Сестра ми не е тука, во странство е неможам да и завртам.. и пишав па кога ке врати ке ти кажам. Тетка моја оди но касно е да и вртам, она 99% има број.. баш пред 4,5 дена ми кажа дека и локација сменил Туран, не е на истото место
Nema potreba da mu se javuvate, ne raboti so zakazuvanje.Otidete direktno na novata lokacija vo Taftalidze, vo blizina na gimnazija gogri dimitriv.Najdobro e rano od sabajle.
Ve molam za adresa na koja mozeme da otideme direktno zasto sum od Bitola i pod itno treba da otideme Blagodaram
Bukureska 5 vo Taftalidze ama mislam deka e na odmor do 01.09.ke ti go pisam mobilniot vo poraka pa mozes prvo da go iskontaktiras
Ве молам бројот на Туран, како му е работното време на новата локација, каде поточно е лоциран, со 5 ка може ли да се иде?
Да го споделам моето искуство со Туран. Мој впечаток е дека дотичниов има проблем со самиот себеси и е ментално болен. Отидов со болки во кичма. Првиот пат рече дека гарантира ќе ме средел со три третмани. По првиот третман не осетив подобрување. Вториот пат ме прашува дали сум подобро, кога му кажав дека мојата состојба е непроменета, ми рече да си одам и да не доаѓам повеќе. А претходно му кажувам каде ми е болката, тој-не лажи, не те боли тука, тука те боли. Работава беше он знае, а јас не знам каде ме боли. Ме обвини дека сум лажга. Најверојатно начин како да се ослободи од луѓето на кои не може да им помогне. Пред да одам и очекував ваков однос, но маката ги тера луѓето до одат и кај вакви нецивилизирани дивјаци. Што да се каже за човек кој себеси се поистоветува со Господ и се става над сите луѓе. Работи на диво, наплаќа на луѓето по 50 и 100 евра без фискални сметки??? Кога во здравството би се случило доктор да избрка пациент, тоа би било скандал, а кај таканаречениот доктор тоа е вообичаена практика. Во меѓувреме дознавам од роднини дека човек кој дошол од внатрешноста за лекот да го бара кај Туран, по првиот негов ''третман'', добил напад на жолчката и завршил во болница.
Здраво, можи некој да ми пиши контакт од Туран, адреса? И дали некој има искуство со болка и укоченост во вратот?
Дали некој бил скоро кај докторов? Сакам да одам имам проблеми со кичмата но незнам дали е ок да се јавам да закажам?
Исто сакам да споделам искуство со др.Анѓел Џамбазовски, направив 8 третмани, секој третман кошта по 1500 денари и сето тоа залудно фрлени пари! И после 8 пати човеков не ме познаваше и не знаеше за што сум таму, дури и ми вика последниот пат ти имаш дискусхеринија, тоа е сериозно заболување, но јас ќе го решам тоа......а јас немам дискусхернија, направив КТ и бев на консултација со еден трауматолог кој што ми кажа дека имам мн мал простор меѓу пршлените, но не е дискусхернија, а дотичниов професор дури и дијагноза ми даде.....само сакам да ве предупредам да внимавате каде одите и на кого верувате.
Јас се јавив ,иако немаше потреба, кажав дека сакам да одам,спомнав дека ме праќаат на операција, иако малку е груб ми рече кога сакам да одам.Работел од 8 до 12 часот пон-пет
Туран можеби не убаво се однесува кон вас но јас кога отидов два три пати и не убаво се однесуваше но како што одам 3 години тој ме засака и ме гушка, го научив каков е докторот значи треба да се однесувате културно и да не лажите и бидете упорни и тоа е се. Ме одби да му платам а бев за при крај и добар резултат имам но затоа што сум упорна и не го лажам и убаво се однесувам културно како и секој пат. Ви посакувам среќа.
Можеби некој има позитивно искуство со Туран но за него јас мислам се НАЈЛОШО и не би го препорачала на никого. Отидовме со маж ми да лечи почетна фаза на дискус хернија имаше болки па си реков може ќе помогнат неколку масажи но од таму маж ми излезе со пукнат пршлен. Вели за време на масажата почувствувал пукнање и го заболело и Туран рекол да не мрда во тој момент и дека болката ќе престанела штом стигнеме дома и ни закажа термин за утре дента. Претходно имавме направено магнетна резонанца, но по “масажата” болките му се зголемија кукаше и трпеше неколку дена и отиде направи снимка во Неуромедика каде потврдија дека има напукнување на пршленот. Само ние знаеме низ што поминавме цели 4 месеци поради тоа ѓубре од човек! Сеуште совеста ме јаде бидејќи јас го натерав да оди кај него читајќи вака по форуми колку бил “успешен во својата работа”.
Дали некој бил на крцкање и местење кичма кај Трајче? Илиако е каде да одам? Некој добар? И дали боли местење крцкање? Никогаш не сум била а ме боли кичма, многу. Фала.