Најверојатно на јагленихидрати, т.е. слатки, леб, смоки и такви нездрави работи. Веднаш по консумација на продукти од таа фамилија, неверојатно ми се спие и утредента сум целата потечена. Е сега препорака за алерголог во Скопје, кој работи со плави картони?
ах дааа простотилук, малограѓанштина ииии турбо фолк и шкорпија сум, не познавам шкорпија што не мрази прости луѓе агххххххх
Jас сум алергична на стварно многу работи: кучинја мачинја зајаци, конји скоро се од село и алергична сум на прав на цветен прав (пролетта е катастрофаа ) на цимет и на други работи само сега не ми текнува докторката ми препиша цларентин или нешто такво (ме мрзи да станам да видам) ама испадна дека сум алергична и на ниф и сега ми даде едни нови не сум ги усте земала од аптеката...
Фала богу на ништо не сум алергична. п.с. освен на непристојни девојки (нападни) кои во очи те гледаат дека си со дечко и пак му се ставаат
На невакцинирани мачки и кучиња. Еднаш имав осип само и користев крема ми поминаа и толку не ми се повторило.
Јас пак сум алергична на кикиритки,смоки,семки,и на сончоглед.А како што сум си стрвна,и баш тоа ми се јаде,често си имам србежи,исип на кожата и пак не ми иде паметот . Исто така сум алергична на злато.Но најмногу ме чуди како може да сум алергична кога сама ќе си ја допрам кожата,веднаш ми се појавува црвенило.И многу маки си имам кога бирам гел за туширање,верувајте ќе полудам .Имам сува кожа ,а косата ми е мрсна и лицето.Не знам како да се справам веќе немам нерви
Алергична сум на полен, домашна прашина и влакна од мачки. Ова последново со мачкиве го дознав, кога бев на одмор во Холандија кај тетка ми која има 2 мачки, а тогаш живееше во стан. И кога почнав јас да кивам, да ме чешаат и солзат очите, да ме чеша грлото... Па си реков, сигурно ова е тоа, неможе да е друго. А на алерго-тестот кој го имав правено пред 5-6 години, немаше ништо за мачките. Едит направив поради техничките грешки.
Алергична сум на емисијата Црн-бел бумбар.Леле кога ќе ја слушнам таа музиката со која почнува,косата ми се крева и како луда го барам далинското,менувам канал и си доаѓам при себе. Алергична сум и на полен или на некое растение во пролет,па цел април и мај кивам,очите ми солзат и ме чешаат,црвени ми се,и носот ми тече... Пијам некои апчиња кои требало само една недела да се пијат,па таа една недела сум раат ама после пак истата песна.
Алергична сум на глупави и неписмени луѓе. Покрај тоа, алергична сум и на смокви.. Т.е ако изедам повеќе од 5,6 смокви, така ми кажаа
TheaEsposito и јас сум на истото алергична на полен, домашна прашина и влакна од мачки.Во април и мај месец тешко мене само се шетам со апчиња во чанта па од нив ми се спие, а кога пијам на работа во мај месец буквално заспивам на биро А од мачкини влакна аууу целата се вцрвенувам кај и да се фатам, се чешам, кивам по 10 пати во минута, ми солзат очите...страшно
Не сум алергична на ништо, фала богу. Барем до сега не сум открила дека нешто ми предизвикува алергија, може сепак да постои нешто на што сум алергична.
Буквлано- на ништо, барем до сега не ми откриле, освен што се вцревенувам ко луда на диколтето, кога ќе се изнервирам, или кога седам во презагушлива просторија! И изледам како да ме шмукал некој вампир Инаку на глумици, глумци ама не по професија, туку што им е хоби глумење на било што, што не се