На домашна прашина. Алерго тест правев пред 10 години. Дали би се сменило нешто во врска со алергијата од тогаш? Дали би можел од тој период па до сега да станам алергичен и на нешто друго, а старово (прашина) да го снема?
Дали некој што имал проблеми со алергија бил кај др. Благица Костадинова што работи со биорезонанца во пзу Томе Костадинов? Ме интересира мислење и искуства.. Фала однапред
Здраво на сите, сакам да правам алерготест со цел да проверам на кои лекарства сум алергична. Дали некој може поточно да ме упати каде и искуства? Фала многу
Секаде ми пишува CAVE PENICILIN, и на книшка, и во картон, секаде.. А не се сеќавам од кога и дали некогаш ми се има нешто случено од Пеницилин..
Од што е предизвикан осипот? Алергија како алергија-не, без разлика дали е контактна, од храна, лекови, детергенти, парфеми и слично.
Размисли пред да се појави што си правела, користела, јадела... Колку време ти е вака? И дали само на тоа место? Ако поминуваат и не се прават нови, добро е. Можиш локално да мачкаш нешто или антихистамин да се напиеш, да се смири чешањето.
Алергиите не се преносливи, но секој осип не значи алергија. На пример осипот може да е последица на атописки дерматит, себореичен дерматит или псоријаза кои исто така не се преносливи, но осипот може да биде и последица на сипаница која е пренослива. Кај тебе на прв поглед личи на убод од инсект или алергија.
Ми се појавија во јануари, после во фебруари и еве сега пак, обично чешаат ги мачкам со течна пудра и поминуваат, обично се по 2 3 на рацете, стомакот и на нозете ете по 2 3. А поминуваат за недела дена Јас сум плус и анксиозна, па ова додатно ми ствара стрес
Не се плаши, најверојатно станува збор за алергија, не е нешто преносливо ниту пак опасно. Како што ти кажа феминката P.S. love, примети дали си била во контакт со домашно милениче, што имаш консумирано од храна или пак користено од козметика пред да се појави осипот. Почекај нека се расчисти сиуацијава со вирусов па побарај упут за алерготест од матичниот лекар.
Дечки, ми открија дека имам хипертериодоза, пијам тирозол и после три недели почнав да се чешам , ми искачаат некои брунчиња па се повлекуваат, црвенила на рацете... посебно кога јадам млечни производи уште толку полошо не знам дали е од тирозолот или? Имал некој ваков проблем?
Во која приватна може да се испита на што сме алергични. Брат ми засега знаеме дека е на полен и на парацетамол. Дали некои видови на алергија ја покачуваат телесната температура. Таму каде што живее од март веќе се е зелено и убаво расцветано, вегетацијата е сосема друга. Дури пред извесен период имаше и оток на очните капаци, не верува дека е од алергија. Во Систина дали прават алегро тестови?
Zena mi pravese operacija na nos ne ispadna saglam i celata e poduena a pred toa nemase problemi so sinusi vikaat alergija bilo ja boli duri a ona ne e alergicna na nisto taka da ne znae kade da se proveri drzavno kakva e situacijata
Пеницилин. Како мала со помош на алерго-тест покажав и на една врста чоколадо, но организмот мѝ се избори и станав имуна.
Понекогаш добивам осип од силно сонце, на лето. Кога не сум на плажа, немам проблеми со сончевата алергија. За среќа не сум алергична на ниеден вид храна, ниту на полен.
Мене пред 5 дена ми се појави како осип на кожата и не можам да утврдам од што е. На почеток имав само од страна од стомакот и како поминуваја деновиве почна да се шири на рацете, вратот и сега последно на нозете и почна да ме чеша денеска, а претходно не ме чешаше. Пијам лоратадин и 2 дена се мачкав со канестен, но ништо не се случува. Се сомневам во гел за туширање или од мачките дома во двор, но досега не сум бил алергичен на ништо. А во понеделник ќе одам на лекар. Се прашувам од што може вака наеднаш да ми се појави?