Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Неверство од аспект на оној кој изневерува

Дискусија во 'Брак' започната од WildMk, 7 јуни 2020.

?

Дали некогаш сте изневериле?

  1. Да, во врска

    89 глас(а)
    38,0%
  2. Да, во брак

    13 глас(а)
    5,6%
  3. Не, никогаш

    132 глас(а)
    56,4%
  1. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.263
    Пол:
    Женски
    Имам изневерено.
    Прв "дечко" ми беше. Или јас мислев дека ми е дечко. Се гледавме 4-5 месеци, само кога тој сака, немаше комуникација никаква, гледање еднаш у неделата што мене многу ми смета тоа, слушање на телефон 3 пати во тие 4 месеци. Не зборуваше ништо за своите чувства. Го седнав една вечер и го прашав што мисли за нас, рече дека не е врска и дека немал време за нас. Ме скрши многу. И искрено сакав подобар од него, една недела покасно почнав да се гледам со друг дечко.
     
    На WildMk, hermosa и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Не, никогаш.:)
    Не сум имала долги врски за да имам време да го изневерам.:D
    Едноставно ако видам со некој не ни оди ставам крај, а да го изневерам дека не ме прави среќна ми нема логика.
    Сепак секој постапува со своите чуства и мисли.
     
    На hermosa и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Имам изневерено повеќе дечковци, со различни луѓе - некогаш со нови, некогаш со бивши. Беше одамна и бев незрела и мислев дека се што лета, се јаде, ми беше интересно да пробувам нови работи и запознавав многу нови луѓе. Цело време бев во некоја потрага по нешто подобро, по некој поубав, поинтересен. Од оваа перспектива - многу површно размислување ама ете, сите сме имале некој ,,полуд” период во животот и можеби е добро да го извадите порано, отколку цел живот да останете заглавени во таа фаза и да не постигнете ништо паметно. Бев многу внимателна и ниеден од дечковците не дозна. Ако ме прашате зошто, генерално од досада. Во тој период бев во досадни врски (што сега ми личат многу нормални ама ај, дете) и барав забава на друго место, наместо да зборувам отворено како зрела личност. Тогаш имав грижа на совест на моменти ама се тешев себе дека уствари тоа што ги варам, им е карма за некои други работи што мене не ми биле по мерак во врските и тие не се труделе да ги поправат. Сега знам дека не треба така и дека ништо не се постигнува со такво однесување, подобро е да раскинеш па после прави што сакаш. Ама сега немам грижа на совест за тоа што сум го направила - така требало да биде, требало да се испукам тогаш за да научам многу лекции за во иднина, а и не дознаа луѓето па не беа повредени.
     
    На Srckata28, SiMpAtIcNaTa, Izaabella и 3 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Сите одговори се за акцидентно изневерување.
    Што не е за потценување, бидејќи и за тоа да се признае, треба храброст.
    Знаеме дека иневерувач=зло, кај нас...
    Ама тоа само во митовите и легендите, во реалноста, ич не е така...

    Во брак има многу изневерувања... ама многу значи.
    Искрено не очекував дека во толкав број ќе бидат.
    Една статистика за Англија (поодамна сум ја читала), вели дека 25% од мажите, не знаат дека всушност не се биолошки родители, барем на едно од децата.

    Сега.. не верувам дека тука е толку дрматично, ама дека изневерувањето е во многу висока бројка, е.
    Според моите информации од луѓе кои ми се довериле, нешто над 50% од луѓето во брак, барем еднаш изневериле.
    Е сега, мојата 'студија' сигурно не е 100% веродостојна, ама да ја земеме како точна for argument's sake.

    Што 'не е во ред' со сликава?
    Дали можеби бракот е погрешен конструкт за уредување на едно општество?
    Зошто луѓето изневеруваат?
    Дали е генетски, или до одгледувањето?

    Имам талкано по интернетов, ама нема некоја си кузнај колку 'интересна теорија'...
    Дали можеби некој/а од вас знае, или чул/а некое објаснување?

    Едит: Затоа и мислам дека ни требаат 'исповеди' од луѓе кои изневериле, за да ги видиме причините и размислувањата.
     
    На 1209, thequeen95, tijanana и 2 други им се допаѓа ова.
  5. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Да во врска и главно изневерам кога партнерот нели "нема време" за мене, некој инат преработе и неможам у конфорна зона да бидам додека тој се ладе од мене, и ретко после тоа да не му признаам и да не раскинеме, секогаш раскинеме неколку дена после тоа.
     
    На tina2018, Осе, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    2.990
    Допаѓања:
    14.099
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено на 19- 20години, еден бакнеж беше со друг тип повеќе од онака, од забава.
    Но, не се однесуваше убаво со мене дечко ми, не ми посветуваше внимание, можеби било ради тоа, можеби поради его или едноставно незрелост:lol: ама ми раскина за кратко и недела дена после тоа си фати женска. Ништо битно де:D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    https://www.google.com/url?sa=t&source=web&rct=j&url=https://www.biblegateway.com/passage/?search=Romans+1&version=NLT;CRO;MNT;NT-HU;ERV-SR&interface=amp&ved=2ahUKEwiXh5294vHpAhVIyaYKHQhaAHYQFjACegQIAxAB&usg=AOvVaw240GENcX6y65bo6NmoZ1Si&ampcf=1Ако го сметаш за валиден мојот одговор,тоа што го кажува библијата.Затоа Бог,со похотата на нивните срца ги предаде на срамни страсти ,за сами да си ги обесчестуват телата ,зашто ја заменија божјата вистина за лага.Тој дел
     
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не, фала :lol:
    Од аспект на психологија ме интересира.
     
    На Dalia93, *Amethyst*, black-angel и 2 други им се допаѓа ова.
  9. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.029
    Пол:
    Женски
    Тоа незнам,зависи на кој кого го привлечува денеска тешко моногамија по мое мислење
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Бившиот ми беше говедо што не заслужува никој да има во животот. Низ еден куп психичко малтретирање поминав со него, и PTSD развив од таа врска кој траеше со години.
    Ама животот му беше срање, а јас не сакав во најлошото да го оставам (млада и наивна, нели) па му изигравав мамичка. План ми беше да му помогнам да се извлече и да го оставам. Тоа неговото најлошо никако не поминуваше, а спрема мене стануваше се полош и полош, оти таман му се најдов за истурање на секоја нервоза. И вештерка бев, и несреќа му носев, и само лошо му посакував. И на крај, почнав да го варам. Така си имав занимација, бегање од реалноста. Плус си мислев дека му враќам, веројатно, оти најстрашно за него беше да го вара девојка му. Кој знае кај ми бил паметот.
    Со еден го изневерував само, со месеци траеше, никогаш не дозна.
    На крај, прво престанав да го изневерувам, па му раскинав. Нормално, срањата не му прекинаа, а говедото уште мисли дека ќе ме убеди да се вратам. Знае да ми прати по некоја порака на мобилен некогаш, да пушти поздрав по некого, да ми стигне порака од него во блоклист.
    И оној другиот ме бараше уште, посебно затоа што бев слободна. Ама ни со него не се видов никогаш повеќе.
    Реперкусии? Па да не го варав веројатно далеку полесно ќе излезев од врската, веројатно помалку ќе ми требаше да кажам дека е доста и да се тргнам.
    Затоа, иако можеби моногамноста не е реална и не постои, баш немам никакви намери да варам никогаш повеќе. Ако видам дека не иде, порадо ќе разговарам, ќе малтретирам, ќе пиштам и вриштам отколку да варам.
    Дали бившиот ми заслужи да го варам? Заслужи тој далеку полоши работи од тоа варање, само јас избрав ментален „одмор“ од него, наместо таргетирање на коренот на проблемот.
    Затоа радикалка сум сега, јел, од радикс-от да се третираат работите сакам, од коренот. :wasntme:
     
    На 1209, yourfavoritegirl, dayla и 10 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    (y)
    Сакам ова да го знаев тогаш.
    Да бев похрабра и да си заминев побрзо.
    Не знам оти толку ми беше страв дека ќе ме повреди или убие???
    Само лајна јадеше откако пресеков дека е доста.
     
    На *Amethyst* и tijanana им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Да читаш книги на англиски многу убава книга ќе ти дадев :D
     
    На AngIv и WildMk им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Читам на англиски, како не.
    На киндлот исклучиво на англиски ми се сите.
    Дај да видам?
     
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Епа еве ти во .mobi формат, штом имаш киндл
    The gift of fear: survival signals that protect us from violence
    http://93.174.95.29/main/BBF7BA08074987F1DAA77704C7C56E9A
     
    На *Amethyst*, Nausicaa и WildMk им се допаѓа ова.
  15. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    И јас имам историја со првиот дечко слична. Поточно агресивен партнер, знаеше да ми залепи шамар прво на само, па после во јавност, да ме влече за рака да не заминувам од кафичот со друштвото негово, да не го срамам дека морам да си одам порано да учам дома. Мене не ми беше страв дека ќе ме повреди или убие, баш спротивно се закануваше дека тој ќе се убие, дека ме сака, дека не може без мене, ми плачеше постојано, ме молеше за смирување. И јас ја играв таа глупа улога на мамичка и негова заштитничка по цена се да ми тоне во животот, се да му смета, а јас само да се коригирам и менувам за него. Токсична врска во која ми наплати со неверство, претпоставувам, море сигурна сум, иако тој се правдаше не се опуштил доволно за да ме изневери. Како не:puke: Инаку оправдание крилата што му ги даваше татко му од дома кој исто беше насилен и бил неверен на почеток на бракот со мајка му.
    Така да зошто изневеруваат и дали е тоа научено однесување, генетски предиспонирано или кои се другите причините гледано од психолошки аспект и мене ме интересира. А ова искуство можда и мене ме има направено бурно радикална до силно доминантна:D
     
    На flawless_, *Amethyst* и WildMk им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Исто е и моето искуство у ствари.
    Прво беше: 'Јас ќе се убијам' - кога престанав да реагирам на тоа, почна со: 'Тебе ќе те убијам'.

    Кога го изнeверив, глупавата, толку имав грижа на совест, што веднаш му кажав.
    Сега не чувствувам вина, тогаш се обвинував себе си... иако знаев дека од првиот ден ме изневерува, како капак на се' друго што ми правеше.
    Затоа и' трубам на ќерка ми цело време да внимава и се' дома да кажува.
    Сеуште има такви ко него...
     
    На flawless_, *Amethyst*, black-angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Тешко, ама не и невозможно, со отворена комуникација, компромисли, договори, преговори, се е можно, ако се сака. Иако и јас мислам дека почесто се пребегнува кон неверства отколку кон ова што набројав, нажалост.
     
    На flawless_, hermosa, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Сега ме замисли, ете ме мене чист пример што ако кажував се дома, а и гледаа како ми се менува расположението, дека потфрлам во некои сегменти од животот кои претходно секогаш ми биле цакум пакум. Кажуваа и моите ме соеветуваа, ама јас не слушав. Мислев ме сака, мислев го штитам од проблемите кои му ги создаваше насилен родител. Ама видов/осеќав не ја бива работава, почнав да истражувам, да се трудам и него и себе да се разберам, и си почнав да си киснам почесто во стручниот оддел на библиотеката и налетав на едно поучно книже, очите ми се отворија. Така да другото остана една историја, поучна. Искуство плус утре на мое дете ако се закачи некој така што книже да и подметнам да читне ако се истера карактер и табиет како мојот, непослушна за совети, своеглава и инаетливка, а огромна емотивка:lol:
    index.jpg
     
    На cresa-jagoda, flawless_, Mami3 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Јас кажував дома, само што моите не презедоа ништо... ни еднаш...
     
    На flawless_, *Amethyst* и tijanana им се допаѓа ова.
  20. tijanana

    tijanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    681
    Допаѓања:
    3.642
    Пол:
    Женски
    Моите пак обратно, преземаа, ама кога увидоа дека уште полошо прават ме седнаа ми кажаа се како гледаат, размислуваат и претпоставки нивни кои би биле идни последици по мене, од него и ми ставија слобода сама да одлучувам и избирам што како понатаму. И колку да не сакав да им признаам испадна се по нивно, ама сум преблагодарна што така изреагираа и ми дадоа максимална слобода јас која сум влегла во тоа, сама да го окончам и излезам од се тоа на мој начин. Да ги послушав немаше да се себеизмачувам толку, ама немаше ни да стекнам нови сознанија, така фала им најмногу на свет.
     
    На flawless_ и WildMk им се допаѓа ова.