1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство од аспект на оној кој изневерува

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 7 јуни 2020.

?

Дали некогаш сте изневериле?

  1. Да, во врска

    89 глас(а)
    38,2%
  2. Да, во брак

    13 глас(а)
    5,6%
  3. Не, никогаш

    131 глас(а)
    56,2%
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Еден куп теми за изневерување, а ни една од нив не е место каде ќе можат да се изјаснат оние кои изневериле.
    Претпоставувам дека тоа се должи на срамот да се признае дека си бил/а неверен/на.

    Доколку некој/а би сакал/а да каже, имам (а и други имаат) неколку прашања, на кои би сакала да добијам одговор.

    Дали неверството се случило во брак, или во врска?
    Како дошло до тоа да изневерите?
    Какви ви биле размислувањата во однос на партнерот и врската со него, додека траело неверството?
    Какви биле претходно?
    Какви биле откако завршило неверството?
    Колку пати сте изневериле?
    Со колку различни луѓе?
    Колку долго траело неверството?
    Дали партнерот дознал и дали сте му признале?
    Кои биле реперкусиите од изневерувањето, во врската со партнерот?
     
    На dankee, *Amethyst*, Izaabella и 4 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Не верувам дека нс темава некој би пишал, бидејќи нели сите сме чесни:D.
    Кај нас неверството е срам со кој треба да се живее, па и некоја да го сторила, тешко дека ќе се стави на столбот на срамот.

    Толку често го гледам околи себе дури одамна престанав да обрнувам внимание.Од примерите (онака за себе) приметувам дека потекнува од незадоволство во бракот, било емотивно било сексуално и секој-а се труди да не се дознае.
    Искрено , секој брак не е брак на место, затоа и се случува неверство.
    Порано обвинував, сега не.
    Секогаш се водам по девизата- не суди на некого чии чевли не си носел:)
     
    На CameliaMiller, Роберт 7, CareTee и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    415
    Пол:
    Женски
    Пример кога жената ќе изневери,може да се слушни муабет демек к*рва,оди со други итн. Но зошто изневерила??? Некогаш и другата страна е виновна,не посветува доволно внимание,можеби и таа изневерува(сигурно си имаат отворен брак/врска).


    Досега немам изневерено,ама можеби некогаш ќе го направам тоа. Никогаш не се знае
     
    На Summer16 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ако е отворен брак/врска, не е изневерување.
    Тогаш и двата партнери не очекуваат моногамија.

    Иначе, имам изневерено во врска.
    Не ми беше жал, сакав да го откачам, 'не ми даваше'... со закани и шамари и стокување
     
  5. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Јас ќе кажам пред многу години имав дечко. Бев тинејџерка,цела четврта година бев со него. Бевме генерација,ми беше сон мене со него сон. Меѓутоа после неколку месеци почнавме да се мешаме со луѓе и почна да ме загушува. Ме скара со сите другарки,да ми го бира друшството. Почна да работа во фабрика и почна да кажува за колешките,го смени пас на фб и тогаш моите чувства оладија. Јас се оддалечив,немав желба да се видиме и верувајте не знаев како да раскинам. Дете.
    Имаше тогаш hi5 тогаш и јас комуницирав со еден дечко,ми се допаѓаше. Искочивме, се смувавме, и дечкото ме праша дали сакам да сме во врска и дали ми смета да има девојчиња за другарки. Не сум била љубоморна ама подоцна ќе допишам зошто и била таа тука целовреме.
    И дечково го излажав дека немам дечко и ај се фативме.Ама што врска беше тоа кога сме се виделе два пати.
    Во меѓувреме дечко ми ме притисна да му кажам зошто сум се оддалечила,зошти му се лутам,зошто не му се јавувам. Јас стварно нејќев да го повредам,многу ме сакаше,ама неговите постапки погоре ме болеа што ги имаше направено а можеби и јас сум направила нешто несвесно. Тој ден кога му признав на дечко ми дека сум го изнервирала,се осетив олеснето ко да ми спаднал товар од душа. После два дена од тоа ми се јавува да ме праша дали сакам да почнеме од почеток и дека е спремен да ми прости. Јас инат и среќна што сум нашла друг му велам не.
    Кога рекле дека на два стола не се седи.значи не се седи.
    Дечкото со кој се имав мувано ми раскинува истиот ден и тогаш се почувствував толку бедно,се мразев себе си и после неколку дена сфатив дека тоа чувство,тоа изнерверување прави човекот да се осеќа помалку вредно. Од тој ден јас немам никој изнерверено иако сум била изнерверена.
    Дечкото со кој се мував и таа неговата најдобра другарка си имале секс,си правеле свашта,она кога ме видела почнала да се распрашува по луѓе и му кажала.
    Дечко ми пак си комуницирал со колешка ама си останал достоен да не ме вара,а ете денес е во брак со неа и имаат дете.

    Научив дека луѓето не ги ценат човечките вредности,со изнерверувањето го спушташ човекот едно ниво подолу од тебе,свесно му го забодуваш ножот во грб. Таа лекција ме кошташе многу затоа што повредив и друг и ме изеде совест.
    Затоа сум си ветила себе си ако некого не сакам подобро ќе му раскинам отколку да го изнерверам.
     
    На Flower.D, NEA, L.i.n.a.a и 10 други им се допаѓа ова.
  6. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.019
    Допаѓања:
    10.574
    Пол:
    Женски
    Ако не се каеш полесно ќе ти е.
    Ако се каеш полошо ќе ти биде.
     
    На Flower.D, Broken♡, najjacha и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.937
    Ау Вајлдке, многу брутално. Чисто сумњам дека некој ке настапи скроз отворено ако неодамна изневерил или ако го знаат членовите.
    Јас имам изневерено оооодамна во врска, ама не би да деталишем.
    Се работеше за страст, и тој со кој изневерив беше во врска.
    Нема многу филозофии, чиста страст.
    Не ,не сум признала.
    Себичен чин е, не размислував за партнерот.
     
    Последна измена: 7 јуни 2020
    На Nigredo Odor, CameliaMiller, neno0o и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.675
    Пол:
    Женски
    1.Во врска беше, што не ни можеше да се нарече врска бидејќи 11 дена идевме :D
    2.Не знам зашто го варав сеа со овој мозок кога ќе видам.Втора средно бев и знам дека ептен бев живчана тогаш и дека ме нервираше што секој ден се глеаме.
    Се гледавме пред да идам во школо, на одмор ми доаѓаше во школо, после школо се гледавме.Викендите бевме заедно.
    И еднаш ми пукна филм,го излажав кај сум и со кој и бидна.
    И сакав после тоа да прекинеме пошо зашто да продужам.Знаев дека пак ќе го варам, ама немаше како да раскинеме човекот НЕ СЕ ОДВОЈУВАШЕ од мене.
    И на крај се спасивме, и он од мене и ја од него.Му кажав што сум напраила, неќев да го чувам тоа у себе.Ама не му се извинив затоа што не чувствував трошка емоција према него.
    И прекинавме да збориме, се до февруари (мислам) годинава.Сеа сме другари онака лабаво скроз.
    Имаме искочено еднаш-два пати.
    После тоа сфатив дека не сум за ,,дечко”.Тоа додуша не ни беше врска ама ај.
     
    На WildMk и buba4e89 им се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Никој-никогаш не изневерил во брак?
    Има 0(нула) гласови, а анкетата е анонимна. :lol:
     
    На *Amethyst* и Feminka22 им се допаѓа ова.
  10. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Јас имам изневерено во врска, поточно не беше баш официјална врска ама се гледавме цели 2 години со дечкото, така периодично кога се гледавме, кога не, ама секојдневно бевме во контакт.

    Го изневерив поради тоа што тој мене ме изневери, дознав за тоа ме повреди и после со моето неверство сакав на некој начин да му вратам со истото. Од како го изневерив на следното гледање му кажав, ми прости затоа што и он го имаше истото направено и пак продолживме да се гледаме, после извесен период повторно го изневерив со друг бидејќи ми имаше здосадено, пак му кажав и тогаш официјално прекинавме со секаков контакт и гледање.

    За грижа на совест не сум имала ни тогаш, немам ни сега бидејќи беше од одмазда, плус не бев доволно созреана тогаш за да го откачам одма и воопшто да не се замарам.
    Општо мислење околу неверството, не го поддржувам воопшто, нема никакво оправдување за такво нешто, бидејќи тој што изневерил еднаш пак ќе го направи истото доколку му дадеш прилика. Најдобро за двете страни е да расчистат се што имаат, а потоа секој по својот пат како знае и како мисли.

    Ама за жал не е секогаш така, знам за доста партнери што изневеруваат дали во врска или брак, и не сфаќам која е целта на таа врска или брак кога веќе си одлучил да изневеруваш.
     
    На buba4e89, flawless_, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  11. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Леле колкав реферат напишав, го избришав ;(

    Кратко:
    Изневерив во долга врска, ми беше прв и чувствата ги снемуваше.
    Секогаш беше уморен за секс, кога ќе предложив да идеме негде на викенд не го пуштаа неговите или имаше работа.
    Бев многу зависна од него, моите обврски ги избршуваше он и мене ми годеше.

    Пред да изневерам решив да дадам шанса на дечко ми, му кажав како се осеќам и што ми фали, он се смееше и мислеше се заебавам и се беше исто.
    Со мајка ми зборував дека не сум среќна сакам да пробам нешто друго, ме нарече курва.
    Заробена бев и 1 година размислував и пукнав, изневерив.
    Му раскинав после кратко време.

    Читав вчера баш мои стари мислења во темата љубовни проблеми, од 2018 истиот проблем.
    Значи не ми текна преку ноќ мене да изневерам, скоро 2 години ми требаа.
    Јас пробав да кажам и спасам ама никој не ме слушаше.

    Затоа не судите.
     
    На Broken♡, Summer16, buba4e89 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Неверството е недефинирана категорија, за некого неверство е и допишување со друг/а, за друг неверство е бакнеж, за трет имањето секс, за некого неверство е и да мислиш и посакуваш друга особа. Изневерувањето не се планира едноставно е сплет на околности, личности, момент и страст ( овде не мислам на оние личности кои постојано имаат желба да бидат со различна личност). Оној што со умисла бара личност за провод значи дека не го сака партнерот и со него е од други причини (пари, удобност, бесплатна куќна помошничка...,)затоа и нема грижа на совест и продолжува да изневерува.
     
    На Lilianna и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.288
    Допаѓања:
    34.220
    Пол:
    Женски
    Јас на ова не гледам како на неверство. Едноставно не си го сакала и не ти било убаво со него.
    Не е неверство кога сте во врска, а срцата не се во врска.
    И за во брак го мислам истото. Ако двајца не се сакаат, а остануваат во брак од сосем трети причини, не е неверство ако се гледаат со други.
     
    На WildMk, Biljarkata, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Да, ама сепак го изневерив и се осеќав многу грдо.
    Ама, јас пробав да ја поправам нашата врска пред да изневерам, му кажав што ми фали он си продолжи по старо. Цело време му викав да идеме двајцата на викенд, некое патување секогаш ме одвиваше. Неговите не го пуштале :?:
    Исто, и на мајка ми и кажав за моите потреби и чувства, очекував совет и разбирање она ме направи партал и ми рече да не му раскинувам.
     
    На WildMk, *Amethyst* и gjoker4e им се допаѓа ова.
  15. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.680
    Допаѓања:
    19.053
    Пол:
    Женски
    Сум била изневерена и оставена-гадно чуство , ми иде сеуште нагон на повраќање
    Сум изневерила во врска -никој не бега од убаво !
    Двојни аршини тоа е
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  16. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.863
    Пол:
    Женски
    Потешко е на тој што изневерил, сигурно.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Да сте изневериле во врска во која сте сакале да ја прекинете зашто била токсична, а другиов упорно не прифаќал дека е крај, сфаќам.
    Ама срцепарајучи километриски постови за тоа како некој се осеќал безизлезно па изневерил, зашо демек МОРАЛ...не.


    И јас направив една лоша грешка во врска ( не беше неверство), пишував за тоа и уште не сум си простила и долго ми требаше да излезам од тоа токсично размислување, ама само јас бев крива и никој друг. Немаше оправдување за моето, а јас самата пре би оправдала истото да ми го направи другата страна, отколку неверство.

    За неверство не треба секунда, тоа е свесна грешка која трае подолго.
     
    На Broken♡, buba4e89, tinka-mace и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Lady Maria

    Lady Maria Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2020
    Пораки:
    297
    Допаѓања:
    415
    Пол:
    Женски
    За вакви малку е и неверство
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.291
    Допаѓања:
    20.743
    Пол:
    Женски
    Имам изневерено, емоционално. Никогаш истото не преминало во физичко неверство додека сум била во врска со партнерите. Премногу е лошо да бидеш со некој а, срцето и паметот да ти се заглавени во друга личност. Прекинав долга врска и по сплет на околности се поврзав со тој непреболениот но, кратко траеше. Мислев дека го имам преболено и стапив во нова врска за кратко време. На почетокот беше океј но, само една порака од Него ми требаше за да сфатам дека повеќе не сакам да сум во тогашната врска. Ама па и добро е што заврши бидејќи дечкото беше луд скроз на скроз. После сите овие глупости, понижувања и повредувања си реков дека нема да бидам повторно во врска додека целосно не го преболам. И успеав да го преболам, сега сум во среќна врска без никакви пречки.
     
    На Broken♡, WildMk и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  20. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Ама сепак е неверство, и покрај тоа што не ги исполнувал нејзините очекувања и критериуми, иако не била среќна сепак врската званично постоела. Не е неверство кога официјално ќе му речеш од денеска сме завршени немаме никаква допирна точка повеќе, продолжи си со твојот живот и јас со мојот. Крај.
     
    На Nightwish11, Different7, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.