правиме свој избор, нема нешто што е правилно или неправилно. Доста осудувате. Не ми смета кој се мажел покасно, кој како сака нека живее живот. Но, вакви навреди кон нас што сме се омажиле порано, дека сме неиживеани или како мажот врзани да не чува дома, што не ќе прочитам.
     
    На Kalince1996, dea.18, Cosmic Girl и 9 други им се допаѓа ова.
  7. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Каде тоа сум напредувала дека сте врзани за мажите и сте неизживеани? Одговорот мој се однесуваше на тоа дека излегување пред брак и во брак не е исто, не беше со намера да се навреди некој.

    Мене на пример не ме навредува начинот на кој си напишала излегување со различни мажи (звучи ко да сме скокале од еден на друг женет маж) и не ни било важно за семејство. Точно е, на 25 не ми беше важно семејстбото, да ми беше важно ќе се омажив со тој еден дечко што го имав за да формирам семејство, и покрај тоа што си имаше маани.

    Се согласувам дека тоа е индивидуално не сме сите исти. И јас во првиот пост си зборев за мене, дека јас така не можам. Сакам да си преживеам се во животот и тој период меѓу 20 и 30 не би го менувала за брак. Не е само одење со различни дечковци ко што викаш, тука е и кариера/пракси во различни градови и држави, дружење со различни луѓе, посетување разни курсеви, танцови школи, отварање фирма...

    На некој друг па може мојот избор му е безвеза, си вика подобро да се мажам отколку да се замарам по дејтови, по странство селење итн. Ќе си го поминам животот со еден маж, каков е таков е, мене ми е најдобар не ми ни треба да пробувам. Сакаат свој дом, а не да се селат секоја пола година во друг град. Или посреќни се да им плаче бебе до 5 сабајле, отколку да им думка музика. И тоа е сосем океј, сите сме различни.

    Лошото е, кога некоја како мене авантурист/ка се омажи на 22 и после и текне, еј ама јас тоа и тоа не преживеав. Па почнува секој што малку и се насмевне да и станува поинтересен од мажот. Уште полошо па ако другарките се немажени, и праќаат слики од дискотека а таа со денови нема спиено од што плачело бебето. Или тие си зборат за дечковци, а таа за кавгата со свекрвата. И така патат цели фамилии.

    Јас (лично за мене зборам, да нема навреди) да не си одживеав тоа што мене ми беше зацртано, досега ќе бев 5 пати разведена.
     
    На kikkki, CameliaMiller, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  8. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    1.416
    29 :inlove:
     
    На Anie93, cresa-jagoda и diskreten32 им се допаѓа ова.
  9. Loslassen

    Loslassen Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2022
    Пораки:
    300
    Допаѓања:
    473
    На 30 и 42, два пати.
     
    На Lilik, Didajo, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Liu

    Liu Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2016
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    2.501
    Пол:
    Женски
    25 :sun:
     
    На WildMk, Cecko85, Arjanit2021 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.989
    Допаѓања:
    14.096
    Пол:
    Женски
    Епа тоа е цела работа, ако има кој да ти го причува детето ќе шеташ ако не дома. Со дете си ограничен, кога си во врска или сингл не зависиш од никој правиш што сакаш кога сакаш во однос на шетање, со дете мора да имаш некој. Еден вид е обврска. Само поради тоа сакам што е можно подоцна дете, ради слободата ама во смисла јас да си одредам што сакам и кога сакам, а не слобода на варање и такви работи. Бракот ми е небитно кога ќе биде, повеќе размислувам за дете кога би сакала. Кога ќе планирам да правам дете само ќе си се регистрирам и тоа е тоа:)
     
    На Glowy, Angie1432, AAN и 2 други им се допаѓа ова.
  12. AAN

    AAN Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2022
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    На 27.
     
  13. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    7.578
    Пол:
    Женски
    На 19 :x
     
    На WildMk и elimkd им се допаѓа ова.
  14. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Си закаснила :D
     
    На minne992 и KiT им се допаѓа ова.
  15. KiT

    KiT Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    7.578
    Пол:
    Женски
    Многу (facepalm)
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Сум пишала веќе...
    На 25 се омажив.
    Да го запознаев побрзо, побрзо ќе се омажев.
    После 3 месеци врска, веќе знаев дека со него сакам да остарам...
     
    На Nana1156, GirlLove, theBride и 2 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Може и да си во брак и да студираш и да шеташ низ државите.
    Едното, не го исклучува другото.
    Оти да не е убаво?
    Кој ќе ми забрани?
    Маж ми градеше кариера и заврши магистратура, додека бевме во брак.
    ... во различни градови и држави.
    Да сакав јас да градам кариера и да студирам и јас можев.
     
    На stsmua05, Kasiopaja221 и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  18. Kasiopaja221

    Kasiopaja221 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2021
    Пораки:
    3.192
    Допаѓања:
    45.935
    Пол:
    Женски
    На 28
     
    На Anie93, minne992, KiT и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Колку долго си 'ограничен'?
    Првите 2-3 години, откако ќе се роди.
    Па и тогаш можеш да правиш се' што сакаш.
    Потешко ќе е, ама можеш.
    ... ако сакаш де...

    Се' зависи од тоа каков ви е бракот со партнерот, колку имате разбирање еден за друг, колку се почитувате еден со друг и вашата индивидуалност; и колку сте способни да правите компромиси.
     
    На Nana1156, Ygritte, Kasiopaja221 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Misskirova

    Misskirova Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2018
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    8.116
    Пол:
    Женски
    32
     
    На Anie93 и Beautiful Dreams им се допаѓа ова.