Мене пред година и некој месец ми правеа тест за алергија, она на раката и од што ќе ти потече или ќе ти се вцрви, и не бев на многу работи ни па многу, значи на најосновните што и скоро секој - прашина, полен, кога годишно време се менува сум осетлива, синтетички влакна... Но, приметив дека оваа година мене алергијата ми е ем зголемена за многу чуден и голем размер, а и плус на други работи, не само на тоа, а едно од тие за жал мислам дека се влакната од мачка и куче, како и на млечни производи(не можам да одлучам само дали некој или на сите) а и на риба... Кога јадам млечен производ или риба јас одма се затнувам и грлото ми се затнува, тешко ми е, ме чеша... Најпаметно би било да одам повторно на тест да не си играм со здравјето. Прашањето ми е - Зар е можно да ми се зголемува алергијава и на нови работи?
Да,може. Може пример никогаш во живот да не сме биле алергични пример на јагоди и наредно каснување одма да пројавиме алергија. Најчесто ако сме подолго време сме изложени на тој агенс и ако организмот се презасити. Пример јадеме секој ден какао и сл.
Алергична сум на полен,печурки и она кога со креда некаде пишувам и прашината ме тера да кивам едно 10 мин
ох,катастрофа секоја година добивам алергија на нешто друго,имам алергија на домашна прашина,полен,косена трева,брашно,памук,волнени работи(кебе,џемпер)цвет од морков,марула,спанаќ,оригано секоја година од март до јули се трујам со таблетки за алергија и спреј
првпат во животот добивам алергија и ја добив од кна...изгледа била стара...ме чешаат и ме печат очите,кивам,дури и ушите ме чешаат а за главата да не правам муабет...не знам што да правам...и дали може да се јави поспаност од алергија?...совет???