Имам меко влакно,па без разлика на тоа што косата ми е природно права, врвовите ми се виткаат нанадвор (и тоа ме нервира), па најчесто после секое миење ги фаќам само врвовите со пегла. Имам и шишки кои претрпуваат секојдневен третман со пегла веќе десетици години, ама никогаш не сум имала уништена коса од тоа - очигледно добро и правилно си ја негувам.
ја пеглам 2-3 пати неделно. Знам дека е многу, ама ако не ја изпеглам ич не ми е арна. Арна е, ама за по дома. А со пелгата е топ. Користам expertia за заштита од топлина и силиконски капки за смирување на врвовите. Не ми се допаѓа кога е залижена, но ми се допаѓа кога ми е права.
Porano na 2 dena , posle mienje obavezno ja peglav i rezultatot bese uzasno tenko vlakno , kosopad , osteteni vrvovi , pa mozebi i povekje od samo vrvovi ( imav kosa recisi do polovina ) sega ja peglam samo za posebni prigodi , i ete nekogas ako me fati merak da si se sredam onaka kako jas mozam i umeam pa makar i samo mm i sin mi da me vidat rezultat , slabata kosa pak e tuka ama ne do tolku mnogu , osteteni vrvovi - vo pomal broj i opagjanjeto na kosata , samo koga mi e rep fatena ili na ceslanje , skoro i da go nema
Секој ден,и косата пак не ми е изгорена.Навистина незнам како е можно тоа,дали од пеглата,можеби се погоди според критериумите на косата или незнам.Ама ја пеглам секој ден па се случува некогаш и два пати дневно,имам права коса,ама не ми стои она стварно права па затоа..
Ако сакам да ми е во нормално стање морам после секое миење, значи коса ужас, ако ја оставам само така исчешлана тоа е најголема катастрофа во свет затоа или ја виткам ( со пегла) или пеглам за да личам на нешто. А што е чудно не ми е изгорена, фарбана, оштетена туку ете просто тенко влакно а пре густо и скроз испрекшено.
Прано ја пеглав 3 пати неделно и затоа сега имам расцветани врвови како метла.Сама си го барав.Прекинав да се пеглам во септември, и од тогаш ја растам косата, но во недела одам на фризер, мора да ги снема оштетените врвови.Од сега само за посебни пригоди ќе се пеглам.
Ја пеглав после секое миење, но откако ја открив четката од Авон и научив како да се фенирам сама, не користам преса воопшто.
Со пеглата што jа имам да се пофалам слободно се пеглам после секое капенjе на 180 степени пуштам и права перика ми е мазна и лска
Оваа четка. Пред да се фенирам, убаво ќе ја исцедам косата и ќе дувам малку со фенот, да не се цеди вода, нели. Па ставам едно средство Sutil за заштита и за сјај на косата. Па прамен по прамен со четката, и косата добива волумен, а нема потреба од преса. Убаво лежи, не како прекршена.
Два-три пати неделно. Косата ја шишав до рамена и ако на ја испеглам или извиткам некако многу лошо изгледа на таа должина.
И јас не ја пеглам воопшто едно 5 години Како метла ми се направи кога ја пеглав и ја ишишав, израснав и од тогаш пегла више јок Сега ми е бомбона
Порано ја пеглав почесто, сега поретко и само за посебни пригоди или излегување. Кога планирам да ја пеглам, предходно ја мијам и и ставам силиконски капки од авон, потоа спреј против горење од орифлејм кој не помага којзнае колку ама ми ја омекнува косата. После пеглање обавезно ставам уште малку силиконски капки на врвовите и тоа е тоа.