Слично како тебе мислам. Колку брзо проаѓа младоста, не стигнува времето за ништо, а еднаш сме млади... Што подоцна ќе се мажам, да си ги проживеам дваесеттите убаво. Триесеттите или евентуално доцни дваесетти некако ми личат во ред за брак.
Тебе никој не ти се обрати. По муабетов, ќе му дојде како ти да си прабаба, или у случајов прадедо. Whatever makes you sleep at night.
а на тебе па ич никој не ти се обрати. Девојката сама си ја напиша животната приказна дека поради сплет на околности се мажила на 32. Па ти си се толку испровоцирала поради непозната причина, како она тебе да те натерува да се омажиш на 32, и си не можела да издржиш. Ни ти не ми се обрати мене ама не можам да издржам да не вратам на безобразност. А она тебе никаде не те праша за дозлола дали е доцна или не, па дури и да ја жалеш.
На 40 години се омажив, среќно омажена...уфф како сум си го погодила тоа невероватно..фала му на бога. Тешко на тие што на 25 години се омажиле (оти така требало), ама несреќно, па сега мора да кукаат и трпаат. Сакам да кажам, нема врска годините, туку дали си среќна со таа особа..
Најсмешни ми се оние што се омажиле и родиле рано па се прчат со тоа-демек којзнае што постигнале во животот,а скршен денар немаат у џеб, па уште поставуваат граница до кога некоја требала најдоцна да се омажи и да роди, демек после тоа касно е веќе отиде возот за тебе. И тие што го зборат тоа се најчесто исфрустрирани и несреќни у бракот ама оди докажи им.