На пеницилин, цефалексин, аспирин, кафетин.. На полен, прашина, влага (сега сум исфрлана =( ), на трева...
Јас сум алергична на многу работи.... на куќна прашина,на полен,на варени јајца,на омекнувачи за алишта и на некој од прашоците(не на сите),на крзно(од секакво животно),на промена топло-ладно,на прекумерно конзумирање на конзерванси и зачини(од еднаш ништо не ми е),и на секаква „нечистотија„(незнам како да дефинирам ама се нафрлам од нови алишта купени и не перени ако ги пробам,како мала ако сум играла во кал или песок одма сум се нафрлала) и еднаш имав една чудна алергија сеуште не ми открија од што ми беше ми потекуваа сите зглобови наизменично лежев во болница и во велес и во скопје демек да следат што ке ми се случува и ништо не открија само од себе се повлече......иначе сум била трет таков случај во цела држава и сите ми се чудеа има и уште нешто ама не ми текнува во моментов........кога ке ми текне ке кажам
Јас сум алергична на поленов прав значи на се што цутит во пролет Од Март до Јули примам таблети против алергија и иако ги примам само кивам очите ме чешаат абе хаос и затоа не ја сакам ПРОЛЕТТА.Исто така сум алергична и на домашна прашина.
Девојки, дај кажете во Скопје, каде е најдобро да се испита алергија! Проверував во Авицена, панел од 20 алергенси е 2300 ден! Кај Анчески. е поефтино, али тоа за лекарства е скапотија жива!
На домашна прашина, на трева, на бука, на цигари, на пелин, на некој микроорганизми што живеат во душеци..ко ке видиш на се
На мачки и на аспирин За мачки ми е највеќе жал зошто мојата најдобра другарка дома има 3 мачиња и јас неможам кај нејзе дома да идам Ми се случило повеќе пати да ми се подуе устата,а еднаш и устата и очите.Затоа внимавам што конзумирам и ако тоа се случи си зимам ЛОРАТАДИН или ДРАМАМИН.Помага
Јас сум алергична на еден вид материјал незнам точно како се вика оној што има во него како светки,,, т.е џабе објаснувам врска немам,,, знам дека си носам јас само памукче и некои такви материјали, од други одма се нафрлувам и се ме чеша брррр страшно А иначе на никакво јадење не сум алергична фала богу
во глобала не сум алергична на никое јадење, на матареијали некои не сум, моја среќа. ги жалам братучед ми и братучедка ми алергични се на јагоди, пудинг и на кроасани ллееелее замисли
На прашина. Малку има ли прашинка, или кога во училницата има прашина кивам едно по друго, ми се растекува нос.