На патувања со бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од friendy, 11 јуни 2012.

  1. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    27.213
    Пол:
    Женски
    Драги мамички, сигурно повеќето од вас имаат патувано со мали бебиња, па ме интересира, дојде лето, време е за одмор, дали имате патувано во странство, колкави ви беа бебињата, дали и какви проблеми имавте, на што треба да се внимава, без што да не се тргнува и сл. Исто дали ги имате носено малите бебиња на планина над 1000 м. надморска висина и искуството во врска со истото.
    Однапред ви благодарам на искрените одговори.

    Не најдов отворена тема, доколку има нека администраторот ја премести на соодветно место.
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.292
    Допаѓања:
    5.187
    Јас патував. Имаше 6 мес. кога за прв пат го качив на авион и однесов на море. Само ќе ти кажам каде и да одиш ќе ти биде еден од помирен одмор затоа што освен што цица и спие на плажа друго е се ок. Нема зошто воопшто да се плашиш, па и да го бањаш, нормално во морска вода или езерска ако е топло. После 12 се повлечуваш внатре и после 17 пак излегуваш. Мачкаш со заштитен фактор, сокче, чајче или вода при рака ако пие и тоа е тоа.
    Доволно е само што ќе сменат клима и ќе видиш добри резултати. После кога ќе пораснат и ќе сакаат се да фатат и одат во вода сами е тогаш е трчање по нив :) а како бебе немаш гајле.
    Ако го носиш над 1000м надморска прво еден ден ќе преспиете за да се приспособи на таа клима па потоа ќе го шеташ. Јас кога прв пат го однесов на планина беше многу мал, 1,5 год со мрсули до колена :) и таму ми кажаа да не го качувам веднаш горе на планина (нели да шетаме) затоа што е поредок кислородот и му треба адаптација. И така за 2 дена беше како нов.
    Нормално ќе си носиш резерва лекови - сирупи за недај боже, не дека ќе ти затребаат туку да ги имаш. Матичната знае, ќе ти препише се по ред што би ти помогнало доколку се најдеш во таква ситуација.
    Колку и да е лето и топло и каде и да одиш со тоа што не ја знаеш климата баш навечер, обавезно носи си нешто и со долги ракави. За нас можеби ќе е свежо и ок ама за него можеби ладно. Не му прави нагли промени од топло надвор и внатре со клима оладена соба.....
    Уживај додека можеш и додека е мало :) затоа што после секогаш ќе си на готовс и низок старт додека потпорасне
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.261
    Допаѓања:
    400
    Што мислите за патување на бебе од 2-3 месеца. Прашањето го поставив и на друго место, ама ме интересираат повеќе мислења. Ќе му смета ли топлина на плажа или без проблем ќе си седи? Дали ги внесувавте во вода?
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    17.963
    Допаѓања:
    151.594
    Пол:
    Женски
    Патувавме со малиот до Охрид, лани, кога имаше 2 и пол месеци - патувањето го поднесе супер. На плажа го однесовме два-три пати, ама не го внесував во вода, сепак беше мал и се плашев да не му е ладно, оти водата во езерото некогаш е навистина ладна.
    Во принцип, не одевме на плажа, повеќе се шетавме рано наутро или приквечер, па немав потреба да го мачкам со заштитни креми, ама ти ќе мораш, со оглед на тоа дека ќе одите на плажа, сонцето фаќа и под сенка. Јас го мачкав син ми само со Јекодерм, а дури ова лето почнав да користам крем на Бекутан со заштитен фактор 30, тоа само за тука во Скопје, исто наутро и попладне после 17:30. Пак ќе одиме во Охрид, ама за тогаш ќе си земам средство со 50 фактор.
    Внимавајте на составот на кремите со заштитен фактор, мора да имаат органски и минерални филтри и да не содржат парабени (Бекутан за жал ги има, ама доцна видов). Исто, како информација, кремот со заштитен фактор 50 на Еуцерин не е за деца под 3 години, исто и Нивеа... најдобро решение е Мустела 0+ со заштитен фактор 50, ама сигурно има и други поефтини, затоа што не секогаш името значи и квалитет.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  5. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    158
    Ние патувавме до Скопје кога малаа имаше месец и некој ден, ама моравме не за задоволство. Убаво поминавме, во автомобил со клима наместена да не дува во неа директно. Правевме повеќе паузи на водузх под сенка и тоа е тоа.
     
    На friendy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. taska

    taska Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    2
    Дајте усте искуства , јас се усте не сум породена , деновиве цекам и мислам у септември да идам некаде барем на неколку дена , само да сме зиви и здрави :)
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    17.963
    Допаѓања:
    151.594
    Пол:
    Женски
    Ајде олесни се прво, па после ќе му ја мислиш :) Инаку, колку помало е бебето, толку е полесно за патување. Нека поминат првите три месеци, барем раат да сте од грчевите, па после одете некаде ;)
     
  8. Beluvce

    Beluvce Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    5
    devojki na 31 juli ke letame od germnija za spanija na odmor so avion...kerka mi ke ima togas tocno 3 i pol meseci....dali imate iskustvo so let so avion na 3mesecno bebe?
     
  9. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    2.299
    Допаѓања:
    27.213
    Пол:
    Женски
    Се осмелив и го однесов моето 2 месечно бебе на планина, од 300 м. надморска висина на над 1100 м. и бев изненадена колку добро го поднесе и патувањето и престојот, дури поубаво му беше на планина.

    Немам летано досега со бебе во авион, ама познавам една пријателка која скоро дојде од Швајцарија во Македонија и поминаа супер со 3 месечната ќеркичка. Мислам дека колку се помали, толку е полесно да се патува со нив на било каков начин, дури имам сознание дека летањето со авион бебињата го доживуваат како возење во кола и дека доколку прави проблем во колата ќе прави проблем и во авионот.

    Убав помин.
     
  10. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    40.612
    Пол:
    Женски
    Мајки пишете искуство или дајте совет како да "преживееме" пат долг 10-12 часа, со кола? Малата тогаш ќе има 13 месци, ама искрено ме плаши долгиот пат и плус ќе биде пекол, јули месец. Дури малце се предомислувам воопшто и да не одиме, да не е сеуште мала.
    Имаме специјално седиште за неа кое малку се залегнува, но штознам, не ми делува како ептен удобно за долго спиење. Уште од сега сум упрпана :worried:
     
  11. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.774
    Допаѓања:
    17.217
    Пол:
    Женски
    Не да сум упрпана ... Ние јуни, бебе тогаш ќе има 10 месеци, 6-7ч пат со кола,имаме седиште и ние, но тешко ми е веројатно дека ќе може да спие. И јас се двоумам, но роднините се на мм а тој има желба да одиме, но не инсистира. Ќе правам напори, да не одиме, плус се работи за свадба, дополнително малтретирање за бебчо.
     
  12. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    И ние саκаме јули да одиме на подолг пат бебчо ќе биде 10 месеци сκоρо,имаме и седиште со повеќе позиции на седење и лежење,ама исκρено незнам κаκо ќе издρжи бидејќи е живец невиден не застанува во едно место подолго од 5 минути...
     
  13. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    2.693
    Допаѓања:
    90.181
    Пол:
    Женски
    Bogami temava e dobro so vreme da se aktualizira,se blizi leto,bebulinjava ke treba da vkusat morska voda ;) dobro bi bilo poiskusnite so vreme da ukazat kako da se izdrzi patot,na sto da se vnimava na more,so sto se treba da se naoruzame...iako mozebi e rano,leta vreme,kaj i da e ke dojdat maj,juni :)P.S.jas planiram dva pati da go nosam,pocetok na juni i vo septemvri da ideme,iako uste nemame siguren budzet :D Za pocetok do Grcija. P.S.mozebi prasanjevo ne e bas soodvetno za temava,mozebi ima nekoja pokonkretna tema na forumov vo stilot "Prvo letuvanje na bebe" ili slicno?
     
  14. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    40.612
    Пол:
    Женски
  15. lans

    lans Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Машки
    7mi juni porodeni,avgust vo grcija 20 dena so kola,dekemvri dubai 10 dena so avion,januari berovo vikend so kola,fevruari kipar 7 dena so avion od belgrad(do belgrad so kola),sledno april krf so kola.
    vo kola zakacis ipad na naslonot za glava,vo avion isto ipad i cicka na poletuvanje i sletuvanje.
    ne se tolku nezni kako sto babite bi sakale da bidat. na glava ni se kacija dvete babi za patuvanjava. karavanot vrvi,babite galamat.
    inaku da,na plaza nikako pomegju 11 i 17h, kupivme mal shator sto se sklopuva i rasklopuva sam vo disk-cinija golema. kupivme i mala guma za okolu vrat,ja drzi samo glavata nad voda a teloto e slobodno vo vodata da se mrda i shlapka.za so kola i onaka se zastanuva na sekoi 2 saati,i mozes da nadois i da smenis pelena na zadno sediste. zemavme elektroliti koga letavme,za promena na klima i proliv ako slucajno ima.
     
    На Shelea, joy1, awl и 3 други им се допаѓа ова.
  16. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Ние во април ќе одиме за Македонија со кола. Интересно ќе биде, бебчо е преактивен. Најверојатно ќе тргнеме околу 18h бидејќи тогаш заспива, барем 12 часа да е мир. :)
     
    На green.eyes и TIGARCE86 им се допаѓа ова.
  17. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    40.612
    Пол:
    Женски
    Па пиши ни искуство како сте поминале :)
     
    На wtff и TIGARCE86 им се допаѓа ова.
  18. wtff

    wtff Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    533
    Важи. ;)
     
  19. mila101

    mila101 Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2014
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    51
    Јас лани синко го носев на одмор 15 дена во Грција. Екстра си поминавме. ДОбро поднесе, воошто не правеше проблеми. Беше 3 месеци. :)
     
  20. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.209
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ние крај на април почеток на мај ке патуваме со авион. И тоа 2 во еден правец. Само со господ напред....
     
    На TIGARCE86 му/ѝ се допаѓа ова.