@Rama Истии сме ама затоа брат ми надокнадува и за мене алергичен е на пенцилин , доколку јаде некое благо по не пресно не со изминат рок во рок од недела две не смее млечни производи да јаде , никакво месо , никакво благо смоки , тостови, пици ,, лании цел месец му траеше алергијата. и од купените мачмаловки хх .
На антибиотици на парацетамол на јаки парфеми на ова се што сум алергична се до болница сум идела и скраја да е не сакам да имам вакви случаеви
На ништо,не сум алергична не,не. Мислев дека сум некој феномен,ама ете гледам и други имало што не се алергични на ништо Сериозно ко помала,па и сега на доктор или било каде ме испрашуваа дали сум алергична на нешто и само јас не бев од стотици луѓе па дури потајно посакував да бидам на нешто за да видам како e. Оф муко детска
Реалноста е таа,дека нема алергичен човек,само докториве измислуваат болести и си прават профит на наша мака
Јас сум алергична на одредени козметички препарати, т.е. на некоја состојка што ја имаат некои препарати. Кога ќе се намачкам целата отекувам и се исфрлам. И до брза помош имам стигнато поради тоа.И на кој начин лекарите прават профит на мојата алергија?
Не си во право. Постојат алергени т.е.материи кои телото во или на себе ги препознава како туѓи и се покренува повеќе од вообичаено имуниот систем, оди во напад кон тие материи што доведува до невообичаена реакција т.е. алергиска реакција. Има нови научни студуии дека кај малечките редовно примање пробиотици го јача имуниот систем да не реагира пребурно и не штити од алергиски реакции.
Моето прашање е: Дали може да се појави алергиска реакција во текот на животот? Јас имам направено алерго-тест пред мнооогу години и бев алергичен на прав од постелнина. Дали би можело сега, после толку време, да сум станал алергичен на нешто друго?