Има ли начин да се ослободам од алергијава од бижутерија? обожавам ланчиња обетки а неможам ништо да ставам
На парфем, меѓу останатото. Порано така ставив на вратот од оние ролончињата од Авон, вратот ми беше лом црвен и ме чешаше. Ама викав ај можеби оти беше лето, од жешкото. Сега купив пур бланка и пак ми се појави црвенило и чешање. Аман.
Порано воопшто немав алергија на полен или прашина сега ми се појави веќе незнам што да правам.Инаку незнам точно на што друго сум алергична но сега брзо се нафрлив и ми ја препорачаа декотал мастта и брзо ми помогна .А алергиите на полен не ми прекинуваат
еднаш кога мама правеше нешто со брашно и јас почнав да е чешам.. кога излегувам надвор од прашина пак исто... значи на такви нешта сум... хм
За моја среќа на ништо не сум алергична . Гирл мири баш денес правевме муабет со една професорка за тие луѓе што се алергични на една состојка што ја има во лебот. Кажа дека било многу лошо, кај некои луѓе настанувало и гушење. Не сакам да те плашам ,но зошто не отидеш да се испиташ?
хаха сум бидена и не ми е ништо тоа било само онака бидејки секогаш кивам на прашина или ке ме зашепа малце и тоа е...
на поленов прав...на липа......и сега ми е период кога само се чешам и катастрофа ми е кивам...абе што не правам...
Лани летото ме боцна една оса , местото каде што ме боцна ме чешаше а после неколку дена се исфрлав пликови по цело тело. Докторите ми кажаа дека имам коприва алергија така некако. После еден месец два ми мина , и уште незнам од што ми беше. дали од осата или од нешто друго Не сам направила тест за алергија , додека не ми излезе па нема ни да правам оти сега сум супер
Јас на се сум алергична... Бев на алерго-тестови во Велес и искрено ми падна криво воопшто што бев.. Значи алергична сум на: полен од трева; пченично брашно; р`жано брашно; млеко; чоколадо; влако од зајак, куче и маче; речна риба; куќна прашина; јајца; и ред други работи што не ги ни памтам. А напади обично имам во облик на ситни црвени брунчиња кои премногу чешаат, или пак како настинка...
zajakni go imunitetot so pravilna ishrana bogata so vitamini i minerali i posledicite od alergija skoro i nema da gi primetuvas.
Јас сум алергична на полен и на сонце. Имам проблеми кога одам на одмор ако не се намачкам со 50ка фактор и малку да ме фати сонце целата сум лом...се исфрлам по цело тело и почнувам да се гушам
Јас сум алергична на полен. Мака мачам секоја пролет , неможам да испднам у град, кога ќе се вратам дома со отечени и насолзени црвени очи, затнат нос и непрекинато кивање. Уф, проклета алергија...
Алергичнаа сум на многу работи примеќам последно време ама никако на алерголог да појдам.. Иначе сум на камилица,сончоглед кој е подолго време стоен,прашина,посебно сум на овие тревкиве алергична па затоа многу внимавам со чаевите