Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На одмор со мали деца

Дискусија во 'Дете' започната од ane.bella, 1 јули 2011.

  1. stela 34

    stela 34 Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    82
    Na odmor,samo Nie placime na plazata sekogas koga odeme, Nie sme pod cador .......sonceto da ne ne fati......Voda ma kakva voda,ni koficki moficki nisto ne pomaga.......koga treba da se namackame so mleko...........okolnite posetiteli poubavo e tapi vo usite da si stavat, e Spieme po dva casa.........togas mama i tato se opustaat, veke koga pocnuva da se smracuva nie zivneme, pocneme da burickame po pesokot............Mislam mu smeta sonceto.....ke smeni.......se nadevam.......
     
  2. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    28.509
    Време и е на темава! Што планови имате... каде...со кого?!?!
    Испланиран ли е лениот одмор и кога ќе го реализирате планот!?
    Ние сеуште не сме конкретни со плановите, ама најверојатно во Грција на некое не многу далечно место заради патувањето со малата. Ми се има случено да поврати по пат, поточно тешко патува па ќе настојувам да патуваме ноќно време, дури спие.
    Друштвото ќе ни бидат парови со дечки на иста возраст како моја Леа, па се надевам да се заиграат дечките. Леа ми е малце посамостална во игрите, поточно сака сама да игра или евентуално со поголеми деца, врсниците и се неинтересни (зашо така не можам да сфатам).Па баш сакам да видам како ќе биде на одмор со врсници.
    Со храна пак исто како и минатото лето, овошје, зеленчук, млечни производи... воглавном не е прибирлива па некако ќе минеме. За спиење не знам како ќе биде, минатата година и во количка заспиваше ама сега сака во кревет, знчи ќе мора блиску до плажа да сме за да ја презаспивам попладне.
    Инаку спремни сме, купивме и купаќи и капче и сандали за плажа... Ќе ги искпористиме базентото и гумата од минатото лето, и уште многу други работи ќе ни требаат ама ќе се опремиме кога ќе дојде моментот.
    Се надевам дека и овој пат ќе сака многу да се бања и ќе ужива на плажа и во песок!
    Нестрплива сум да дојде моментот на подготовки и тргнување!

    Туку сакав да прашам дали некој веќе бил па да ни каже што се случува на граница? Прават ли проблем за внесувањето храна или не?
     
    На jasna83 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.712
    Пол:
    Женски
    Ние здравје во недела ке одиме за Грција.
    Освен лесна облека спремив гумени сандали за плажа,капче со стреа,марама за глава и гаќи за бањање.

    Базенти никогаш не сум носела.И двете од бебиња се бањаат во море.
    Мојата цицајки заспива или сама така да затоа не се грижам.
    Плажата ни е одма до вилата.

    Од храна ке земам само ноќни каши от тука друго ништо се има таму.
    И секако нешто против комарци,изгореници,електролити.
     
    На galapce, snegulkata и jasna83 им се допаѓа ова.
  4. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    28.509
    Оооо супер, убав помин! Сега привршувај со подготовките, уште малку време имаш. Туку да не заборавиш торбичето со лекови (за тт, за алергии, за свашта) мора да сме спрмни и со надеж дека нема да ни затребаат. Јас само потсетувам, инаку сигурна сум дека ти нема шанси да ги изоставиш;)
    Туку си велам и јас да не влечам базен, ама па се занимава во него , си игра... Неее, нема да и го кратам задоволството, ќе си го носиме со нас. Минатата година и во море го внесував, ептен радости беше.
    Сакаше нонстоп во водата, па само базенот не спаси, ставен под сенка и она си шлапка во него. А и јас така некако успевав да одморам малце.
    Туку заспивањето ќе е тешко, не верувам дека на плажа ќе ја заспијам.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.772
    Допаѓања:
    324.712
    Пол:
    Женски
    Мојата 2-3 пати заспа лани на плажа.Ама беше 10 месеци.Годинава не верувам.
    Јас гума мускули ке земам од таму.Ич нејкам мн да носам од тука.

    За лекови дури и претерувам.Од ханзапласт до антибиотик се носам :D
    Ама па така по раат сум
     
  6. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    И ние здравје во недела тргнуваме, за Грција истотака.
    @joy1 може ќе се сретнеме на границата :D

    Ние ќе тргнеме рано насабајле, така мм планира, мада јас лично прво би сакала натенане да доручкуваме и без брзање да тргнеме. Па ќе видиме како ќе испадне. Ако не постои доволно добра причина за рано тргнување, тогаш полека, после доручекот.

    Зедовме и базенче, мускули и гума и останати тракатанци за плажа, за син ми и малата.

    Од тука ќе носам теглички со храна за малата, и овошни и зеленчукови и ноќни и плус некоја кутија со житарки за спремање со млеко/вода.

    Блендер не носам, не планирам да готвам, евентуално ако и давам од свежо овошје нешто, ќе пасирам со виљушка или ќе грицка самата.

    Планирам кога дојдеме таму и на двете деца да им давам пробиотик неколку денови, ради промена на клима.
    Малку ме загрижува малата. И пробиваат четворките моментално. Ги гледам долните и се на пола пат, малку пробиени, горните не ми дава да и видам, па малку е поосетлива деновиве и се надевам нема да и пречи тоа и ќе може да ужива таму, а и ние со неа. :sweat:

    Од лекови ќе носам парацетамолот, сируп за алергија, синопен, пробиотик.
    Антибиотик никогаш досега не носев, а можеби не е на одмет. Не знам ни што антибиотик би земала? :?:
    Друго се може таму да купиме, ова за прва рака.

    Обавезно раид апаратчето за против комарци.

    Мислев да носам креветчето нејзино монтажно, ама се предомисливме, па ќе спие со мене на спална, а татко и со братчето.

    Баш ме интересира како ќе реагира на морето прв пат. :)
    Баткото ќе ужива тоа знам.
     
    На galapce, 1209, ph.orhideja и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.495
    Допаѓања:
    201.440
    Пол:
    Женски
    Вo принцип, пoмaли дечињa пoтешкo се зaигрувaaт сo други децa, нaд две или две и пoл гoдини мислaм декa мoже дa се зaигрa пoвеќе, кaј некoи дури и пoдoцнa пoчнувa тoa зaигрувaње сo други децa. Не му се секирaј нa дететo, се вo свoе време.
     
  8. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Ние пак и оваа година во куќата во Бугарија. Mногу ми фали Грчка за одмор, најидеално е за со мали деца но немаме средства оваа година, здравје идната. Да можам ич не би одела во Бугарија, ич не го сакам морето. Плус далеку ни е куќата од плажата, па често и со кола одевме, зашто со мало дете и 200 реквизити за на плажа се правиш жива вода уште во првите 200 метри. Веројатно одењето на плажа ќе биде само претпладне, после 12 ќе си одиме, па попладне ќе се шлапка во базенче во двор. И базенчето и гумата за пливање ги оставивме таму, не ми се влечкаа назад во Мк. Му реков на маж ми дури и да одиме на друго место, подобро ќе си купиме нови таму.

    Купачи имаме, многу смешно ни стојат бидејќи имаат триаголници за цицињата :) Сандали гумени исто така, наочари за сонце, шешир, кофичка со лопатка и гребло...Ми фали уште пешкир за плажа да и' купам бидејќи лани беше мала па носевме од тие бебешките триаголнести бањарки.

    Фала богу оваа година сме поштедени од носење специјална- бебешка храна и блендери :)
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Ние бевме на краток одмор, не проверуваат на граница ама ако јадењето било на "мегдан" тогаш реагирале, така ми кажаа. Нас не не проверија ама не ни носевме, во хотел бевме.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.223
    Пол:
    Женски
    Ние одиме оваа година во Август на 2ри во Неа Врасна, таму прв пат одиме. А во Септ во Неа Пори, местото ми е преубаво за со дечиња. Синко оваа година ќе биде поинтересен, ќе игра, ќе трча.. минатата година исто во Неа Пори бевме, ама имаше тогаш 4 месеци. А што е со јадењето? Нели пиперки и патлиџани само не смее да се носи? :D Ние малку работи носиме како и да е, лебче, тестенини, зеленчук и овошје од таму си купуваме. Месо носиме ако сме големо друштво, башка кумот ни е кувар, па уживаме на ручек :D а сами со мм кога сме оделе баш ништо не сме носеле, два кроасани и две води за по пат само :D имам уште месец до одмор, па не сум размислувала на таа тема, минатата година ништо не носев за синко дека беше само на доење, а оваа година ќе видиме, ќе кажете вие со искуство како сте терале :D
     
  11. Cokoladna<3

    Cokoladna<3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Мамички ќе ве молам за совет... бебушот ми има 7 месеци а сакаме да одиме на одмор,малку ми е страв да не е многу мал и како ќе ја поднесе климата на море дај предложете некои убави мирни места во Грција и све што треба да имам за бебушот ?
     
  12. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.228
    Допаѓања:
    76.223
    Пол:
    Женски
    Неа Пори, јас таму минатата година бев со 4ипол месеци бебе, но обавезно треба да се опремиш за комарци, има доста навечер :) Оди во Категорија Бебе, има тема Каде на одмор со бебенце? Таму имаш доста совети :)
    http://forum.femina.mk/threads/Каде-на-одмор-со-бебенце.17635/page-16
     
  13. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Ние во сабота тргаме за Метаморфозис, во куќичка одма до плажа, со двор со зеленило,така баравме да може малава да си игра надвор под сенка,плажата е пеш помалку од 5 миин ,буквално да претрчаш да се избања и вратиш.Исто плански биравме да може додека спие малата еден па др да се олади
    Список направив огромен ,минатата година бевме само Ох и бидејќи се има таму ништо не земав,сега мора на се да мислам....Далерон, газа, бетадин,п против алергија,против комарци,против изгореници,еуцерин,бекутан 50,топломер ,синомарин, раид за штекери......
     
  14. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    Се мислев и јaс дa пишaм вo темaвa.Лaни бевме нa некoј ден дo Oх. мaлoтo ми беше 10м имaвме бaзенче и седеше пoд сенкa,цицaше и ќе зaспиеше пa ќе гo легнев вo кoличкa.Амa сегa пa се секирaм,кaкo ќе биде,oди сегa рaзбирa,бaшкa не цицa ќе сaкa сaмo вo вoдa,пa нa сoнце,нее дете штo се зaигрувa дa гo зaлaжеш,или цртaни дa се зaгледa.Стaнувa кaј oсум,дoдекa гo средaм,дa јaде,кoгa дa oдиме нa плaжa,дaли дa се врaќaме зa ручек,и aкo дa кoе време,се ми е измешaнo и сaмo мислaм.Кaкoв ви беше вaс рaспoредoт мaјки?
     
  15. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Јас сум сега во Ох со дете 14 месеци како проба за одмор станува во 8,пие млеко и накај 9 на плажа до 11 30, мачкана со Бекутан 50 ,темпераментна е цело време шлапка во вода,каменчиња,со капче обавезно, таму накај 10.30,11 јаде овошна каша,доаѓаме ја средувам спие докај 15 часот,па игри дома до 17,штом стане руча дома и правам додека спие, во 18 на плажа намачкана пак ,саат два,се враќаме,средување,прошетка во чаршија,вечера ако сме излезени каша купувам ако сме внатре и правам палента,јогурт,к.млеко,бисквити со млекце....пред спиење млеке ,а заспива накај 21.30 најдоцна 22.00
     
    На galapce, tina-63 и mariatim им се допаѓа ова.
  16. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    За ручек мора да сум дома ем топло ем и да не е само домашна храна јаде ниедна зеленчукова каша не ми ја јаде од купените.
     
  17. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Превентивно давам пробиотик ден пред одмор по совет од докторката и сме немале стомачни проблеми. Од ск во грција не реагирале на промена на клима ама во охрид како бебиња знаеле да си го пореметат редот и да бидат по "напорни". Секое бебе е различно☺ само да не се изложуваат на сонце долго и сместување покрај плажа, најзгодно е за се.
     
    На espana и galapce им се допаѓа ова.
  18. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.856
    Допаѓања:
    28.509
    @mariatim Задолжително враќајте се дома во најтоплото (од 12 до 16 часот). За возрасние е исцрпувачки цел ден на плажа а не пак за мало дете.
    Инаку и мојата ќеркичка е темпераментна многу, дури се чудам кога ќе видам мали деца седнати под чадор на сенка а ние се трчкаме таму-ваму. Затоа си купивме играчки за песок (кофички, лопатки...) и со нив ја занимавам, или во базентчето со играчки па пак ни минува времето. Е добро де, и трчкаме малку, малку се караме... ама тоа е, со мали деца одморот не е одмор во буквална смисла на зборот.
    Минатата година Леа беше една годинка и 2 месеци, воглавном стануваше во 8, во 9 бевме на плажа до 12, потоа дома спиеше, одмаравме и јадевме до 16, па пак на плажа до18. Ужинките на плажа ни беа! Супер поминавме, едвај чекам да одиме и оваа година.
    Верувам дека убаво ќе се организирате... Убав помин!
     
    На mariatim му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.152
    Допаѓања:
    12.528
    Пол:
    Женски
    Знaчи гoре дoлу рaспoредoт ни е ист.Стaнувaме кaј oсум дo девет јaдењетo зaвиси.Пoсле пред спиење јaде пaк тoa кaкo ужинa,спие дo 15 15:30 дo 16:30 зaвиси кoгa стaнaл ручaме,пoсле ужинкa пa кaј 20 20:30вечерa.И др ме интересирa,oвa испaѓa кaкo дa ќе векувaме тaму aмa пaк...млекo,јaјцa,месo му дaвaм дoмaшни прoверени,е сеa зa тaму нз штo дa прaвaм штo oбрoци дa спремaм.Сoвет некoји oкoлу тoa би ви билa блaгoдaрнa.
     
  20. espana

    espana Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    1.676
    Допаѓања:
    1.952
    Пол:
    Женски
    Синопен маст за што ја користите кај деца.Јас земав сируп Лоратадин, вит.ц ,електролити, Далерон,гази,фластер, гел со алое вера за изгореници,бекутан против комарци ...др што?