Може, алергиите не се развиваат само во пери/неонаталниот/детскиот период, туку преку цел живот. Туку така на некого му текнало да измисли нешто како алергија, а? А тоа што постојат не еден, ами четири различни видови на хиперсензитивни реакции, и тоа што едната од нив, во најтежок облик - анафилактички шок, може и да го угуши човекот за многу кратко време не е битно, битно докторите лажат и си измислуваат работи Кога не сте сигурни за нешто, барем отворете, читајте, информирајте се, не се правете надри-лекари
Ти веруваш во алергија на полен?!Иначе,што сакам ќе се правам,нема потреба да бидеш дрска кон мене.Профит е ,како не е?Скоро сите болести може да се излечат на природен начин,класичната медицина само е давање пари ништо повеќе.Објасни ми ја те молам "алергијата на полен" ?!
Еве јас лично сум алегична на полен (меѓу другото), и да немам антихистаминици со мене ако излезам на ливада ми се има случувано да се гушам, ама според тебе изгледа мене ништо не ми е, само глумам. Да ти објаснувам цела патологија, имунологија и алергологија не планирам, не за џабе се студира цел факултет, ако беше толку кратко и лесно објаснувањето и учењето сите ќе беа доктори - а не се. Отвори на интернет и прочитај за базични алергени и реакција антиген-антитело, ваљда нешто ќе сфатиш. Не кажав дека за сè се потребни скапи вештачки лекови, не знам каде го виде тоа, јас баш сум еден од поборниците во мојата професија луѓето да не се трујат беспотребно, но впрочем тоа не е ни цел на темава.
Ти како образована треба да знаеш дека алергија на полен е непостоечка болест! Сите знаеме дека кога ќе дојде пролет почнуваат да ни солзат очите,да ни тече носот и лекарите кажуваат на тоа :а,па ти си алергичен на полен,кога ќе почне во некои пролетни денови носот да тече,тоа е механизам,чистење на носот,и не е болест,туку во текот на зимата се акумулираат штетните материи во носот и сега истите треба да излезат надвор,за носот да може адекватно да функционира,знаеме сите дека мирисот во зима и есен не е ист како во пролет,и започнува тој биоритам,природно чистење на носот,зависи од тоа колку се насобрале штетните материи носот почнува да тече со денови,исто и појавата на бубулиците ПАК МЕХАНИЗАМ не алергија,природен механизам кој го поткренува нашето тело затоа што природата "работи" со нашето тело,на позитивен начин,да ни помогне;и кога ќе се обрати некој на лекар,ќе му препише некоја маст,креми итн со што се запира течењето на носот,баш ова прекинување има една голема последица,а тоа е дека сите тие материи се таложат на ѕидот на носот тука остануваат,и подоцна се прават бројни проб.како се создаваат полипи на нос?еве најопшт пример,м?Нема да продолжам да коментирам само ќе ти дадам еден медицински совет,оставаш впечаток на доста нападна личност,што одма навредува други и се нервираш,иди земи некој лек за да ти се подобри расположението и да не "скокаш"одма што сум напишала јас и дали сум образована,или поедноставен совет на ПРИРОДНА БАЗА игнорирај јас што пишувам
Не успеав ни да го дочитам цело, не е ни битно, доволно беше до пола првата реченица што ја дочитав, ова некој опасен докторат ќе излезе, мислам дека треба да бидеш за некоја награда предложена јер стварно, нови моменти ова, треба да ти се организира некое предавање на МедФ да одржиш, природно чистење Продолжи така, далеку ќе догураш со знаењава
Од каде го ископа ова жити сè? Чистење од штетните материи Уште да беше така едноставно. Јас би ти рекла да не шириш дезинформацииоти дефинитивно не знаеш што значи алергија. Не дај Боже некогаш да осетиш на своја кожа.
Пишав во друга тема но не добив одговор. Сакам да прашам дали може на прстите од дланките да се добие алергија. Црвено, како поткожни боцки изгледа и прстите ми се рапави. Понекогаш многу ме чеша и кожата се суши. Ова ми се случува на трите најголеми прсти на двете дланки.
@IM.TMKQ, другарка има нешто слично но неа и се појавува меѓу прстите. Станува збор за најобична габична инфекција која и се појавува во лето бидејќи дланките и се потат. Проблемот го решава со Канестен и со одржување на рацете суви. Оди на лекар да те види, со соодветна терапија за кратко време ќе го снема А членката Викторија која никако не можам да ја тагнам, баш ме интересира дали ќе го објасни како позитивна реакција на организмот и анафилактичкиот шок? Пошто нели, не постојат алергии, докторите ги измислиле...
Сум осетила и сум се излечила исто како воспалени непца што шириш(те) дезинф дека се користи мека четка
Мене напролет не ми тече нос, не ми солзат очите, не отекувам, не се гушам. И сега што? Јас не се чистам од тие штетни материи како што велиш? Ако си толку паметна ајде кажи нешто за алергија на пеницилин пример, или па за анафилактичен шок? Девојче не трескај глупости и врапчињата на дрвата ти се смеат.
Не разбрав ништо од ова што го напиша. Ниту разбрав од што си се излечила, ниту пак ми е јасно што има врска воспалени непца и мека четка... Дај солидни и издржани аргументи, објасни ни зошто алергиите се измислена болест и дај ми факти за тоа.
Може да е габична инфекција, ама мене ова колку што успеав да видам по сликава ми личи на дисхидриозна егзема, што не е опасно, не е заразно, само е досадно зошто чеша, а за терапија, или може да се користи крем (по препорака од доктор), или само од себе се повлекува за 2-3 недели максимум И мене летно време ми се појавува странично на прстите, и многу е доасдно За што е точно, можеш да појдеш на дерматолог, иако мислам дека само Канестен ќе ти препише.
Не сте осетиле на своја кожа како е да се гушиш, како е дишните патишта да ти се затворат, па ќе пишувате дека сте се излекувале. Доктори, специјалисти, со години и години истражуваат, бараат лекови и начини за да се олесни секојдневието на луѓето склони кон алергија Појдете во Пулмологија и речете му на најстариот специјалист доктор дека алергија всушност не постои, а тој 70 години живее во илузија.... Кога ќе почне да објаснува, речи му ај важи чао... Страшно. Не знам дали имам пишано, но алеегична сум на многу работи. Куќна прашина, животинско влакно, полен, некои јадења...од мала примам терапија, што ми ги олеснува симптомите, но сепак се присутни. Во пубертет малку ми се смири, но после некој период пак продолжи. Пример вчера галев маче, па одма осетив гушење, чешање грло... Дури и сабајлево имам отежнато дишење.
Јас фала богу не сум на ништо алергична, но знам колку е тешко да си алергичен моите родители се алергични на прашина, полен, трева, одредена храна... Секоја пролет се со лекови за алергија. Мајка ми пред да знае на што е алергична почна да се гуши од колачиња кои имаа внатре ленено семе, една пријателка пак алергична е на глутен и цел живот купува безглутенска храна. Не ви е лесно вам што сте алергични..
На чоколадо,на газирано,на чипс,на злато,на прашина,на волнени работи,на сонце,на ветер,на шминки...И не ми текнува друго можда сум испуштила нешто
Дали е можно во пубертет да се појави алергија, а пред тоа никогаш на ништо не бил алергичен? И др ми вика нетреба да се прави алерго тест, таа е терапијата?