порано бев алергична на јајца, полен, на липи .. ама не некои тешки алергии.. ама сеа ме мачи нешто постојано ме чеша по целото тело особено дланките, табаните и главата и се исфрлам со некои пликови како каснато од комарец ..
Па алергична сум на киви...ама не е тоа некоја алергија којзнае што..ама ете може да се рече алергија,инаку знам многу деца што поради некоја алергија не можат да јадат се...дури и страв ми е а и жал..да гледаш да не смееш да јадеш е тоа да видиш
И мојава незнам веќе што да правам..цела година со капки во носот ..Па тоа живот ли е да му се невиди...
Епа девојки ке ве молам за совет..оваа тема е најсоодветна за мојов проблем.Значи вака мене,на мајками и на сестара ми ни се појавува алергија константно ова лето. Пред околу еден час на мене забележав една болва и по едно 10 мин. ми се појави иста таква алергија.Дома не чуваме милениче и појма немаме од каде ги имаме донесено болвите..Дали на некој му се има случено ова и ако знајте некој мерки за отстранување на вакви болви ке ве молам да ми кажите неподносливо е веке..Благодарам однапред.
На тромави, себични, користољубиви имбецили.. Освен на тоа, за моја среќа, а и на најблиските од околината , на ништо. Сега засега.
Доколку алергијата сметаш дека е предизвикана од болвите треба дома прво се да дезинфицирате со посебни средства секоја соба од домот, да излуфтирате, убаво д аги истресете прекривките и да се обидете да видите од каде доаѓаат болвите. Не мора да значи дека ако не чувате милениче нема да имате болви, има мн видови болви кои посебно во летен период предизвикуват проблеми. Обрнете посебно внимание на сопствената хигена и измијте ги сите дома своите коси со шампон против вошки, се надевам ќе помогне. За да се среди алергијата напиј те се авил таблети, помагаат при алергии од секакви видови инсекти.
јас само би се надоврзала со циело5,Но освен косата и телото да го измиете со шампон против вошки.Значи ке направиш сапуница,ке го намачкаш целото тело и стои така 10 мин не помалку Повторувај го тоа секој втор ден неделава и ќе видиш мора да има резултат,потоа прави го тоа еднаш неделно.На местото кај што ти е алергијата мачкај се со синопен на пример или пак купи бела течна пудра против алергии од секаков вид е, а и многу помага. Инаку од кога ќе се искапиш со шампонот да не ставаш на тебе лосион за тело и слично,никако додека ти помине.
Значи 100% сум сигурна дека од болвите ми е алергијата..не се вошки туку болви и сум сигурна дека немам во косата или на телото тие се кријат во постелата во алиштата на некој такви места.Ке земиме некој сретства против бубачки за да испирскаме и ке го чистиме цел стан.. то е планот сега за сега..за алергијата имам пробано со апчиња и бела пудра и џабе.. ама поминват за една недела..фала за советите поздрав