Ајде девојки..Објаснете како ја пеглате вашате коса на колку дена ? Јас мојата коса ја пеглам само за посебни пригоди.
Пред пеглање секој прамен го премачкувам со едно за заштита од топлина,а ја пеглам еднаш неделно(за викенд)
Косата не ми е сосема рамна па ја пеглам кога има потреба од тоа поточно кога не ми изгледа добро и ми фаќа разни правци. Не користам никакви препарати при пеглањето.
Два пати неделно. Некогаш се случува и цела недела ниту еднаш, зависи до ситуации. Поубаво се осеќам со испеглана коса па најчесто кога сум расположена знам да ја испеглам.
Околу 3-4 месеци немав воопшто приклучено ни пегла ни фигаро. Си ветив така. А сега многу ретко ја пеглам и виткам. Само фенот ми е обавезен. Оти многу сум нежна одмаааа се разболвам. Ама сега кога ќе се стопли ни тоа не.
Имам права коса ама ми е малце „збуфната“ и јас лично не си ја бендисувам иако сите ми се чудат зошто ја пеглам, едноставно друго е кога ќе ја поминеш со пегла.. Порано знаев да је пеглам 4 пати неделно после миење, и не можам да поверувам како останав со коса.. Премногу ми беше оштетена и не можев да ја пораснам подолго од рамената.. Сега ја пеглам само за викенд за вечерно излегвање, останатите денови ја носам или фатена или пред тоа ќе ја сплетам во плетенка за утредента да имам таласи.. Откако почнав да ја пеглам поретко забележав многу разлика и во должината и во квалитетот на влакното, инаку употребувам и спреј за топлина обавезно.
Не ја пеглам, имам права и бујна коса, не е потребно. А и да немав, веројатно немаше да ја пеглам, зашто според мене е аут пегланата коса, изгледа залепено и безживотно.
Не ја пеглам, а за посебни пригоди одам на фризер и таму ме средуваат. Jaс си ја имам упропастено косата неколку пати со таа пеглата
Мојата природна коса нема баш убава форма па со оглед на тоа секогаш ја оформувам,било со употреба на топлина или без.Што се однесува на пеглањето,ја пеглам еднаш до двапати месечно,не користам препарат за заштита,некогаш ја пеглам по слоеви,а кога се брзам само ја наведнувам главата така што ми виси косата надолу и во неколку прамени ја пеглам и сум готова за неполни пет минути,но така се исправуваат само краевите,па овој метод не би функционирал кај девојките со повеќе кадрава коса. hug: