се омажив на 30год.,маж ми беше иницијаторот, а и добро што е така,да бевме двајцата исти никаде нема да бевме стигнати
Чувството е супер.Само знајт некогаш да биде многу напорно ,ти се излегвит -а немојш да мрдниш .То е малце зезнато ама тоа е.Ке пораснат.....
Се омажив на мојот 19 роденден бевме 2 години во врска а сега сме 3 години во брак.Сега да го вратам времето ке поЧекам барем усте 3-4 години а јас глупава ке останам не мажена
јас имам 24 а сопругот 27,се земавме за нова год,а во врска бевме скоро 10 год,од деца.Сега ние малку ке поработиме на деца
се омажив на 19 години и сме година ипол во брак. трчав некој да не ми го земе и што вика мајка ми "без маж да не останам"
jas na 23, na 24 si go rodiv prvoto dete na 25 vtoroto sega sum 26 i cekam vo sekoj moment da me fatat bolkite da si go rodam i tretoto.....preubavo mi e!!! Zenski,ne cekajte!!!!
Јас се омажив на 25 години. По една година ми се роди синот - Мартин, кој си го сакам најмногу на свет. Арно ама, нештата не одеа како што треба и сега Мартин расте само со мене, оти се разведовме со татко му пред една година. И не планирам да се мажам веќе никогаш.
Точно на мој роденден на 25 год. Не дека планирав ама ете така испадна спонтано и сега во ист ден си славам и годишница и роденден
Морееее види види,јас се си мислев дека границата на години за мажење е поместена и жениве тешко се кандисуваат за брак,ама очигледно сум била во заблуда Секој си знае кога е спремен да го направи тој чекор,јас викам само најбитно е психички да бидеш спремна за сето тоа,зашто да не се лажеме обврски има и како сопруга и како мајка....муабетов ми беше да не се избрзува (не мора да значи со години ) да не биде после е сега се каам,па разводи ...додуша во мода се сега На сите форумџики кои се во брак им посакувам среќа,а што се тиче мене да видиш чудна работа живееме заедно,функционираме како во брак да сме,ама пустото не ми дава срце сеуште да се официјализира тоа,можеби не се чувствувам па спремна за мајка
http://www.crnobelo.com/test-i-kviz/4046-test-koga-ste-spremni-za-brak eve test koj kazuva koga ste spremni za brak ako e tocno jas treba da se omazam idnata godina
jas se omaziv na 25, a pred toa bevem zaedno 3 godini na relacija Makedonija-Germanija....no se ni uspea ljubovta pobedi se...eve sega sme veka godina i 3 meseci vo brak, a jas sum 6 nedeli bremena..i imam prekrasen soprug....
hmm.. jas stapiv vo brak na 27 god. a bevme vo vrska 3 god, od koi 2god ziveevme zaedno, prekrasno eee... uste nemame deca, i nisto ne e promeneto izleguvanje , dtruzenje, itn... taka da uzivame vo bracniot zivot maximalno, najbitno e da ja imate pravata osoba pokraj sebe. [mod-kirilica:215kgpvr][/mod-kirilica:215kgpvr]
На 27 ќе се омажам за некои 20 дена. Во врска бевме 8 години и можам да кажам дека си ја изживеавме младоста. Излегување, дружење, факултет, заедно на одмор секоја година. Мислам дека ни е време, заедно живееме скоро 2 години и почувствувавме дека навистина сакаме дете, господ ни ја исполни и таа желба. Како ќе биде натаму не знам, ама ќе сум многу задоволна , ако е како и до сега. На младите девојки им препорачувам да не се мажат млади на 20 години, затоа што за се има време.
Се омажив на 25 години ,а заедно бевме од мои 19 (негови 20,5).За само два месеци од свадбата се роди и нашето синче и сега после 6 години сеуште ми е супер и се надевам така и ќе остане