1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На што се должи неговото однесување?

Дискусија во 'Разделби' започната од TarantulaA, 20 април 2011.

  1. TarantulaA

    TarantulaA Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    19.586
    Пол:
    Женски
    ЗДраво!
    Идев со дечкото 3години.Ме побара за сопруга,а јас го одбив наведувајчи како причина тоа што неможев да најдам работа таму кај што тој живееше(имавме врска на далечина која совршено функционираше). После еден месец од оваа случка, како гром од ведро ми раскина.Од заеднички пријатели дознав дека нашол нова девојка преку нет(од друга држава).По нивното запознавање, во рок д еден месец се вери со нејзе(од нашето раскинување до нивната веридба поминаа 2месеци), тој се пресели во нејзината држава и нашол работа таму како програмер...
    Што мислите,дали ви изгледа дека од хир/бес/ разочарување се должи ова негово однесување???

    Ми рече дека сеуште ме сака....
     
  2. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    ја да сум на негово место исто би постапила, (се извинувам, само кажувам мое мислење)
    сте оделе 3 години и кога те побарал за сопруга си го одбила од причина дека нема да најдеш работа....
    мисламммм....
     
    На girlinlove му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    2.588
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    А како ти си претпоставила дека нема да најдеш работа? А што требало тој да направи, да ја остави работата и станот и се за да дојде тука да живеете? Што ако тој не најде работа тука? Си направила грешка што не си пошла ни на една недела да видиш како е, или пак не си се заинтересирала за работа да видиш таму. Ти ако го сакаше,ќе стапеше во брак одма без да има некои пречки. Можеби и затоа пошол со други. Неможеш да го обвиниш, тој тебе ти го дал срцето и те запросил а ти си го одбила.
     
  4. Podarok

    Podarok Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    76
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    Офффффффф мила многу ми е жал!!!ШТЕТА што не си размислила подобро,си требала да пробаш да живееш со него неколку месеци ама сега ТЕШКО Е АМА ЌЕ ПОМИНЕ или ако сеуште го сакаш пробај да се бориш на секој можен начин може ќе успееш,ако не барем ќе знаеш дека си се направила се што си можела...СО СРЕЌА!!!
    И не се нервирај се ќе помине и ти ќе бидеш среќна некој ден ако не утре,задутре,после 10 дена,месец се ќе се среди полека ќе се помириш :)
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.044
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    Си ја пропуштила шансата за жал. Не ти требало ... Ама ете едноставно се случило и нема назад, За работа не можеш да знаеш со сигурност ништо ... не било проблем ќе побараш ќе најдеш ... А вака си го изгубила тој што го сакаш.
    Тој едноставно како и секое друго машко после таков т.н. пораз, оди напред и бара нова шанса. И најчесто импулсивно го прават тоа ... може да е и доза бес, лутина ама не чекаат кога се решени за нешто.
    Сега може ете си ја нашол новата љубов меѓутоа никој не гарантира дека таа е и последната ... Може и ќе имате втора шанса пак да се сретнете ... животот е непредвидлив носи секакви моменти. Ама ти сега треба да се помириш со целава ситуација и да одиш понатаму.
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    Ти си згрешила. Дечкото воопшто не е виновен за ништо.
    Си изиграла нестабилно, тогаш кога требало да постапиш најзрело. Можеби ти е тешко, но сфати го тоа како реалност. МОжеби одбивањето му паднало тешко, а тој веќе имал планови за основање на семејство и општо за целата иднина. Не требало да го разочараш :(
     
  7. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    А искрено да те прашам, што всушност си очекувала? "Ние ќе се сакаме, а тоа што го одбив заради "работа" нема врска"? Тоа? Епа не, не не е во него грешката во тебе е! Тоа што тој си продолжил со животот без тебе ни најмалку нека не те изненадува!
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    Можда дечкото е материјалист, па му се појавила шанса во странство, убава работа... ти си го разочарала од една страна... тешко му паднало, поинаку го сфатил твојот негативен одговор... :x
     
    На Podarok му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.554
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    Бројче немислам така па сите ние си ја бараме среќата. А кога веќе девојката го одбила па нормално е што си барал друга сепак три години не е мала врска.
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    Јас ќе се надоврзам на овој коментар, не дека те напаѓам :)
    Исто така и дечкото изиграл нестабилно, несозреано. Требало и тој да има разбирање. Како што опишала таа дека раскинал како гром од ведро небо. Да раскине 3 годишна врска за некоја си девојка што ја најдел на интернет е ич не е за оправдување. Можеле да разговараат повеќе пати на таа тема, ние овде можеме само да погодуваме зошто раскинал ама само тој си знае што му се врти низ главата. Сигурно таа не рекла НЕ И КРАЈ. Можеби ќе имате шанса пак да бидете заедно, ако не пак тогаш ќе си најдеш друг не е еден и единствен. И подолги врски биле раскинувани па пак партнерите продолжиле по свои патишта.

    Баш и затоа што не е мала врската не требало така да раскине.
     
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.993
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    Луѓе извинете но, што ви е вас?! Го одбила со причина, па ајде нека се земат и нека живеат од воздух и љубов :fubar: Многу идеализирате, премногу. Со право тоа го направила девојкава, и мене сега дечко ми да ме побара за жена ќе го одбијам иако го сакам. Од што ќе живееме? Сега, тоа што тој бил нестрплив и потрчал да се ожени за друга, девојкава не е воопшто виновна. Ако е така, ајде сите да се испомажиме па ќе ги храниме децата со водух и вода. Ако тој не размислувал за иднината девојкава размислувала и добро постапила. Која шанса ја испуштила? Што, па друга нема ли да има? Ко божем шансата за мажачка е една и единствена во животот.

    Девојче, совет од мене, воопшто да не се заморуваш. Ќе помине време и се ќе биде во ред. Можеби и подобро што така направил, сега можеби не, но понатаму многу работи ќе ти се разјаснат.
     
    На enca.69, srcekrsacka, macence85 и 5 други им се допаѓа ова.
  12. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    166
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    и јас мислам дека си направила ти грешка што си го одбила ама сепак зависи и начинот на кој си го одбила му објасни подетално? имавте услови за земање ( имавте каде да живеете ?) претходно сте разговарале за овој чекор? а и тоа што нашол друга.... во рок од 1 месец? да не ја имал и пред тоа најдено? па вака ко си го одбила заминал одма ... што знам :tmi: не би те укривила не би те ни оправдала . можеби да разговарате да му објасниш убаво ... али сепак јас мислам дека си му ја ослеснила одлуката со твоето не па имал причина да замине за да не биде тој сосема крив (извини не велам дека не те сакал ама знаеш денес сите гледаат да за себе ) :*
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.064
    Допаѓања:
    56.295
    Пол:
    Женски
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    Тој планирал иднина со тебе, а ти си го одбила. Дали било оправдано или не - ти си знаеш.
    Е сега зависи и како си го одбила. Дали си му рекла "не сакам да бидам со тебе", или "не сме се’ уште подготвени и ни треба време".
    Тоа што се случило откако ти раскинал си е негово, човекот си продолжил понатаму, а тоа треба и ти да го направиш ;)
    Престани да си ја чукаш главата со "што ќе беше ако..." прашања и ослободи се за нова љубов. Ќе ја најдеш, има и за тебе некој ;)
     
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.923
    Ваше мислење...зашто така постапи?

    А бе ако нејзе не и одговара да биде со него таму кај што живее тој , едноставно не може . Од друга страна па и он не се потресол многу , после 2 месеци оп веридба . Се сложувам со Офи , а и со Ливинг . Тоа што си го одбила и што тој се верил со друга е знак дека не треба да се запрашуваш што би било кога би било . Било поминало ..
     
  15. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.554
    А што треба да прави да моли додека не прифати??? Па со оглед на тоа што одат три години се очекува брак, таа и самата требало да го очекува тоа прашање. Или па да одат уште три години, да не најде работа и пак да го одбие??? Точно неможат да живеат од воздух не ја осудувам девојката ама веќе кога го одбила не требало да очекува повеќе.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.372
    Допаѓања:
    63.411
    Пол:
    Женски
    А он не можел да најде работа ти кај што живееш? Како потоа одма нашол работа кај другата девојка и се преселил веднаш таму?
    Ова се некако избрзано се случило, некако делува како воопшто да не сте разговарале. Па за овие работи треба се прво да се договори, што, како, каде зашто, а не одма да или не. Башка три години не се малку, па така во вода да се фрлат. Ама изгледа дека е веќе касно за било што да се реши и да се бара кривица, само сврти нов лист, пушто времето да помине. Ако он решил да си ја бара сречата со друга девојка не би било во ред да се мешаш.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.993
    Зошто да не очекува повеќе? -Очекувала, разбирање од негова страна, но очигледно не го добила. Тој е кретенот во приказната, не е таа. Секој зрел човек размислува за својата иднина.
     
    На srcekrsacka и Sunshine88 им се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.344
    Според мене и поубаво што сте раскинале, зашто се ова ми делува несериозно.
    Ти го откачуваш туку-така, он одеднаш раскинува и се жени со друга.
    Тебе те разбирам што си го откачила, ама ако он бил сигурен во твојата љубов и ако ти си објаснила зашто така одлучуваш не верувам дека ќе те оставел.
    Па до толку детски се однесува што кај наоѓа друга за еден месец, па и за жена ја бара.Не ми е јасно како во тригодишна врска ниеднаш не сте разговарале за темава.Па и да не сте разговарале, треба доволно да се познавте за да знаете што сака и очекува другиот.
     
  19. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Незнам колку години имате двајцата, но штом толку долго си со него сигурно си размислувала на темата брак,и поодамна си сфатила дека не би можела да најдеш работа во неговиот град. Тогаш незнам која ти била целта со него, да бидите вечни дечко и девојка? тој да дојде во твојот град? или ?
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Совршенство е сега ме изненади, за тебе тоа молење е? Требале да разговараат не да се молат. Како што знам само во тинејџерските врски постои молење а во сериозните разбирање и разговор. Да не се повторувам се согласувам погоре со Офи и Фемина90.