1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

На што се должи неговото однесување?

Дискусија во 'Разделби' започната од TarantulaA, 20 април 2011.

  1. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Како прво ние не ни знаеме колку сериозна е била врската, ако била доволно сериозна зар предходно немаат зборувано за брак? Баш ме изненадува сепак три годишна врска ја сметам за сериозна. Зар ова е било гром од ведро небо? И од кај да знаеме можда на човекот му било дојдено до женење и затоа одма си нашол друга.
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Вие се изнапишавте а девојката ја нема :D се шалам :lol:

    јас сегде си барам двајца виновници па и тука двајцата сте криви. И ич не е битно кој поише кој помалку е виновен.

    прво, иако до негде те разбирам можеби не си морала така да го одбиеш. Кој знае какви мисли имал во главата наредниот месец дена. Дека не го сакаш, дека не си сериозна, дека не сакаш да се бориш. Си можела да речеш дека е малку избрзано, пример да се верите па да продолжите како порано и кога ќе сте се сределе свадба на големо да било. А така си му ги уништила соновите па сигурно немало да има смелост пак да те праша.

    А друго, тој чим така детски изреагирал, и одма со нова девојка при првата подобра прилика, тогаш љубовта се гледа. Сега можеби боли ама тоа е. Тој можеби и не очекувал таков одговор, па и бес и разочарување и се на купче и тргнал на друга страна.

    Сте требале да разговарате, вака, така, онака. Што понатака. Кај сме сега, што чувствуваме, се гледаме ли заедно цел живот ... и сите остали работи па би можела работата да се заврши поинаку.

    а мене и не ми изгледа дека сте имале кој знае колку сериозна врска, запто сериозното не се завршува само со крај е меѓу нас ок и чао. Се навлегува малку подлабоко во проблемите.

    Ова не е прв пат да слушнам после долги врски, раскинување и одма со нови.

    Сега мораш да се соземеш, што било и како било не е битно. Млада си и ќе најдеш некој нов. И ако не сте способни да се откажете од нешто, или да одите во друг град, тогаш со време треба да прекинеш пред да стане сериозно.
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Па да и јас сметам дека 3 годишна врска е сериозна врска и баш за тоа не треба да се раскинува така. Не дека ќе ја моли тоа е глупост. Требало да разговараат ама и самите не ја знаеме точно ситуацијата, многу малку е објаснето. Сепак девојката вели дека тој раскинал како гром од ведро небо што значи дека и таа била изненадена. Тој се фатил за нејзината изјава како конечна одлука и ја напуштил што воопшто не е коректно. Не го оправдувам.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ама го оправда :D
    На господинот можда му било дојдено до женење :^)
    Ајде мене да ми дојде до мажење (напоменувам дека сум сингл) и да одам со било кого да се мажам само затоа што мене така ми текнало и згора на се‘ тоа да биде потполно оправдано и нормално.

    NOT!
     
  5. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    20.853
    Пол:
    Женски
    секако дека пробав да му објаснам на што се долши моето НЕ. И претходно разговаравме на оваа тема, и му казав дека сакам да сум финансиски самостојна кога ќе влезам во брак. Не,не би чекала уште 3години за да најдам работа па да се омажам...Не би ги откривала деталите...Малку е покомплицирано....Според мене, со неговото прашање,ме стави пред “свршен чин“- да одберам меѓу него и мојата желба за самостојност! Зар тое е безрезервна љубов?!...Може вака,кога пишав на форумов некои работи и ми се искристализираа...Беше супер дечко,никогап нема да го сметам времето поминато со него дека било “за џабе“...Можеби само беше недоволно зрел,и исплашен од ситуацијата во која се најде во тој момент-имаше домашни проблеми...А јас и понатаму си верувам во вистинска љубов!

    ...Фала на сите што го дадовте своето мислење!
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Упс сум заборавила на крајот да ставам смајли очигледно не си ме разбрала. Далеку од тоа дека го оправдувам или осудувам не сум компетентна за тоа :)
     
  7. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Многу несериозно.И двајцата носат вина.Ти од каде си убедена дека нема да најдеш работа таму?Си се обидела?Одма,неможам готово крај..Он и покрај тоа што си го одбила,зошто одма се залетал по друга?Тоа ми личи на незрела и лабилна особа,ако е така и подобро што завршило вака,таков не ти треба,на секоја препрека такво решение да применува.. :sweat: Само ако може да ми кажеш дали нешто разговаравте околу твоето одбивање?Зар не проба да те разубеди,да те премисли,зар таква љубов лесно прегазил?
     
  8. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    20.853
    Пол:
    Женски
    @ LilMissBossy: Да,имав ја пробано да најдам работа.Живеев 3 месеци таму кај него и беше многу тешко во толку краток период да се најде работа. Затоа јас предлагав да пордолжам со барањето работа од Скопје( а врската да си ја продолжиме вака,на далечина). Му имав кажано дека несакам да се мажам додека не го решиме мојот статус со наоѓање работа, а тоа секако не би било во неограничен временски период.

    Да откако го одбив, се потрудив да му го објаснам мојот(гореневаеден) став во врска со мажење и наоѓање работа...Мислам дека премногу беше себичен за да ги сослуша и моите желби..А подоцна, егото несакајќи му го повредив...Никогаш не се обуде да ме врати...Ме избириша од секаде...скајп, фб...Незнам дали навистина ме сакаше...А за мене, ОН беше ЕДЕН и ЕДНИСТВЕН!!!
     
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас мислам дека е ок што постапила така, тој и докажал колку ја цени и сака, што ја преал за некоја си виртуелна, што сигурно не ја познава толку долго. Можда е глупава причината заради која одбила, но од друга страна....Зошто??? Па и јас не би се омажила доколку немам работа, не е тоа ситница. Алоо брак, сметки, храна, шетање, деца....зар е едноставно тоа. Но, штом ќе најде работа ок. А ако тој навистина ја сакал за жена ќе се потрудел да и помогне во потрагата по работа, зошто сепак ќе градат заеднички живот. Мене ми е сомнителен типов....Тек така со друга да се жени....колку да се рече дка има жена????
     
    На sarrra му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sarrra

    sarrra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    7
    мислам дека типов ептен бил неозбилен или бил ептен разочаран штом си дозволил да се ожени со друга девојка што тек ја запознал и тоа виртуелно....ааа можеби тој се оженил за да замине од државава и да си ги разбистри своите мисли.....иии девојката вели и дека имал проблеми и дома...можеби сакал да избега од се, од сите разочарувања :?:
     
  11. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Не те обвинувам тебе... Од едно НЕ наеднаш во земја да пропадне ? ! Ма дај.... Мене искрено ми изгледа дека човекот си поминал по редот те прашал со оглед на тоа дека сте имале долга врска знаел како дишиш како размислуваш ... И као тој наеднаш се заљуби па дури и се верил :^) за само 1 месец хах ... да да секако... |(

    Гледај напред тој е сега во твоето минато не требало да биде не е крај на свет ..... ;)
     
  12. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    сметам дека не си во право. сепак е мое размислување. Те сакал, дури те побарал за жена. Бар тие што се побарани знаат низ се што поминале нивните партнери собирање на храброст, одбирање на чин како ќе го направат тоа а сепак добиваат едно НЕ. Јас да кажев не мојот веќе воопшто не би бил со мене. Ќе се запрашате зошто? Нема зошто едноставно е исто како да му кажеш не те сакам или му раскинуваш. Работа како работа ќе се најде, сигурно треба да се има предходни планови пред да се стапи во брак па ете кој ме читка знае дека сум верена а свадба ок де ќе се направи нити брзаме нити ни се брза само уживаме верени и во сето она што ни го носи овој статус :) Така да сигурно ќе сте нашле некое решение, доколку сте се сакале и доколку го сакавте и двајцата тоа но очигледно ти не си сакала да се земете со тоа што си кажала не, и нормално е дека ќе ти раскине и ќе биде повреден. а за наоѓање на друга, кога сме кај тој дел може типот е постар па време тече сад :) па си нашол прва прилика а после долга врска машките немаат живци да се шеткаат и тепаат време туку веднаш ја бараат за жена новата девојка со цел да не им биде џабе одењето, (земајки го овој случај дечкото ја користи шансата на пеперутки во стомак и заљубубање, повреден од едно не може си вика дај ке ја побарам, и ако пред се е поголем нема што да се замара со одење ако смета дека тоа е тоа). и пред се секогаш кога излагате од долга врска со следниот одма следи за кратко брак па кој има живци да поминува низ исти работи ??
     
    На maca78 и sarrra им се допаѓа ова.
  13. TarantulaA

    TarantulaA Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 март 2011
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    20.853
    Пол:
    Женски
    @karak: бракот е една зедница основана на доверба, компромис а не терање инат! Не ме осудувај затоа што сакав сопствениот идентитет да си го задржам и да остварам некои си основни цели во животот! Јас му бев подршка во се, се жртвував, го ставив и семејството пред него..А он?! Цело време му трубев дека го сакам ,ама не е правиот момент за engagement...А он?! Си замислил господинот нешто...Тоа ме натера одпосле да размислам, дали да останев со него ,можеби за сите животни ситуации и одлуки ке мораше да биде по негово....Губењето на сопствен идентитет во една врска или брак, КАРАк, лесно се губи...А тебе шо ти менува сеа што си верена?! Демек љубовта ви е посигурна и неможе да те извара и слично?! Веридба ,а потоа и законско озваничување,според мене, е потребно за децата потоа да се во законска заедница...И ако ми е до уживање со пртнерот, вака или онака (верен или неверена) ке си уживаме...
    Немој да мислиш дека те напаѓам,ама...мислам дека немаме исти погледи на партнерството
     
  14. AdoLf

    AdoLf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    13
    Те лажел сестро цело време пријателот, а те побарал за жена од излив на емоции а не од нешо појќе ќе видиш и дека со та другата нем да оди работава долго!!!
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    толку бизерна причина да му кажеш НЕ! ако го сакаш со него би била спремна на се, впрочем ако не си го сакала немало со него да си веќе 3 години.. според мене не си во право ти си виновна..
     
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Јас мислам дека таа од нет не му е туку така од ведро небо, туку дека си имале тие шуш-муш подолго...Се јавуваат симпатии и разни емоции кон други особи без разлика дали сте во врска или не, тоа не е тајна, и мислам дека типот бил на двоумење, а ти со твоето НЕ едноставно си му ја олеснила работата...
     
  17. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    Прво: ти си згрешила кога си му рекла не, мноогу банална причина е таа дека нема да најдеш работа - НИКОГАШ незнаеме што ќе најдеме и што не чека :!: .
    Второ: таа од нет, не е од ведро небо, си контактирале они сигурно и пред тоа, тој може идел со тебе ама па и вашата врска била на далечина..
    Значи, било што било, а како што ми се гледа не било некоја силна љубов така да продолжи си напред, најди некој што ти е блиску, ќе го гледаш секој ден и немој веќе да ги одбиваш со такви бизарни причини ;)
     
  18. girlinlove

    girlinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    10
    znaci ne trebalo ni ti taka lesno da odbies a nitu ni on taka lesno da ti raskine malku da se strpel i da pocekal vajda ke imalo druga sansa za brak mozebi po nekoe vreme ke si razmilela podobro i ke si prifatela a toj odma te otkacil ko sakas nejkes a vredelo da poceka on radi tie 3 godini mislam... :\
     
  19. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    според мене си сама крива...незнам зашто скокате сите по дечкото тој бил крив...зошто да е тој крив?тој фино лепо си прашал ти се изјасни со НЕ,и мене некој да ми рече не ке сметам дека што и да ми каже после тоа е скоро излишно,како правдање и дека не ме сака...а уствари немаше другиот ден свадба да правите сигурно туку ке го имаше тој простор од статус верени....точно кога и можеше да бараш работа...
    незнам дали ке е многу грубо да речам дека можно е ти да не го сакаше тогаш а свати дека го сакаш кога го изгуби?сепак детаљите си ги знаеш сама....
    сврти си нов лист,почни си нов живот,не мисли на него и што би ако би..се е минато време....најди нов дечко пробај си ја среката,едноставно сигурно не си бевте еден за друг
     
  20. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.369
    Допаѓања:
    5.313
    TarantulaA факт е дека ти покасно или порано за одреден период повторно ќе си сватела дека не го сакаш. и по пишуваново ми личиш и добив мал фпечаток за тебе како тврдоглава и самобендисана личност. Едноставно битен ти е само
    сопствениот идентитет да останеш тоа што си, личност која ете нема кој друг што да и соли памет туку ти што сакаш тоа ќе биде. Што би изгубила ако си со личноста што ја сакаш? Презимето што ќе го земеш е изгубениот идентитет за тебе ??? Кој што добива и што губи во една врска, брак никој ништо според мене се е компромис и разбирање. Знаачи и кога те побарал си можела да кажеш да со тоа што би направила веридба а свадба отом потом. А што се однесува до твоето барање на работа, дали си размислила дека денес ништо не е сигурно дека ете ќе работиш 2 месеци дечкото ќе те побара за жена ќе те избркаат за 5 месеци и што ќе му го вратиш прстенот ??
    Знам дека одамна се немаш уклучено или не си активна но малку размисли затоа што ако си со ова мислење едноставно ќе имаш проблеми понатака со било кој партнер. Пред се сакам да ти кажам дека секогаш нешто ќе ти фали и никогаш 100% нема да си спремна за брак, после работа ќе сакаш да си уживаш во сопствените пари (е сега ќе треба да давам пари на купче ), па ете да решаваш стамбено, па треба да раѓам па секогаш ќе имаш едно но....
     
    На maca78 му/ѝ се допаѓа ова.