Ne sum na nisho alergicna,mozebi na prasina zaso sekogas koga ima okolu mene me cesa,kivam mozebi na toa
сигурно на полен бидејки пролетта се ме чеша и цела сум со пликови , а навечер пак пред да заспијам едно 15ина минути додека не се изначешам немозам да заспијам
На ништо посебно .Ах да некогаш сум алергична на мојот згоден сопруг ...тоа се дешава еднаш во месецот некаде околу 20 ти.
На кикирики си ти алергична, а не на смоки. Смоките содржат кикирики, па затоа не можеш да ги јадеш. Инаку јас сум алергична на никелот во накитот; од сребро или бижутерија, па дури и злато, ако имаат и минимален процент на никел во нив одма ми се јавува проблем. Ако се обетки, ми гнојат ушите, ако е алка ми се јавува екцем на раката, понекогаш и на вратот, ако ми се згреши да ставам ланче околу врат. Од прстени немам гајле. Сега, кога купувам некаков накит, било што, прво го пробувам и ако после два дена нема реакција, го купувам (ако го начекам пак де ).
На пеницилин и други антибиотици, а и апчиња како аналгини, аспирини и слично. Не ги поднесувам. На болници и лекари (фигуративно кажано). На неправди и тешка човечка глупост, цинизам, иронија, лицемерие и злоба (исто фигуративно)...