Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На која религија припаѓате?

Дискусија во 'Религија' започната од Angel-Adriana, 24 декември 2012.

?

Што сте по вероисповед?

  1. Муслиман

    127 глас(а)
    11,6%
  2. Друго (ќе појаснам во пост)

    90 глас(а)
    8,2%
  3. Православен христијанин

    865 глас(а)
    79,2%
  4. Римокатолик

    10 глас(а)
    0,9%
  1. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Католик.
     
    На LiliBoz му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    1. Јас не се декларирам како лутеранец, ниту пак Лутер се смета за основач на протестантизмот. Имало реформатори и пред Лутер. На пример Јан Хус.

    2. Лутер не се нарекувал „светец“, ниту некој од протестнатите го третира така. Тој е само еден од многуте реформатори кои ги поттикнале луѓето да ги баталат учењата и праксите што католичката црква си ги измислила за манипулација и профитирање од народот и да се вратат кон изворното библиско учење - проповедано од Исус и апостолите.

    3. Православните не се најбројни. Во светот околу 1 милијарда се католици, околу 800 милиони се протестнати, а околу 250 милиони се православни. Муслиманите сите заедно се над 1.5 милијарди.

    4. Не треба на секое прашање или цитирање да гледате како на напад. На форумов сме да дискутираме, да си поставуваме прашања и да даваме разумни одговори. Темите каде што само со copy-paste лепите житија од светци се типични за блоговите, а не за форумите. А блог е многу различно од форум.

    Исус го создал православието? :o Исус живеел во 1век, а православието се јавува на истокот постепено со појавата на иконите 5-6-7 век, а официјално источната црква се одвојува од католичка црква во 1054г и дури подоцна се појавуваат православните цркви.
    И што ти значи тоа Исус го создал православието? Зарем не мислиш дека Исус правел икони, учел да се клањаат луѓе на икони, да се молат на светци, да крштеваат бебиња, да осветува води, да фрла крстови по вода? Исус во евангелијата не и се обратил ни со „мајко“ на Богородица, а не па да ја обожувал и да правел култ од неа, да ја смета за Господарка на ангелите, за Владичица, Пресвета итн. Ништо од ова нема во Исусовото и апостолско учење. Затоа ме чуди како тоа велиш дека Исус го создал православието? :o

    Плус Исус бил крстен како возрасен, на 30 години, а не како бебе. Како тогаш велиш дека Тој бил крстен на начин на кој вие православните денес го примате крштението?

    Во Библијата јасно пишува дека апостолите одбивале да им се поклонуваат, при тоа да ги слават и велеле дека се обични луѓе. Во Библијата нема ниту една молитва упатена до некој светец, туку сите молитви се упатени до Бог. Тоа што некоја институционализирана црква ги канонизирала некои луѓе за светци, нема врска со нив или со Божјото одобрение да тие луѓе се третираат така. Најомразен грев што Бог го издвојува над сите други гревови во Библијата е идолопоклонството.

    Сум бил и тоа многу пати. Тоа е крајно субјективно. И будист ќе ти рече „не си бил во будистички храм да го осетиш внатрешниот мир и спокор...“. И муслиманот ќе ти го каже истото и будистот итн. И оние што медитираат ќе ти го кажат истото. Затоа пак ќе речам, да си била будист, сега ќе речеше: Ех, не си медитирал во будистички храм, па да го осетиш внатрешниот мир и спокој...
     
    На CameliaMiller и Lella им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Многу нормално е некој да те цитира прашувајќи те за твојата религија на форум во категорија Религија. Не сфаќам зошто не сакаш никој да те цитира, па за тоа служи форумот. Исто така, гледам дека напати спомнуваш дека сум те цитирала во друга тема. Дали тоа претставува некаков проблем? Тоа го направив само за да не бидам офтопик во првичната тема бидејќи знаев во кој правец ќе оди дискусијава. А и секако, не беше обврзана да одговориш ако не ти одговара темата. :)

    Друга работа, форумот не е за кратко изјаснување. Напротив, пожелно е сите што одбираат опција во анкетата или барем оние кои веќе решиле да напишат одговор, да го објаснат подетално, а не само католик, православна христијанка, атеист итн.

    Зошто да не објасни ако навистина сама ја избрала новата религија? Сигурно има некоја добра причина поради која ја избрала, која јас, еве, како член на форум, сакам да ја знам. А таа упорно бега од тој одговор и ми вели дека така се чувствувала, срцето, душата, црквата, литургијата, ова она, никогаш не давајќи ми конкретен одговор.

    И мене тоа не може да ме разубеди дека има некоја добра основа да ја следи таа религија, бидејќи истото ќе ми го каже и хиндуистот, дека така му кажала душата.

    Сè што се прашувам е зошто срцето не и' кажало да го следи хиндуизмот на пример?
     
    На CameliaMiller, Baby-bubu, crimson и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    The one that none dares to speak it`s name :devil:
     
    На CameliaMiller, Gosh, crimson и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.076
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Не ми одговори на прашањето зошто бродовите застануваат на полноќ спроти празникот Свети Никола,и тоа бродови ширум светот?

    Е сега види вака:Да,да,да православието го оформува лично самиот Исус,фактички по неговото воскреснување кога им се јавува на апостолите и им вели -Одете и крштевајте ги сите народи во името на Отецот и Синот и Светиот Дух.
    Тоа било пред 2000+ години нели?
    Е сега таму на некој си што му текнало да меша,па да одделува православни и католици т.е шизми и расколи,не знам таму.
    Јас прифаќам само дека православието постои уште од прв век,значи од воскреснувањето на Исус,ете тогаш е оформена и Црквата и се смета тоа како нејзин роденден :D
    За крштението,океј,се крстил на 30 Исус,но така требало да биде,а дали знаеш дека пред да се крсти Исус,Свети Јован Крстител веќе почнувал на некој начин да крштева веќе луѓе?
    И кажи ми барем една друга црква(освен православна)која го има заедништвото со Отецот,Синот и Светиот Дух?!

    Знам јас кој бил Лутер,иронично реков светиот,не ни мислам да гo направам светец :D
    Зборот ми беше,ако не му текнело него и на неговите колеги,да ги закачеа на ѕид тие тезите,што ќе беше денес ти,т.е во што ќе веруваше?
    Се запна библијата та библијата,не бери гајле,далеку од тоа дека не веруваме во неа,таа е пишувана од свети апостоли и секако дека е веродостојна скроз.
    Но,ете уште во првите векови,за напредок на православието со големата духовност на светите отци на црквата се додадени многу работи како:Икони,па почит кон Богородица како Владичица света,па исповед,пост и така работи до бескрај,но не сметам дека ниту една работа е погрешна од овие :)

    @Lella Лела бре,кој дел не го разбра? Упорно ти кажувам како се чувствувам духовно и пак не ти е јасно,дури срцепарателно ти изгледаше.
    Не бегам од никаков одговор,две страници наназад тврдам дека мирот кој сум го нашла во православна црква не сум го нашла никаде.
    И не само мир,и смирението кога постев,и молењето,и исповедта и одењето на света литургија и уште што не,па и сознанието дека Божји чуда се случуваат и слично....
    Сум била на миса во католичка црква,и ко турист во џамија во Истанбул,и не осетив ништо да допре до мене,е сега не сум била во будистички или хиндуистички храм,тоа незнам дали ќе ми разбудеше некое чувство :D
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На Vitaly, monibejbi, eli25 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    @Rama, да не те мачам повеќе, поентата ми е дека тоа што чувствуваш мир токму од православни работи се должи исклучиво на тоа што си родена во таква средина, а со тоа православието ти е наметнато. Под православна средина не мислам на семејството, туку и кутрата ни држава, па и форумов.

    На ист начин и на Индиецот му е наметнат хиндуизмот и мене ми е смешно што сите тврдите дека религијата сте ја избрале поради нејзиното учење, а не едноставно бидејќи е првата што ви се нашла на патот.
    Јас сум 102,5% сигурна дека немаше да бидеш православна христијанка да беше од Индија и немаше православието да ти дава мир.

    Пробувам да те натерам да ја гледаш the bigger picture. Вистинитоста на сите религии која многу луѓе ја поврзуваат со бројот на следбеници всушност се темели врз самото тоа што тие следбеници не направиле никаков избор.

    Заклучокот е, тешко да убедите некој дека една религија е вистинска поради тоа што баш таа ви дава мир од две причини:
    1. Фактот што сите, буквално сите религии го тврдат истото, а не се сите вистински.
    2. Тоа што по некоја случајност ~вистинската~ религија се поклопува со вашето место на живеење во 99% од случаите. Колку е веродостојна таа вистинитост сега ти самата запрашај се.
    И пак, не ти велам да станеш атеист туку барем малку да се заинтересираш за другите религии пред да тврдиш дека баш онаа што е најблиска до тебе е вистинска.

    Јас би била многу заинтересирана да ги слушнам причините на некој православен во Индија, ако воопшто има таков.
     
    На CameliaMiller, kim.k, Baby-bubu и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.076
    Пол:
    Женски
    Сигурно си слушнала за многу конвертирања од една во друга вера нели?
    Е,па мене не ми изгледа дека е до тоа во која средина живееш.
    Малку е комплексно ова прашање.
    Оти ако било до средината и наметнатоста немаше да постојат атеисти,или верници кои биле само крстени ко бебиња ама кога почнале да растат и истражуваат решиле дека не се пронаоѓаат во "наметнатата религија" и избегале од истата.
    Логички мене ми е вака,ете тоа докажувам,не се осеќам ни најмалку принудена да верувам во она што верувам денес,ниту дека истото ми е наметнато,доволно сум возрасна да разграничам дали нештото ми штети или користи.
     
  8. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.521
    Допаѓања:
    19.969
    Пол:
    Женски
    Мене од дома ми ја наметна вербата во Бог. :rofl:Озбилна сум. Едноставно ми беше така кажано, дека јас сум православна христијанка и тоа бев. Дека верувам во Бог. И верував. И покрај се што се учеше на училиште, мене дома ме убедуваа во друго. Поточно, баба ми ги коваше ваквите теории. ]:) Така беше се до средно, додека не се сретнав со предметот филозофија, а во чиј домен, ги разработувавме и религиите. Тогаш почнав многу да размислувам, да се прашувам, да читам. Да бидам искрена, јас секогаш имав некоја мала доза на скептицизам кога беше во прашање Бог. Долго време бев агностик. Завршив како атеист.
     
    На CameliaMiller, kim.k, Gosh и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Колку што има конвертирања, десетпати повеќе има прифаќање на верата од средината. Не десетпати, туку многу повеќе. Јас од сите луѓе што ги знам само околу дваесетина не се православни.
    Можеш да замислиш колкав е тој број православни меѓу кои се наоѓа некој тук-там муслиман или агностик.

    Секако дека сум заинтересирана да слушнам зошто тие што промениле вера го направиле тоа, а и to be fair, тие се единствените кои можат да дадат одговор, останатите за да не признаат дека слепо ја прифатиле верата кажуваат работи како ми дава мир во душата.
     
    Последна измена: 19 декември 2017
    На CameliaMiller и EvAngelos им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.652
    Допаѓања:
    79.507
    Пол:
    Женски
    Кога го начнавте прашањето зошто, еве и јас ќе си кажам за себе.
    Родена сум во православно семејство, со крстени родители кои ме крстиле и мене уште како бебе. Имаме икони дома, имаме куќна слава, што значи ги почитуваме светците. Тоа не е идолопоклонство. И тоа не се само обични луѓе, преку нив Бог дејствува(л) и ако се поклонуваме пред некоја икона, тоа е поклон пред Бога всушност. Мало објаснување е ова, не навлегувам. Ќе си се вратам на објаснувањето.
    Значи, семејството иако ми се смета за православно, татко ми е крстен но (сега барем) агностик е. Мајка ми е православна но не го познава многу православието, таа е само научена на него. Си присвоила и пагански обичаи. И си терав како неа некое време. Во средно се оттргнав од верата. Бев скептична за постоењето на Бог, а дури и истакнував дека сум атеист понекогаш. Во тој период се интересирав за религијата, за проучување на различните религии. И почнав да верувам во реинкарнација, што е белег на хиндуизмот. Верував и во судбина, што е белег на исламот. И така верував во различни работи, што испаѓа дека не верував во ништо... човек треба да избере една религија а не од сѐ по нешто. Значи јас од моите не наследив ништо, јас читав и барав логика и логиката ја најдов во православието, тоа со кое бев задоена од мала и кое потоа го оставив но на крајот му се вратив затоа што баш тоа е тоа во кое, како што кажав, пронајдов совршена поврзаност на сѐ што претходно во животот ми се случило. Одговорите на прашањата за кои немав одговор, ги најдов во таа религија и неа ја избрав. Сама ја избрав, никој не ми ја наметна. Никој од моето семејство не оди на литургија, јас одам. Никој од моето семејство не оди на исповед, јас одам. Никој од моето семејство не ги пости повеќедневните пости, јас ги постам. Што значи, не ми е наметнато, туку е лично мој избор. За чувствата па што да кажам, никогаш не сум се чувствувала подобро, позадоволно, посмирено. Колку повеќе учам за православието, толку повеќе го разбирам животот. Станав најдобра верзија на себеси благодарение на токму оваа вера. И нема потреба од убедување. :)
     
    На Feminka22, Rama, CoCoGiiiRL и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ја се извинувам за оф-топик, ама од целава дискусија мене ова ме забоде у очи :D:
    Признавам, прв пат слушам за ова и искрено, прилично сум сигурен дека не е точно.

    Би те замолил за линк до изворот на информацијата (освен ако не е некој портал, Вечер или Курир :D) - не мора тука, за да не сме оф-топик, може во темата за светци. :)
     
    На CameliaMiller, kim.k, Gosh и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Секако дека Рама или Битер погоре ќе одберат православие пред муслиманство на пример. Прво затоа што всадена е во нас несвесно или свесно одредена стравопочит од мали, друго што конвертирање во друга религија се смета за предавство, одрекување од себе, од ближните свои...ко да не сме свесни за драмите што одат со тоа па сега ќе се правиме наивни и ќе прашуваме зошто не земи некој да ги простудира сите религии и да си најде една по мерак, ко да едноставно омилена книга си бираш. И што е битно дали е Исус, дали е Алах, кога и така не постојат а на луѓето им е потребна верата за свои лични потреби, па чему замарање зошто баш Тој? Најблизу бил и врши работа :bandit:

    Православна Христијанка.
     
    На CameliaMiller, Gosh, Lilit и 4 други им се допаѓа ова.
  13. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.913
    Допаѓања:
    2.141
    Јас сум родена православна. Моите се правосславни но никогаш не биле многу религиозни моите..Сум во врска со човек муслиман не е тоа сега темата.Сакам да кажам дека откога ми се случија некои доста непријатни работи сум пишувала за тоа јас почнав да бидам повеќе релиогиозна зборам за мојата религија, пред тоа верував но се беше некако површно. Откога ми се случија непријатни работи читајќи го НОВИОТ ЗАВЕТ јас најдов одговори што дотогаш за мене дури беа чудни читајки но беа вистинити.Баш некои работи што дел ми се случија, немам потреба за ова нити да лажам нити да измислаувам. Ги најдав одговорите во новиот завет лично тврдам за ова.Јас од тогаш го читам се молам секој ден Исусовата молитва,постам за празници. Го најдов повеќе мирот со читањето порано бев некако повеќе агресивна незнаев како да го контролирам тоа и си имав проблем во врска со тоа. Сега поќе знам да се контролирам посмирено се однесувам во тие моменти гледам према моите родители да не им наштетувам посебно се однесувам повеќе со почит и гледам да не ги навредам блиските и слично. Не би си ја променила верата јас лично поради овие причини. И некој ако има некаков прихолошки или било каков проблем нормално покрај психолог нека проба на овој начин а би му совеувала со духовно лице. Ке му помогне верувам пошто сите ние имаме некој проблем живи луње сме и некогаш се наоѓаме во некакво искушение. Методот и начинот си го бираме ние самите.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  14. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Повели друже:D

    https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Свети_Никола
     
    На Rama, carangigia и Petra777 им се допаѓа ова.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Кај нас на факлтет беше забрането да се спомне Википедија, а не па да се служиме со таа страница.
    По сите предмети истото ни го кажуваа, ама и општо во животот не се потпирајте на факти од Википедија.

    Може секој да пишува што ќе му дојде на памет без да употребува сигурни докази.

    Не верувам дека @Bender Rodriguez мислеше на информација од Википедија, туку на веродостојни и постари пишани извори за светецот (ако има).

    Инаку и јас ја имам слушнато истата приказна за Свети Никола раскажана од постари луѓе...Нив сигурно им ја раскажале нивните баби/дедовци, но не знам дали некој има пишана информација.
     
    На CameliaMiller, kim.k, Gosh и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Тууу све едно исто, да беше ова да беше она, да се родеше ваму да се родеше таму. Епа и бабами да имаше пенис ќе беше дедо. Еднаш се раѓаме на едно место и нема што да размислувам како ќе било да сме се роделе во Индија или Саудиска Арабија. Ние можеме но немаме никаква корист од размислување такви глупости кога со тоа не можеме да смениме ништо.
     
    На baba Rada, Petra777 и Rama им се допаѓа ова.
  17. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet ke te zamolam poraka ako sakas da mi pises, bi sakala nesto da te prasam :)
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.652
    Допаѓања:
    79.507
    Пол:
    Женски
    Немаш таква опција, заклучен ти е профилот...
     
  19. Mari-Ja

    Mari-Ja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2016
    Пораки:
    1.518
    Допаѓања:
    15.090
    Пол:
    Женски
    Ne sum znaela sry! Ajde sega :)
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.076
    Пол:
    Женски
    Немам линк,да не се лажеме џабе :D да прогуглам не дека нема да најдам,но нема да ви биде релевантно и тогаш:P
    Инаку ова е 100% точно,така е векови наназад,а сериозна сум кога велам оти и денес се практикува тоа,точно на полноќ на 18 ти Декември застануваат сите бродови,неколку минути само...се чудам дека не знаеш,ај прашај некој постар ќе ти каже:wasntme: па за овај настан и на вести кажуваат бре:D
    Инаку,тоа е затоа што Свети Никола се смета за заштитник на морињата и океани и тако даље,една почест му оддаваат де,шоако8)
     
    На Petra777, carangigia и Vitaly им се допаѓа ова.