ми правеа алерго тестови на клиника со боцкање на двете раце(боли и е непријатно) и покажа дека сум на домашна прашина и на полен алергична
На еден куп работи сум алергична-прашина,мачиња,кучиња,детергенти,парфеми,праски,на ..... А,дали некој има одено кај д-р Благица Костадинова,во приватна ординација што работи со BICOM апаратот?
на сирење и мачки воедно и двете мои омилени работи алергична станав поради претераност во комзумација и галење..и од едно и од друго ми искачаат како лишајчиња по телото но кога успевам умерено да сум со нив во допир си немам мака и пу пу да не урочам одамна не сум имала проблеми
Девојки пред недела дена се исфрлав едни ситни мали топченца по цело тело страшно чешање е во прашање рани се направив,во исхраната и навиките немам променето ама апсолутно ништо,во мегувреме дознав дека и други имаат некои чудни алергии во истиов период.запознат е некој шо се дешава или слично? Памтем испив неколку лоратидини ама ги баталив не сум многу по лековите.
Јас алергична сум на полен кивам во пролет непрекинато па пијам едни апчинаАлергична сум и на мајонез т.е на јајца.Лани цело лето бев на диета поради таа алергија што ми се појави.Правев алерготест и ми кажаа дека било од јајцата
Женски, имам проблеми со полнот и прашината... користев лоратадин 14/15 дена и стварно ми беше подобро, после тоа ми препишаа спреј за нос и уста но тие ми покажаа контра реакции почнаа да ме болат градите и уште потешко да дишам, матичната ми кажа да продолжам со лоратадинот но несакам веќе да се трујам со апчиња па дали има друг начин освен апчиња и пумпици за да се ублажи гушњето, течењето на нос и чешањето на очи ?
Не сум сигурна, не сум правела алерго тест но досега на храна не сум покажала алергиска реакција, можно е да сум на полен и на прашина, а за друго не знам.
Јас сум некој феномен ваљда,на апсолутно ништо не сум алергична,се осеќам ко чудак...досега не сум сретнала никој како мене