Еден маж од Хрватска, бил откриен во неверство пред неколку илјади слушатели на хрватското радио „Антена“. Имено, мислејќи дека е на службен пат и сакајќи да го изненади со роденденска радио – честитка, сопругата се јавила во омилената радиостаница на мажот, со намера да му го честита роденденот. Меѓутоа, таа останала изненадена, кога по воспоставувањето на врската, од телефонот во хотелската соба, но и во етерот, се слушнал непознат женски глас, кој на радио – водителот го замолил да причека малку, со образложение дека господинот се тушира. Запрашан од водителот, каде е и што прави, неверниот сопруг одговорил: - Еве, побегнав малку од градот... со сопругата. Господинот, навистина бил со сопругата, меѓутоа на телефонска врска и во етерот. Слушнете… http://www.youtube.com/watch?v=-MlnZRS4Uho&feature=related
Ццц, го знам ова од пред година-две е дури и кај нас на радио го пуштаа.Епа така е кога многу и дал слобода на дотичната да му крева на телефон
Каква неумешност. Глупавост. Ако правиш, криј се бе златен Даворееее...!!! (дал да плачам ил да пеам)
Па тоа било во хотелската соба, не на мобилен. Од каде ќе има претстава кој е на другата страна на линијата . Лудници, сироти човек .
Па ја да имам швалер, никаде нема да смее да крене сигурно, да не не може маж ми и во хотел да ме бара Смотан Давор
Однапред се извинувам за содржината на постов. Вакви ропаци, се да ги врзиш на еден чингел, и да му се пресечи половиот орган, на синџир и ко ланче да си го носи на врат, за успомен и дуго сечање од швалерските денови. Гнаси, ц ц ц, за грев жената. И не мислам дека темава за во насмеавка е...
Потполно се согласувам Фиарлес, изневерувањето не се простува. Жалче ми падна за него на крај кога рече -јас имам деца, ама сам си е крив. Што си дробил тоа ќе си срка.