Види за мајка ти не ја оправдувам што ти рекла курва најпрво ,а ти си можела да раскинеш пред да изневериш сепак не е е убаво.За темата ,јас изневерив бивш ама само бакнеж беше и тоа он ме бакна јас плачев имав грижа на совеста ,не признав никогаш он беше сонувал за тоа дека го изневерувам со дечко од градот кај што учев,и ми кажа кога сонувам се остварува а за врската наша он беше многу лош кон мене а не ме оставаше се ме нервираше никогаш не ме ни сакаше јас бев заслепена по мое он е полошиот и покрај моето неверство .Не признав оти не мислев да правам ништо повеќе со другиот а овој го сакав.
Многу интересна тема гледано од психолошки аспект, но истовремено многу комплексна, лична тема особено оној сегмент-неверство во брак која сметам дека се уште е табу тема за отворена дискусија во нашево општество. Можеби ќе се пронајде некое маже да се фали како изневерува и жената не смее да му писне, што и може е така, а може е и само некој негов начин на билдање его. Но некоја жена во брак или еве во брак кој веќе завршил од х причини да признае неверство во бракот и детално да одговори на овие прашања мислам тешко ќе е. А баш е поволно и поучно да споделуваат. Мене ме заинтересира едно нешто читајќи за неверствата во врска, дали тие што се опуштиле до таа мера да изневерат во врска истото им се случило во брак? Сепак со оглед дека досега тешко кој пишал и признал неверство во брак мислам и ова прашање ќе остане неодговорено, а баш би сакала некој/а, некои отворено да споделат мислење и одговори.
Навидум површна но всушност доста комплексна тема. Верувам дека кај изневерувачот секогаш нешто длабоко се случува. Јас лично многу се трудам да не ги осудувам изневерувачите но, не можам и да ги оправдам зошто сметам дека сите треба да стекнеме одговорност и да си кажеме јасно и гласно дека нешто ни недостасува во врска да се потрудиме да смениме а ако не иде тогаш да прекинеме па тек тогаш да си појдеме по патот. Јас до сега немам изневерено физички но, емотивно да. Не знам кој пекол е поголем од тоа дали да го изневериш партнерот физички или пак да си со него а да мислиш на друг. Од мои само-анализи имам доаѓано до сознанија кои всушност јасно ми кажуваат зошто сум развила чувство кон трета особа. Прв пат кога ми се случи тоа да ми се појавуваат емоции кон трета особа дојдов до сознание дека типот кон кој ми се појавуваат чувства всушност има особини што тогашниот партнер ги немал, интересно е што тоа плус ми беше знак дека веќе љубовта кон тогашниот партнер заминала у неповрат а набргу после тоа раскинавме. Во вториов случај истото дежа ву ми се случи, секако дека пак бев свесна за што станува збор, немаше разбирачка во врската па набргу потоа и заврши. Ми се имаше случено да се сретнам на кафе со тип што ми се свиѓал дур сум била у врска и сфатив дека едноставно немам г* да изневерам физички и веројатноста е дека не би го направила тоа никогаш. Сум за тоа секогаш да се прекине врската пред да дојде до изневерување но, некогаш емоции и страст се случуваат бурно и не прашуваат.
Во мојов случај и не баш. Мислам дека требаше да се деси тоа, за да бидам сигурна дека сакам да раскинам. Инаку најверојатно уште би била заглавена.
Одговор нема еден, сигурно. Секој е различна приказна. Има такви луге , " сериски " изневерувачи, кои независно дали се во брак или во врска, или соло, сакаат да следат нагони . Значи, без задршка , веројатно повеќе пазат . Има отворени бракови со луге кои си признале себе и на партнерот дека моногамноста не функционира добро за нив. Има луге што изневериле во врска а не во брак. И обратно. Не верувам дека статистички податоци за колкав дел каква проказна има , на форум се наоѓа. Од разговори со блиски луге ( и од трачеви кои посочни, кои потажни) знам дека разно разни варијанти има. Не ја знам ничија приказна во детали( освен својата) , и не ни навлегувам во мотивите на другите премногу. Целта ако е да се докаже дека тој што изневерил по дефиниција е дефектен грешник, и сега цел живот така ќе му се одвива, не ме има заинтересирано како премиса.
Не не ми беше во тој контекст размислувањето, повеќе размислував дали ако се впуштил/а во изневерување во врска истото би се повторило или не во брак, и кои се тие откочни или закочувачки механизми кои би допринеле/или би спречиле неверство во случај на брак со оглед што за мене врска е скоро на исто рамниште како брак. Бракот го сметам како постабилна заедница од врска гледано од општествено и правен аспект. Во таа насока помислив, иако во право си секој има своја приказна, затоа спомнав дека темава ем е прелична ем многу комплексна истовремено. Ама нема ништо лошо да се сподели/ат размислување/ размислувања.
Дали неверството се случило во брак, или во врска? Да, во средно бев во врска со школски. Како дошло до тоа да изневерите? Не бев заљубена во него, ми се допаѓаше друг и една вечер се случи спонтано да излезам со тој што ми се допаѓаше. Какви ви биле размислувањата во однос на партнерот и врската со него, додека траело неверството? Не мислев на дечко ми кога го варав. (Бесчувствителна кучка ) Колку пати сте изневериле? Еднаш. Со колку различни луѓе? Со еден. Колку долго траело неверството? Една вечер Дали партнерот дознал и дали сте му признале? Му кажав одма после тоа. Не сум горда на тоа, ама и не се каам. Младост-лудост.
Многу еретичко размислување. Според истото, неверство дефакто не постои, оти истото се случува кога срцата не се во врска. Или ако се, имаат отворен брак, па и тогаш не се случува неверство. Неверство во врска е поизводливо, ако секој си живее кај мајка му. Главна причина- врската не е тоа што треба да биде, ама не знаеме како да излеземе од неа. Неверство во брак, од моја перспектива- не фала. И тој еден маж што го имам, премногу е, не ми треба уште еден. Е добро, има луѓе на кои им е досадно...или исто како со врската, не знаат како да излезат од бракот кој не им е погоден. Премногу комплицирано за мој вкус.
Те разбирам. Во право си, покомплексен е бракот од релација без деца на пример во тој контекст што го спомна, иако пред се сме автономни личности сите, и не дека децата се родиле за да бидат малтерот за нечиј однос. Мада страстите кон друга особа освен партнерот, не му се случуваат на секого и секогаш. Не дека некоја посебна магија е во прашање , или предност или мана, едноставно не сме сите исти. Сосем друга приказна е пак барање топлина во некој друг , а да немаш храброст да продискутираш со најблискиот/ најблиската што ти фали или те мачи.. и она најтривијалното, чист секс и експериментирање. Некои само тоа го бараат и добиваат. Како стареам, туѓи постапки се помалку ме чудат, изненадуваат, потресуваат. Порано мислев дека се знам , и дека онака како што мислам јас, така треба и другите да мислат. Која наивност
Факт е дека не изневеруваат среќни партнери. Иако има и такви неблагодарни. Ама најчесто тие што изневериле не биле среќни на длабоко ниво. Не сум јас од господ потпарол ставен па да судам. Не сум изневерила и мислам да ме изневери маж ми долго ќе ми треба да се опоравам. Ама многу подобро би било да расчисти со мене прво ако не е среќен, после да оди со друга. Тоа од корен ја менува ситуацијата. Му кажуваш на партнерот дека имаш почит кон него. А за партнери што не оставаат да му раскинеш, па уште насилство...ако не можам да најдам, ќе платам некој да ми глуми швалер
Дали неверството се случило во брак, или во врска? -Во врска Како дошло до тоа да изневерите? -Не очекував. Какви ви биле размислувањата во однос на партнерот и врската со него, додека траело неверството? -Не сум размислувала зошто ни како ни што. Какви биле претходно? - Искрено не беше лошо. Какви биле откако завршило неверството? -Уживав се додека не дознае бившиот мој. Колку пати сте изневериле? -Милион пати. Со колку различни луѓе? - Со двајцата. Колку долго траело неверството? -Неколку месеци. Дали партнерот дознал и дали сте му признале? -Дознал, ама се правел како не знаел, да види до каде ме доведе. После му признав не дека сакав али има право да знае од мене.
Изневерување не мора да е секс. Можи да е најобична лага. Изневерување на доверба. Спојлер: цк цк цк Како и да е имам неколку збора да кажам за ова. Ако некој не се чувстува комотно во моногамна врска - нека не биди во таква врска. Нека биди во отворена врска, а не да пробва да одговара на гротото и на крај да повреди партнер па да се лажи и себе и другите. Ако не можите да си го држите в панталони - океј е навистина. Се дур не изневерувате е океј. Уствари океј е дур не поведувате некој. Не само за ова, за се така. Тука пак ќе ја означам @WildMk оти многу пати кога збора за отворен брак сите плукате по неа. Не. Не. Во тој брак нема изневерување. И ако веќе партнерите се сакаат ама ете не сакаат моногамна врска мора тоа да се изрази. Изневерување не е одговор и нема оправдување за биење нож во грб на партнер. И Вајлд, извини шо пак те означвам, на вакви теми нели често те означвам ама си един пример на немоногамна врска која го прави нештото на „правилен“ начин. Во наводници оти ете, не знам кој друг збор да го искористам и не знам дали е соодветен. Пошто кај вас нема изневерување, сите карти на маса и то е за почит. Шо не е за почит е овие другите шо ги кријат чатевите и кријат дека го пикнале на друго место. АмА и НиВ иМ е ТеШкО - бу факинг ху. И цела вина шо ќе ја осетат залсужена им е зошто ако напрај партнер да се осеќа како лајно а тој ти го доверил светот - заслужваш да се осеќаш како лајно и ти. Ова мислам дека го зборам со години на форумов и ова е работа кон која не сум флексибилна воопшто зошто каква и да има причина некој за изневерување - не е доволна. Едино би сфатила одма да одиш кај партнер да му кажиш и да не продолжиш да ја изневеруваш неговата доверба и да прајш поинакво изневерување. АмА иЗнЕвЕрУвАчИтЕ пОвЕќЕ сТрАдАаТ - камо. Ама сите знајме дека кој страда е опаѓачката ментална состојба и самодоверба на партнерот кој е изневерен и сите проблеми со врзување кои ги имаат покасно јер се плашат да бидат повредени, пак. Не Бе МаЧе Не Е иЗнЕвЕрУвАњЕ аКо Не Го СаКаШе - извини? Ти си влегол во моногамна врска, изневерување е ако зад грб на партнер се ебиш со кој било па ти ако сакаш со тој парнтер биди за љубов, за пари, за сигурност, изневервање е изневервање. Излез од токсична врска не е преку изневерување. Излез од брак не е преку изневерување. Враќање на некој не се прај преку изневерување. Ако сакаш да му вратиш на некој кој те изневери не се прај преку изневерување. Не планирав да пишам на темава се дур не видов одредени реплики и си го видов мозокот од ролање на очите па посилно беше од мене и не, не беше во репликите на изневерувачите туку овие кои ги тешеа. Не ме интересира зошто изневерувате. Ако е инцидентно, се надевам сте побарале партнер да ви прости пошто има многу добро во тоа да сфатите грешка и да дојди од вас а не да ви јади црв врската и да ја донеси до токсичност. Ако сте сериски изневерувачи имам прашање - зошто влегувате во моногамни врски?
@theowndemon Варира од врска до врска, од партнер до партнер, од причина до причина. Конкретно во мојот случај, пробав да зборувам неколку пати со мојот псртнер. Му кажав што ми фали, како се осеќам, што мислам да направиме, предлагав да патуваме, идеме на вечера и бев одбивана. Во врска треба да зборуваш за проблемите, потребите и да работите двајцата на тоа, јас како сама да се трудев, ме земаше здраво за готово. Овој дел не ме бендиса воопшто. На никој, или барем мене, не ми текна од денес за утре еј ќе го изневерам дечко ми.
И ако не оди раскинваш. Не можиш да поправаш нешто шо не оди. Разговараш, не оди, раскинваш. Исто сфатив дека одговараш за прашањето, сепак ако добро сфатив не си сериски изневерувач? Барем памтам дека не си. Прашање ми е за оние кои буквално во секоја врска изневеруваат, постојано, повеќе пати. Ако не си сакала да изневериш, ама си изневерила не е помалку изневерување за разлика од некој друг. Тој е изразот без разлика дали ти се бендисва или не. Изневерување е изневерување и да има љубов и да нема љубов. Се дур си во моногамна врска и отстапваш од неа зад грб на партнер - изневервање е.
А зошто е сега ова морализирање на темата? Како е формулацијата на темата, одговорот на членката си е на место. Што ако потенцираме дека е изневерување - изневерила оти толку сила имала. Треба нешто повиновно да се чувствува?
Како шо реков, ќе повторам пак и зато е во спојлер, пишаното е за репликите од тие кои не се изјаснети како изневерувачи. Впрочем се е тапшање по рамо. Прашањето понатаму е за сериски изневерувачи, шо патем е на темата или оние кои изневеруваат во врска постојано и во секоја наредна врска.
Потполно се согласувам за тоа како гледаш на неверството, неверство си е неверство, независно дали се случило спонтано или свесно се впуштиле во неверство. Исти се последиците. Ако не оди и е разговарано, подобро да се разделат отколку да си набиваат рогови. И прашањево за сериски изневерувачи зошто влегуваат во моногамни врски е многу интересно, ама не знам кој искрено ќе признае пред се дека е сериски изневерувач, а после да објасни зошто влегуваат во моногамни врски. Некако ми делува дека тие постојано што изневеруваат секогаш имаат причина за тоа и дека не е до нив.
Изневерен бев од бивша девојка, воедно и прва ми беше за сериозна врска. Од аспект на комуникација, дружење беше океј онака. Али јас си бев среќен, и мислев и таа исто, цело лето буквално секој ден бевме заедно и имавме исти активности и хоби, оти да не пробаме.. Замина на некоја си пракса од школо, се враќа, ми плачи ми цимоли, и викам шо е работава, имав секс со школски, ми вика. Во ред, кое е машково (3ца беа во цел клас) ме интересира да го честам пиење, јас при најџентлменски пристап имавме секс дури по 3-4 месеци, а овој... за 3 - 4 дена? Не битно. Ми се заеба сио филм шо си го имав, од очекувањата и претставата каква била. Ми се извинуваше ова она, али да прекиниме било каков контакт, јас па будалата барај си грешка во себе. Таа по месец-два си фати друг дечко (не беше школскиот), али повторно стапивме во контакт по можеби 2 години и тоа случајно. Разговаравме и ми се отвори потполно, дури имавме и прилика за интимност, али ја одбив. Разговорот беше во смисла дека не сакала да се врзува за едно момче, сакала да си шета и со други момци во меѓувреме, да си запознава нови хоризонти или откај ти знам што таму. И почна да ми кажува и за второто машко како и ветил дека сакал само забава бла бла и откако го насетила дека развил многу чувства кон неа, оваа го оставила и него. И друго што дополни и ми беше интересно, сонувала или имала филм да си најди некој да ја спонзорира (шугар деди ), во меѓувреме да му обрнува внимание и таа да си шетала.