На сонце( ми се појавуваат ситни неподносливи брунчиња ама не секогаш), на прљава езерска или морска вода( истиот проблем со брунчињата), на домашен прав(кивање), и на чипка доколку ми е во директен допир со кожата...
Ако почнам да набројувам ќе ви се слошии хахахаха ...на сувомеснато , Добро Јутро Маргарин, базенти, Косили , Косена трева и многуу другооо...
Ехх темава таман за мене...порано секој месец јас имав алергија,и на сите тие брунчиња мене ми се слошуваше и имав многу висока температура... се чудам шо организам имам инаку алегична сум на некоја состојка што ја има во млечните производи и затоа се тоа што е со млеко не треба да го јадам многу често...а баш сакам чоколадо од кога почнав да јадам умерено од млечните поизводи ми ја снема и алргијата и сега штом претерам со тие производи опп и дојдоа на посета брунчињата и се проследено со нив уффф ги мазааам
На самобендисани особи, кои можеби направиле (најчесто не направиле) нешто кое отскокнува од шаблонот, и не поминува момент да не се пофалат. Луѓе кои во својот речник го поседуваат само терминот „Јас ова, јас она, јас така правам...“ и целиот муабет го сведуваат на себе, тогаш мислам не ти треба дијалог, нели ? Можеш и монолог. Поштедуваш голем дел од човечкиот род така. Потоа, фалбаџии, луѓе кои постојано се жалат од својот живот, и едвај чекаат прилика на некому (познат, но најчесто непознат) да му се исповедаат. Ете јас сум алергична на овие човечки родови, на друго ништо не сум алергична, дај Боже.
-На поленов прав ,да почнам со она што веќе е дијагностицирано и документирано. -на гадови кои се изживуваат врз кутрите животинки -на пе*ери по карактер , -на мамини мази , -на исфрустрирани морони , -на арогантни фаци со низок коефициент на интелигенција ...
не знам на што сум , а не знам ни како да се испитам. ми кажаа сега не било како порано со упат од матичен, туку имало некој број кај што треба да се јавам за да закажам за алерго тест. па ќе замолам ако некој го знае да го пише. фала.
Не,сериозно,на што сте алергични?! Темава е повеќе од јасна,а оддел психологија е под овој подфорум,а има и кафе муабети тема,што ве нервира...какви луѓе ве нервираат...и слични еготрипачки теми каде што можеме да ги искажеме нашите накурчени височества и нашата несфатеност од остатокот од светот. А темава,може да се прошири и како се справувате со алергиите. Јас на јајца,но ги јадам,осип ми се појавува и минува за еден ден,на млеко од скоро,одбегнувам да го конзумирам,зошто е ... лошо потоа,ден до два и изгледа страаааашно (ко одмината бременост на пример),исто и глутен,ама на тоа помалку демек,само час по оброк шубе ми е,ама не умирам.Инаку на јагоди,исто како осип,ама ме предупредија може да кулминира и да се угушам еден ден,да не си играм играчки,но...да му е*еш матер па,убави се,ананас,е од ова ми се гади,ми се стега грло,нема играчки и ич нит го јадам,нит го пијам,нит па имам желба,ете толку што ми се слоши еднаш,на полен стандардно на пролет и на есен кога цветаат и прецветуваат некои треви,па го лечам со антихистамини и инхалации на пареа,ментол бонбони по џебои,инхалатори на сите страни и изгледам ко да сум му другарка на докторот од ебанка. И на лоши чичковци,на полицаец у контрола,на антипатичен нарооод,на луѓе шо фрлаат отпадоци...се зезам!
Алергија Јас имам проблем со алергииве,на што не сум алергична а, поготово на прашина,полен и маче аууу ужас.Моментално ме има фатено алергијава (од прашина) и како болна сум,затната,кивам,кашлам...На апчиња (лоратадин) и на спреј (флексоназе) сум цело време.
Алергија Отприлика знаев за ова ама чудно ми е мене ова моево не знам што е... кога ќе ставам од тоа нештото почнува грло да ме боли, и имам чувство онакво како за настинка. Секогаш така. Не знам дали е алерија или
Алергија Ким од едно лабело од Авон кога и да ставев ми се затвораше грлото, почнував да не дишам, ме гушеше. Кога ќе го избришев ништо не ми беше.
Оффспринг, скорпија да не си во хороскоп? И јас не можам да поднесам простулук. И сум allergic to bullshit *cough* И на полен