идеме доста долго со вереникот и сите околу нас знаеа дека ке се земеме само беше прашање на време кога почнавме пополека со подготовки па ни стигна и бебе на патот кое за жал растеше ванматерично и го изгубив ,но така требало да биде решивме дека сакаме да се земеме долго разговаравме на таа тема и двајцата сме сигурни дека сакаме да стапиме во брак.Им пожелувам на сите девојки на форумот да си доживеат свадба тоа е еден од најубавите моменти во животот
За мене најубав период за женење/мажење е од 28 до 32,3 година.Има многу многу побитни работи од еден брак во животот.Првин човекот треба да проживее,надживее,изживее се што му носи младоста.Треба да стекне добро образование,добра и платена работа,да се надогради и да созрее како личност па тек тогаш може да размислува за брак мада што гледав разни документарци многу западно европски жени и по 30 -та година излегуваат и се забавуваат и одлучуваат животот да го поминат сами.
Многу мои врсници го делат ова мислење, ама јас не се согласувам. Човек може да постигне многу и помлад, а работите може да се изживеат заедно. За жал познавам многу девојки кон крајот на 30-тите години, кои основањето или проширувањето на семејството го одложувале постојано, и сега не можат да имаат деца. Образованието веќе нема крај... за усовршување секогаш има место. Според мене треба да се прави се' заедно, паралелно да се тераат работите.
Ма какво мажење баш во цутот на младоста! Нема шанси ни да помислам, а не пак да се мажам.Образованието ми е во преден план, а другото попатно.Уживам во слободата и не сакам да си ги кратам крилцата.Не верувам во скоро време дека некој ќе успее да ме премисли.
Јас сум професор во средно, работам веке 6 години, сум на постдипломски скоро за мажење оти одам накај 30 год. а знам и тоа ке биде (дечко ми купи стан и сега заеднички го опремуваме) а никој од мојата средина не ги гледа овие работи и да рече алал да ти е се си постигнувате сами без ничии пари и помош туку само ми досагаат за мажење, та уште ли одите ајде на свадба оваа година и други такви коментари. Секој за да те повреди го нагласува она што го немаш а ти завидува на она што имаш. Јас од моја страна си молчам и не ги кажувам нашите планови та кога ке видат и стан и дотеран и работа и школо е тогаш ке ги шекнам , само чекам момент, како викаат прво прескокни па речи оп. Дури и тогаш ке велат ај дете , па добро ете дете, па после ај камо второ дете и така едно за друго до бескрај. Тоа е балкански тип на поврзување на работите . А и како што вели мајка ми мажењето е лотарија. На кој како ке му се погоди, некој од некука ке отиде во кука и обратно, некој ке добие стан на дискус од мама и тато(и така полесно е за таа одлука)некој ке гради кука од темел , некој ке печали пари за да си купи и тие се тие фактори кои се битни за порано или подоцна да се омажиш.А јас да прашам која девојка не сака да се омажи? Ама никој не признава дека сака да се омажи, туку ке рече има време итн.
orinoko ми се допага многу тоа што си го напишала А сега да се навратам на одговорот се омажив на 19 години
Jas se omaziv na 28 godini, zavrseno skolo, vrabotena, izziveana, no povtorno nekogas znam da si recam, trebase da pocekam uste nekoja godina... iako momentalno sum srekna od toa sto go imam i ziveam....
jas se omaziv na 26 godini , veke 5 godini sum vo brak , imam edni devojce i eden momce ubavce i sega sum bremena 2 meseca srekna sum ali zivotot nije ramen ima i brda
Мислам дека идеалното време за брак кај женските е од 25 до 30 години. Не сум мажена и ептен рано ми е (имам 18 години) и не можам да се замислам мажена на овие години. Бракот пред се е една голема обврска, и многу важен чекор во животот. А јас што се вели, не знам едно јадење да направам
нашето пукна завчера едноставно многу работи доведоа до тоа и сега нема свадба а ние си останавме другари добри и ако многу ми е тешко
Како блек ејнџел? Лелеее баш ми е жал Ајде млада си, знам дека сега мислиш дека нема повторно да се заљубиш, но како што кажале старите и мудрите-Времето лечи се. Ќе го поминеш ова и ќе се оправиш. Ти посакувам се најдобро
citam i se smeam....zasto se plasite da se omazite????ili cekate prvo kariera pa posle brak???ako mislite deka covekot sto e do vas e praviot zasto da begate i da odbivate???Jas imam 22 god,a decko mi (verenik)ima 28 vo vrska sme 10 meseci, pred 3 dena me barase za zena i jas prifativ.A vcera dadovme zbor....Ucam fakultet mi ostana uste edna god pa da go zavrsam...zdravje so gospod napred ke bide i toa...Inaku uste koga se zapoznav so nego nekako imav nekoe cuvstvo deka toj e vistinskiot ama go negirav aj vikam da zavrsam fakultet pa ako sum so nego ako bidne taa rabota neka bidne i samo go kocev....znaete deka toj postar vreme mu e da se zeni site sto ne znaea ni zborea "ajde sto cekate sto ne se zimate", a jas pametna im odgovaram cekaj fakultet da zavrsam....Nisto ne izleguva kako sto planiras.....ne sum trudna ama ete ne mozev veke da go negiram cuvstvoto i prifativ...pa zdrvje za ponaka sega ke imam da mislam na veridbi i svadbi mnogu sum srekna a i verenikot koga prifativ bese presreken...2 saati me guskase i baknuvase ne sakase da me pusti doma da si odam...Ajde sega sto ke se pravi i kako da se pravi samo so Gospod napred ke recam...nema veke planiram ova planiram ona....ke kazam samo SO GOSPD NAPRED I STO E MOE KE SI DOJDE.... Pozzzz
Се омажив на 21на година. Јас млада ,убава, висока, со добро градено тело,девојка мирна и фина од средна класа. Тој дечко единец на тато и мама ...Додека неговиот татко работеше во Германија тој тука лудуваше и ги трошеше неговите пари ,лова до крова што би се рекло.Мотори,коли ,луксуз,и јас сум тој сум -газеше се пред себе. Но ете еден ден застанав пред него јас .Средба на море -љубов на прв поглед од двете страни -љубов која трае и до ден денес .Најголем противник за нашата врска беше мојот татко...Уште ги паметам неговите зборови.Девојко тој не е за тебе, ти си добро васпитана, мирна и фина ,девојка без мана .Детево е мангуп. Но видете и татко ми згреши. Од тој мангуп успеав да направам совршен дечко ,сопруг ,татко,верен чувар во добро и зло. Од таа голема љубов се родија две прекрасни деца ...И во ниту еден момент не зажаливме што млади запливавме во брачните води. Ако животот ти е убав младоста вечно трае и трае -со по некој минлив проблем се разбира ...никаде нема совршенство .
Се запознавме на мои 18 а негови 20 години во Црна Гора, каде што претстојував кај мојата тетка која живееше и имаше свој мини хотел а јас и мојата сестра отидовме на помош во екот на сезоната... И тука го сретнав човекот на мојот живот. Фемина и бријче ви посакувам да го најдете човекот од вашите соништа.Да имате среќна врска и успешен брак. Тајната на успехот се крие некаде во самите вас.Ви посакувам на сите девојки да ја имаат мојата среќа и да успеат во животот , љубовта и бракот.Јас не сум светица .Јас сум само жена ,жена со мани и доблести ,но ете преодредено ми било да успеам и тогаш кога сите мои ми велеа дека ја правам најголемата грешка.А од таа нивна грешка остана само нивниот грев што ми бранеа да го сакам човекот кој остави се зад себе само една жена ,жена на неговиот живот.Мојот покоен свекор кој беше праведен човек знаеше да ми каже. Ќерко до гробова врата а и после неа ако има нешто таму ќе ти бидам благодарен што од моето палаво дете направи нешто што не можеше неговата мајка ...Направи човек.Ме држеше за рака и силно ја стегаше како да се плашеше да не ја изгуби таа среќа и радост што му ја полнеше душата кога не гледаше среќни рака за рака. Но не успеа да поживее па да не види и ден денес после толку години брак.
Prekrasno, stvarno, ljuubov, bajka, se shto iskreno go sakame na kraj uspeva. Sami si go znaeme nashiot pat. Bravo za odluchnosta i upornosta da ostanete so nego.