Алергична сум на она што е како прав што го има на лисјата од јаворот, ми излегуваат ситни брунки по рацете и страшно многу ме србат. Не е многу агресивна алергија но сепак е непријатно чувството.
Уф... Од таа алергија мир немам. Алергична сум на се и сешто - полен, мувла, прашина, волна, липа, животински влакна, некоја трева амброзија, на неколку лекови - амоксиклав, лидаприм, андол.. А терапија - Лоратадин таблетките, Фликсоназе спреј за нос, Фликсотиде и капки за очи Олопатадине. Да е жив и здрав тој што ги измислил капкиве за очи !
Алергијата ми беше откриена пред десетина год.и направив тестови на се,буквално се и не се откри алергија,а осипот се појавува.потоа сама почнав да забележувам дека од голема возбуда,нервоза и ненаспаност,мене ми се појавува осипот ама не можеш да му докажеш на нашиве ,,стручњаци,,.Не ми поминува од еден Летизен па земам два-три во текот на денот и осипот исчезнува сам по некој ден,ама маката и болката се неописливи.
Алергична сум на млеко и млечни производи,прашина,влага,липа,полен,ароми,конзерванси,оцет..Ама сето ова ми се има ублажено бидејќи како помала се имам малку излечено од овие..Инаку сега кога ќе почувствувам потреба пијам лоратадин.И сите алергии ми удираат на синусите. Но сега се скоро излитени и само ако претерам со млекото и сл. имам проблеми...(но не толку стаааашни)
јас сум на прашина и не верувам дека ке се излечам пошо од коа знам за мене е така и нема подобрување
Zdravo,od sto moze najcesto da se javat alergii?Od hrana mozno e?I kako mozi da se utvrdi od sto?... pijam apcinja Zyrtec dali nekoj znae nesto poveke za niv?mnogu vi blagodaram. [mod-kirilica:3sbdokvo][/mod-kirilica:3sbdokvo]
Алергии може да се јават на било што. Штом пиеш Zyrtec, сигурно има причина за тоа, а не верувам дека сама си ги зела на своја рака. Алергиите се одредуваат преку тестови, ќе си одиш на клиника со упат од матичен лекар, па таму ќе ти ги направат потребните испитувања.
Алергија Имам алергија,прв пат алергија ми излезе пред 4 месеци. Направив тест во институтот по биологија и хумана генетика (мислам дека така се викаше) поминаа скоро 2ипол месеци одкако го направив тестот и резултатите уште ги нема. Кога и да се јавиме лажат дека не се готови резултатите,или пак апаратите не им работат,ми дојде веќе преку глава порано ми излегуваше алергија бар еднаш во 2 недели,а сега секој ден. Можете ли да ми кажете некоја болница каде што сте правеле алерго тест и резултатите за кратко време се биле готови. Благодарам однапред