Ауууу, јас најмногу сум чекала. На 30 некогаш мислам дека можев да причекам уште малку, некогаш дека сум можела и година-две порано.
На 21 и не се каам, се чувствуваме како средношолци иако тој е 9 години поголем од мене,а нему и време му беше а јас млада, убава, добра вила па како да го оставам да ми го зеде друга , инаку бевме 4години во врска, засега бракот ни е супер само уште едно бебенце ни фали, ама ќе биде и тоа
Видов дека си моја генерација (ако стварно имаш 23). Нека ти е честито и баш ми е мило што ти е супер во бракот. Инаку се извинувам што постов ми е офтопик, ама морав да прашам зашто баш со другарките се чудевме како девојките од наша генерација решаваат да се мажат... мислам нели ви недостига да правите глупости, да излегувате и сите оние работи карактеристични за наша возраст? Сепак мора да признаеме дека во брак треба да си малку поозбилен и ваквите работи не доликуваат. Па уште и ако се планира да се проширува семејството со бебе. Епа и тоа не ми е несфатливо како девојкиве чуваат деца... кога и тие самите се деца Навистина, немој да се налутиш, навредиш или нешто слично не ми е тоа намерата. Една моја блиска другарка се омажи баш на иста возраст како тебе, сега едвај се гледаме. Има дете и мора да го чува, ја разбирам. И баш ми е некако глупо што на 23 години е изолирана од друштвото... добро не е во целост изолирана ама тоа не е тоа како порано. Мислам дека има време за мажачки, имаме уште 2-3 години за уживање. Дури и ако типот е постар и веќе му е време, мислам дека треба да разбере и да почека.
Не си единствена... и јас на 30 се омажив Мислам дека најдобро е така, некаде околу 30-тата година Секој си има право на избор, ама мислам дека под 25 години е се' уште рано за брак. Јас во тој период не бев спремна за такви обврски.
На 26 .....и јас мислам дека ова е супер возраст за брак....никгаш не сум сакала ептен млада да се мажам но не и покасно од 28....ама сепак мислам дека секој со својата среќа и кога ќе дојде неговото време...правило нема....
Се е тоа ОК и до некаде се согласувам ама искрено мене не ми е јасно која е таа огромна разлика во состојбата меѓу заеднички живот и заеднички живот со папирче Ако парот е функционален, папирчето не менува ништо, не е дека у стил ќе се преобразиш како со магично стапче, тоа е oбична формалност ако сте биле во озбилна врска, значи и тогаш сте биле озбилни а немажени...шознам мене ми нема правило затоа што во заедничкиот живот со маж ми пред и после фамозниот потпис буквално ништо се нема сменето Инаку се омажив на 22 и воопшто не се чувствувам како во затвор. А за деца, зависи од пар до пар, а ние иако премногу сакаме деца, си играме со децата од роднините бетер од нивни врсници , не сме parent-people и барем засега гледаме да нема такво нешто. Вака ни е супер, пу пу пу
Морам да се согласам со poison.ivy. Не можам да сфатам како девојкиве се чувствуваат спремни да се мажат на 19, 20, 21, 22... Па тоа се најубавите години бе луѓе, и ме нервира кога ќе ми кажат "Ех, па јас се проживеав, и решив да се мажам" Абе дај што си проживеал, средношколското излегување не е некое си проживување, има доста работи. За мене бракот е една сериозна работа, во која намеравам да влезам тогаш кога вистински ќе се почувствувам спремна, зошто сакам со сите сили да се потрудам околу него. А не после да се правам пишман што сум се мажила толку рано, гледајќи си ги другарките како си излегуваат се журкаат, а јас да морам дома да седам со мажот. Па и да излезам со него, не е тоа тоа веќе,. Школските мои од средно почнаа да се мажат на 18, 20, 21... што е според мене претеризам. Ма уживајте бе цел живот ќе бидете жени, а само еднаш дете и девојка. Не за џабе секоја што сум ја срела ми рекла:"Немој си се мажила рано, уживај се додека можеш" Така да, за мене нормална возраст за стапување во брак ми е најрано 24. Од 24 до 28, максимално еве до 30. А лично за мене, мислам дека 26 е таман.
Да, така е Lacrimosa, сега ни се најубавите години Има време за мажење. Повеќето мои другарки се чувствуваат како деца од 17-18 год. јас не се чувствувам така, мислам дека можам да влезам во брак ама сепак тоа е преголема обврска и преголем чекор во мојот живот. Братучетка ми има 6-годишна врска со еден 29-годишен, повеќето на нејзино место веќе би се омажиле, ама она го дели истото мислење со мене, не се чувствува ич спремна за таков чекор на нејзини неполни 24 години.
Јас со две деца и факултет завршив и специјализирав,ми беше малку повеќе од напорно ,многу непроспиени ноќи,но сега откако децата потпораснаа си ги собирам плодовите од тоа во што сум инвестирала.
на 24 години ,ех се би дала само да не се случи тоа што ми се случи.најдобра возраст за мажење на 30 во ист пакет со бременост.
сеуште не сум мажена не дека ми е рано, ама не сум го нашла вистинскиот за брак, а и сега не е момент да размислувам на оваа тема, а и како што се вели дека со сила убавина не бива
Драга poison.ivy нема лутење нема навреда, знам сите така мислат но јас не го сфатив така, значи излегувам од мала се забавував, правев глупости можеби понекогаш ми фали и тоа но што е тука . Бев многу многу заљубена во него (и уште сум) и некако не можев да му одговорам не , навистина мислев дека ќе ме побара но не на 21 година, и тогаш знаеш јас како мислев дека најважно е да бидам со него, не ни рамислував дека ќе нема спиење до 2 часот, дека ќе треба да готвам , да перам , да пеглам едноставно само ќе живеам со него. не ми е скратено ни излегување ни дружење но сепак не е како порано. А за бебе да не велам дека 23 години е вистинско време да бидеш мајка но јас тоа го посакувам уште од многу одамна. Променета сум и тоа како, едноставно самиот живот ќе те нетера да се промениш-работа, факултет, домашни обврски понекогаш помислувам колку само е добро некој друг да се грижи што денес ќе јадеш, колку пари ќе ти требаат но јас сум среќна најсреќна што го имам него и сите маќи ги оправдувам со него
Големиот проблем со ваквите теми е стереотипизацијата. Значи ... најубавите години е нешто индивидуално за секого, кое доаѓа на возраст која е индивидуална работа и во одредени услови кои пак си зависат од еден до друг човек. А за зезнување, жена може да се зезне и на 20 и на 40 години, нема правило
Од мене имаш само Браво! Јас имам 20 год. и сум спремна за брак. Во врска сум со дечко ми година дена и фала му на Господ супер ми е. Студирам и мислам дека не би ми било проблем да имам и бебе и да продолжам со студирањето од кое никогаш нема да се откажам, ке учам додека НЕ МОРАМ да работам, со цел за подобра иднина на моите деца да им обезбедам. Ако дојде некое бебенце во стомачево, добредојдено е- секогаш
Се омажив на 20год, и родив на 20 прекрасна керкичка. Според мене многу избрзавме( бремена останав) ама не се каам, сега сум 23 сеуште си се дружам со другарките, наоѓам време за студиите и за излегувања. Ако се сака, се може да се постигне, треба само добра организација и подршка од партнерот.
јас се омажив на неполни 21 сега веќе сум 22 се надевам дека во скоро време ке имаме и бебенце супер ми е со сопругот